Знаме на Антигва и Барбуда
Употреба | државно и пловно знаме |
---|---|
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 27 февруари 1967[1] |
Опис | Два црвени триаголника во левиот и десен долен агол. Меѓу триаголнициоте има три нееднакви ленти во црна, сина и бела боја. На црната лента има приказ на златно сонце со 9 видливи краци.[1] |
Творец | Реџиналд Самуел |
Знамето на Антигва и Барбуда е официјалното знаме во државата кое било усвоено на 27 февруари 1967 година. Знамето било создадено од Реџиналд Самуел, кој бил наставник по ликовно во едно од средните училишта во државата. Знамето било усвоено по стекнувањето на независноста.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]До стекнувањето на независноста Антигва и Барбуда користеле колонијално знаме. Во 1966 година се отворил национален конкурс за национално знаме. На конкурсот биле поднесени 600 идејни решенија, но решението на г. Самуел било избрано за најсоодветно. Тој го поднел својот дизајн при крај на конкурсот.[1]
Дизајн и симболика
[уреди | уреди извор]Знамето е составено од два триаголника поставено од лево и десно со допир во долниот дел. Помеѓу нив се наоѓаат три ленти во црна, сина и бела боја. На црната лента има приказ на златно сонце со 9 краци.[1] Сонцето ја симболизира новата ера во историјата на Антигва и Барбуда, црната боја го означува африканското потекло на народот, сината боја ја симболизира надеж и црвената ја симболизира енергијата на народот. Исто така, боите се протолкуваат така што жолтата, сината и белата симболизираат сонце, море и песок.[1]
Други знамиња
[уреди | уреди извор]-
Знаме на морнарицата.
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Антигва и Барбуда — „Знамиња на светот“
- Антигва и Барбуда - колонијални знамиња (1956-1967) — „Знамиња на светот“
|