Знаме на Свети Кристофер и Невис
| Употреба | државно, пловно и управно пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 19 септември 1983 |
Знамето на Свети Кристофер и Невис е официјалното знаме на оваа карипска држава. Знамето е усвоено на 19 септември 1983 година кое победило на конкурс за исзбор на националното знаме. Знамето е составено од една црна дијагонална лента со златни рабови која го дели знамето на два еднакви триаголника во зелена и црвена боја. На самата лента се наоѓаат две бели петокраки.[1] Зелената боја ја означува плодноста на островите, црвената ја означува борбата на луѓето за независност, жолтата боја сонцето, црната го означува африканското потекло на луѓето и белата боја надежта и слободата на народот.
Други знамиња
[уреди | уреди извор]- Знаме на морнарицата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Carol P. Shaw (1992). Flags. Glasgow: HarperCollins. ISBN 0-00-470114-3
Поврзано
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||