Вертикално двобојно знаме составено од три ленти, црвена, бела и црвена со црвен јаворов лист во средината.
Знамето на Канада,[1] исто така познато и како Јаворов лист (анг. Maple Leaf, фран. l'Unifolié), е црвено знаме со бел квадрат во средината на кого се наоѓа стилизиран 11 крак јаворов лист. Знаместо официјално било усвоено во 1965 во Канада и тоа како национално знаме, кое го заменило униското знаме. Канадското црвено знаме неофицијално се користело од 1890 година и била признато во 1945 како пролазно решение кога станувало збор со проблемот на знамето во Канада.[2][3] Во 1964, премиерот Лестер Пирсон свикал комитет за да се реши овојо проблем, каде што се развила серизона дебата за промена на знамето. Од сите три дадени предлози бил избран јаворовиот лист дизајниран од Џорџ Стенли и Џон Матесон, засновано на знамето на Кралксиот воен колеџ на Канада. Знамето за првпат било претставено на 15 февруари1965 година и овој ден денеска се прославува како ден на Националното знаме на Канада.
Многу различни знамиња биле создадени за употреба на официјалните канадски власти, телата на парламентот и војската. Најголем број од тие знамиња го содржат мотивот со јаворов лист. Некои од нив го содржат знамето на Канада во намалена верзија со други орнаменти на знамето, додека други пак го содржат само јаворовиот лист. Кралското униско знаме исто така е официјално знаме и симбол на канадското учество во Комонвелт. Униското знаме уште останало компонента на различки канадски знамиња, вклучувајќи ги провинцијалните знамиња на Британска Колумбија, Манитоба и Онтарио.[4]
↑Stacey, C. P., уред. (1972). „19. Order in Council on the Red Ensign, 1945“. Historical documents of Canada. 5. New York: St. Martin's Press. стр. 28. ISBN0770508618.