Знаме на Доминиканската Република
| Употреба | државно, управно пловно и морнаричко знаме |
|---|---|
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 28 ноември 1966 |
| Опис | Бел крст кој ја дели основата на четири дела во сина, црвена, сина и црвена боја. Во средината на крстот се наоѓа националниот грб. |
| Творец | Хуан Пабло Дуарте |
Знамето на Доминиканската Република е официјалното знаме на државата. Знамето било направено од Хуан Пабло Дуарте кој поставил бел крст на знамето на Хаити и добил дизајн сличен на денешниот. Знамето е составено од бел крст кој го дели знамето на четири дела во сина, црвена, црвена и сина боја. Во средината на крстот и знамето се наоѓа државниот грб. За разлика од оригиналниот дизајн, распоредот на боите во квадратите е малку поразличен иако првиот дизајн бил всушност знамето на Хаити со бел крст. Сината боја симболизира слобода, белата спас, црвената крвта на националните херои, додека крстот Христијанството.
Останати знамиња
[уреди | уреди извор]- Национално знаме, без грб.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||