Грб на Белиз
Грб на Белиз | |
---|---|
![]() | |
Подробно | |
Грбоносец | Белиз |
Усвоен | 1981 |
Штит | Штитот е поделен на три дела, на кои има приказ на весла, алати за сечење дрва и брод. |
Држачи | Дрвосечачи |
Мото | „Sub Umbra Floreo“ |
Грбот на Белиз е усвоен по независноста на земјата, и малку се разликува од оној грб којшто бил од времето на британските власти во Белиз.
Кружната граница на грбот ја сочинуваат 25 листа. Во овој круг се наоѓа дрвото махагонија, пред кое што се наоѓа штитот. На штитот, во горните четвртини се наоѓа весло и алати за сечење на дрво, а брод во долниот дел. Овие се симболи за значењето на дрвото махагонија и неговата употреба во бродоизградбата.
Држачи на штитот се двајца дрвосечачи од различна раса. Дрвосечачот од левата страна држи секира, а оној на десната весло, што повторно го прикажува значењето и бродоизградбата.
На дното е напишано националното мото, а грбот го сочинува главниот дел на знамето на Белиз
Поврзано[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија Белиз е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|