Прејди на содржината

Знамиња во Северна и Средна Америка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Северна Америка.
Северна Америка.
Северна Америка.
Северна Америка.

Ова е галерија на знамиња во Северна и Средна Америка. Галеријата ги опфаќа независните држави на овие континенти, но и зависните самоуправувачки територии. Од практични причини знамињата на двата континента се споени во една статија.

Независни држави
знамедржаваусвоено наупотребаопис
Канада15.2.1965официјално државно знамеТри еднакви вертикални ленти во црвена, бела, црвена боја со јаворов лист во средината.
Мексико16.9.1968официјално државно знамеТри еднакви вертикални ленти во зелена, бела и црвена боја со националниот грб во средината.
САД14.6.1777официјално државно знамеБела позадина со тринаесет ленти во црвена боја. Син кантон со 50 ѕвезди.
Зависни територии
* Официјалното знаме на оваа територија е француското знаме, а покрај ова неофицијално знаме, територијата има и лого.
Независни држави
знамедржаваусвоено наупотребаопис
Антигва и Барбуда27.2.1967официјално државно знамеДва црвени триаголника во прицврстениот и неприцврстениот дел, помеѓу нив има три нееднакви ленти во црна, сина и бела боја со златно сонце во изгрев.
Бахами10.7.1973официјално државно знамеТри еднакви хоризонтални ленти во сина, жолта и сина боја со црн триаголник во прицврстениот дел.
Барбадос30.11.1966официјално државно знамеТри еднакви вертикални ленти во сина, жолта и сина боја со црн тризаб во средината.
Гренада7.2.1974официјално државно знамеЦрвено знаме со правоаголник составен од четири триаголника во златна и зелена боја. Со средината на правоаголникот има црвен диск со златна ѕвезда, а над и под правоаголникот има по три златни ѕвезди. На зелениот триаголник во прицврстениот дел има цвет.
Доминика3.11.1978официјално државно знамеЗелено знаме врз кое има крст составен од по три ленти: златна, црна и бела лента. Во средината има црвен диск со приказ на 10 зелени ѕвезди и папагал.
Доминиканска Република6.11.1863официјално државно знамеБел крст кој го дели полето на четири четвртини, два во сина и два во црвена боја. Во средината на крстот е државниот грб.
Јамајка6.8.1962официјално државно знамеЧетири триаголника разделени со златен раб во златна боја. Триаголниците се во зелена и црна боја.
Куба25.6.1848официјално државно знамеПет еднакви хоризонтални ленти во сина и бела боја со црвен триаголник во прицврстениот дел врз кој има бела ѕвезда.
Свети Винцент и Гренадини21.10.1985официјално државно знамеТри нееднакви вертикални ленти во сина, жолта и зелена боја со три зелени дијаманти во средината.
Свети Кристофер и Невис19.9.1983официјално државно знамеПет нееднакви дијагонални ленти во зелена, златна, црна, златна и црвена боја. На црната лента има две бели ѕвезди.
Света Луција1.3.1967официјално државно знамеСино знаме со два триаголника, црн со бел раб и златен триаголник.
Тринидад и Тобаго31.8.1961официјално државно знамеЦрвено знаме поделено со дијаголнална лента во црна боја со бели рабови.
Хаити1806официјално државно знамеДве еднакви хоризонтални ленти во сина и црвена боја со државниот грб во средина.
Зависни територии
* Официјалното знаме на овие територии е француското знаме, а покрај овие неофицијални знамиња, секоја територија има и лого.

Копнен дел

[уреди | уреди извор]
знамедржаваусвоено наупотребаопис
Белиз21.9.1981официјално државно знамеТри нееднакви ленти со државниот грб во средина.
Гватемала17.8.1871официјално државно знамеТри еднакви вертикални ленти во сина, бела и сина боја со државниот грб во средина.
Ел Салвадор27.5.1912официјално државно знамеТри еднакви хоризонтални ленти со државниот грб во средина.
Костарика21.9.1981официјално државно знамеТри нееднакви пет ленти во сина, бела, црвена, бела и сина боја.
Никарагва27.8.1971официјално државно знамеТри еднакви ленти во сина, бела и сина боја со државниот грб во средина.
Панама2.11.1904официјално државно знамеПоле поделено на четири четвртини во бела, сина, бела и црвена боја. На белите полиња има сина и црвена ѕврзда.
Хондурас7.3.1866официјално државно знамеТри еднакви ленти во сина, бела и сина боја со пет сини ѕвезди во средината.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]