Пет хоризонтални ленти во сина (3 ленти) и бела (2 ленти) боја. Во прицврстениот дел од знамето се наоѓа црвен триаголник со бела петокрака.
Творец
Нарсисо Лопез
Знаме што го користи кубанскиот парламент
Знамето на Куба е официјалното знаме на оваа островска држава во Средна Америка. Знамето е официјално усвоено на 20 мај1902 година и е составено од еднакви пет хоризонтални ленти од кои три се во сина, а две во бела боја. Од левата страна има црвен триаголник на кој има приказ на бела петоктака. Знамето било создадено во 1848 година за време на ослободителното движење.
Според официјалниот опис, сините ленти ги претставуваат три дела со кои била поделена Куба пред независноста, додека белите ленти ги претставуваат идеалите за слобода. Црвениот триаголник претставува плодност, еднаквост и слобода како и крвта на народот кој се борел за независноста на Куба. Белата ѕвезда симболизира слобода.