Три хоризонтални нееднакви ленти во црвена, сина и црвена боја со националниот грб во средина.
Знамето на Белиз е официјалното знаме на оваа средноамериканска држава. Ова знаме е создадено врз основа на постаро знаме на Британски Хондурас, име на Белиз за време на колонијалниот период. Знамето на Белиз е составено од сина позадина каде на горниот и долниот раб се наоѓаат црвени ленти. Во средината на знамето се наоѓа грбот на Белиз. Боите се инспирирано од боите на знамињата на политичките партии во државата. Ова знаме е единствено со дванаесет бои.[1]