Грб на Доминиканската Република
| Грб на Доминиканската Република | |
|---|---|
| Подробно | |
| Усвоен | 1844 |
| Штит | на штитот е прикажано националното знаме. |
| Држачи | гранки од палма и ловор. |
| Мото | „Dios, patria, libertad“ |
Грбот на Доминиканската Република се состои од штит во чија основа има бел рамнокрак крст со наизменични 2 црвени и 2 сини полиња (видете Знаме на Доминиканската Република), од чија хералдчики лева страна се наоѓаат гранки од палма, а од хералдчики десната страна се наоѓаат маслинови гранчиња. Над штитот се наоѓа сина трака на која е испишано националното мото: Dios, Patria, Libertad (Бог, Татковината, Слобода). Под штитот, на црвена трака (чии краеви се прикажуваат и ориентирани нагоре) е испишано Republica Dominicana. Во центарот на штиот е Библијата, отворена на Евангелието по Јован, 8:32, каде што пишува Y la verdad os hará libres (И вистината ќе ве избере вас), со мал крст погоре. Со секоја страна на Библијата и крстовите се наоѓаат по три копја од кои по две го носат знамето на Доминиканската Република.
Грбот се појавува и во средината на знамето на Доминиканската Република
Поврзано
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||