Знамето е составено од бела позадина на која има приказ на поедноставена верзија на грбот на САД со две букви во сина боја од левата и десната страна. Во централниот дел се наоѓа американскиот орел во златна боја и поедноставна форма. Во едната канџа орелот држи лаворово гранче во зелена боја, а во другата има три стрели во сина боја, кои ги претставуваат трите главни острови во земјата. На градите на орелот се наоѓа американскиот штит. Од левата страна на орелот стои сина буква И или на латински V, која го претставува зборот Девствени или на англискиVirgin, а од десната страна стои буквата И или на латински I, која го претставува зборот Острови или на англиски Islands. Жолтата боја ја симболизира територијата и цвеќињата, зелената боја ги симболизира ридовите, белата ги симболизира облаците и сината ја симболизира водата.