Вексилолошка терминологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вексилолошката терминологија вклучува поими со кои се објаснува дизајнот и описот на едно знаме. Голем дел од вексилолошките поими се проследени и со графички симбол што го олеснува описот на дизајнот.

Делови на знамето[уреди | уреди извор]

Делови на знамето

Едно знаме може да ги има следните делови:

  • амблем - приказ на одреден грб или останат хералдички симбол
  • позадина - основната боја на знамето на која се наредени останатите елементи
  • прицврстен дел - двата кантона кои се наоѓаат до јарболот, односно половина знаме
  • слободен дел - двата кантона кои се наоѓаат од спротива на јарболот, односно половина знаме
  • кантон - која била четвртина од знамето, но сепак најчесто за кантон се смета горниот лев кантон.
  • беџ - кој било хералдички симбол прикажан на знамето
  • гранична лента - тесни ленти кои се наоѓаат помеѓу две големи ленти за да се означи разграничување.
  • долен и горен раб - рабовите на знамето
  • агли - четирите агли на знамето

Симболи[уреди | уреди извор]

Некои држави имаат едно национално знаме кое се користи во неколку контексти, за разлика од останатите држави кои имаат неколки знамиња за различни контексти. Честопати, пловното знаме и знамето од истиот контекст се со ист дизајн, како што е случај со Република Македонија. Постојат шест основни контексти кои со комбинирање се добиваат повеќе. Комбинирањето е во зависност од намената на знамето. Шесте основни контексти се[1]:

Останати симболи[уреди | уреди извор]

Постојат и останати симболи кои појаснуваат како знамето изгледа, како што е дизајнот, истакнувањето и слично. Симболите за општа уботреба се:

  • IFIS Normal.svg Нормална или де јуре верзија на знамето или предна страна
  • IFIS Proposed.svg Дизајн предложен во минатото, но не се користел официјално
  • IFIS Reconstruction.svg Дизајнот е реконструкција заснован на минат опис
  • IFIS Reverse.svg Задна страна на знаме
  • IFIS Variant.svg Дизајнот е прифатлива верзија на знамето
  • IFIS Alternate.svg Алтернативна верзија на знамето
  • IFIS De facto.svg Де факто верзија на знамето
  • IFIS Two-sided.svg Знамето има различен дизајн на предната и задната страна на знамето
  • IFIS Sinister.svg Предната страна е замислена да биде исправена каде јарболот е на десна страна на набљудувачот
  • IFIS Authorised.svg Дизајнот е официјално одобрен да претставува нација
  • IFIS Historical.svg Дизајн кој се користел во минатото, но денес е напуштен (овој симбол не е во сетот на Смит)
  • IFIS Mirror.svg Задната страна е копија од предната
  • IFIS Equal.svg Задната страна е во согласност со предната страна
  • IFIS No reverse info.svg Информација за задната страна не е достапна
  • IFIS Vertical normal.svg Знамето може да биде поставено вертикално на нормален јарбол, а потоа да се сврти јарболот за 90 степени
  • IFIS Vertical rotated.svg Знамето може да биде поставено вертикално со претходно ротирање на дизајнот
  • IFIS Vertical unknown.svg Методот за вертикално поставување на знамето не е познат
  • IFIS Vertical inapplicable.svg Дизајнот нема елемент кој можe да се ротира
  • IFIS Vertical exclusive.svg Знамето може да се постави само вертикално

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјално мрежно место на FIAV“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-28. Посетено на 2010-10-07.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]