Знаме на Франција
| Назив | Триколор |
|---|---|
| Употреба | државно знаме |
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 15 февруари 1794 |
| Опис | Три вертикални ленти во сина, бела и црвена боја |
| Творец | Жилбер Лафајет, Жак-Луј Давид |
| Варијанта на знамето на Франција | |
| Употреба | пловно знаме |
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 17 мај 1853 |
| Опис | Исто како и претходното, но со различни големини на лентите со размер 30:33:37 |
Знамето на Франција (француски: drapeau tricolore, drapeau français или les couleurs) е официјалното знаме на оваа европска држава. Знамето е познато како француски триколор или само како триколор. Знамето е составено од три еднакви вертикални ленти во сина, бела и црвена боја.
Дизајн
[уреди | уреди извор]| Scheme | Сина | Бела | Црвена |
|---|---|---|---|
| Pantone[1] | Рефлексивна сина | Safe | Црвена 032 |
| CMYK | 100.70.0.5 | 0.0.0.0 | 0.90.86.0 |
| RGB[1] | (0,85,164) | (255,255,255) | (250,60,50) |
| HTML[1] | #0055A4 | #FFFFFF | #EF4135 |
| СПБ | S 2565 R80B | н/п | S 0580 Y80R |
Симболизам
[уреди | уреди извор]Сината и црвена боја се традиционални бои на Париз кои и денес се користат на парискиот грб. Сината се поврзува со Свети Мартин Турски, додека црвената со свети Дионисиј. Белата боја се сметала за традиционална француска боја и била нарекувана „античка француска боја“. Белата боја била додадена на револуционерните бои (црвена и сина) и се создал триколорот.[2]
Француските училишта ги учат децата дека секоја боја претставува слој од стариот режим: белата е симболизам за свештеништвото, црвената за благородниците и сината за буржуазијата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Die Symbole der französischen Republik“ (германски). Embassy of the French Republic in Germany. Посетено на 2009-09-28.
- ↑ „The French flag“. Архивирано од изворникот на 2008-10-14. Посетено на 2008-03-22.
Додатни информации
[уреди | уреди извор]- Flags Through the Ages and Across the World, Smith, Whitney, McGraw-Hill Book Co. Ltd, England, 1975. ISBN 0-07-059093-1.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Знаме на Франција“ на Ризницата ? |
| Оваа статија поврзана со Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |