Три вертикални ленти во сина, жолта и сина лента со црн трозаб на жолтата лента.
Творец
Грентли В. Прескод
Знамето на Барбадос е официјалното знаме на оваа островска држава кое било усвоено на 30 ноември1966 година. Знамето е составено од три еднакви вертикални ленти во сина, жолта и сина боја. Во средната жолта лента има приказ на трозаб.
Се верува дека сините ленти го означуваат океанот, жолтата боја го означува песокот на островот додека трозабот е преземен од постар колонијален беџ на Барбадос. Трозабот е скршен и е прикажан само врвот што означува симболичен прекин со историските и уставните врски со поранешаната колонија.[1]