Јавор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јавор
Листови од јавор
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледонски растенија
Ред: Сапуновидни
Семејство: Сапунови
Род: Јавор
Распространетост
Чинар во Скопје стар 800 години
Стариот јавор во село Теово

Јаворот (науч. Acer) е род на дрва од семејството сапунови (Sapindaceae). Опфаќа околу 113 видови, препознатливи по своите вкрстени листови, симетрично ослободени со цветови. Расте до височина од 35 метри, а распространет е во Средна, Западна и Јужна Европа, Северна Америка, Кавказ, северниот дел на Мала Азија и на Далечниот Исток.

Градба[уреди | уреди извор]

Крошната му е широко заоблена, а дебелината на стеблото може да достигне и преку 1 метар и обично е кратко и обраснато со црвеникаво-кафеава кора која се лупи плочесто. Листовите се долги 8 - 16 см, широки, одозгоре темнозелени, а одоздола нешто посветли. Цветовите се жолтеникаво-зелени, во кратки висечки метлички. Цвета десет дена по пролистувањето во мај. Котиледоните му се јазичести, одозгора заоблени, одоздола клинести со паралелна надолжна нерватура.

Обично посадените видови се: сикамура, црвен јавор, шеќерен јавор и норвешки јавор кои растат во Северна Америка и Европа. Азиските видови од своите западни роднини се разликуваат по коренот. Некои се мали како џбунови, некои се зимзелени, а некои имаат сосема изобличени листови.

Употреба[уреди | уреди извор]

Јаворот е извор на дрвена граѓа, особено сикамурата. Јаворите се важен извор на полен и нектар за пчелите во текот на рана пролет. Со векови луѓето го собирале слаткиот сок од јавор за изработка на сирупи и шеќери. Денес, освен за производство на мебел и подови, јаворот се користи и за производство на музички инструменти. Тоа е едно од најотпорните и најплеменити дрва, а неговата дискретно светла боја дава посебна елеганција и раскош на просторијата каде се наоѓа.

Листот на јаворот е симбол на Канада, и се наоѓа на нејзиното знаме.

Јаворот како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Јавор цутит, јавор капит“ — македонска народна песна.[1]
  • „О, јаворе“ — македонска народна песна.[2][3]
  • „Два јавора“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.[4]
  • „Бреза и јавор“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 33.
  2. ТЕА Модерна колекција, „Кон традицијата“.
  3. Baklava, Kalemar, SJF Records 124, 2008.
  4. Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 49-51.
  5. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 71.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]