Грб на Костарика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грбот на Костарика

Грбот на Костарика се состои од златен штит во необичен облик над кој се наоѓа сина трака со натпис во црни букви AMERICA CENTRAL. Во горниот дел на штитот се наоѓа уште една трака, во бела боја, на која што со црни букви е испишано REPUBLICA DE COSTA RICA.

Главниот дел на штитот го завзема слика на која се наошаат две водни површини, првата во план а другата во далечина, поделени на копно на кои се наоѓаат три планински врвови. Во позадината излегува Сонцето. На секоја од двете водни површини се наоѓа по еден брод еденец со три јарбола и со закаченото знаме на знамето на Костарика на западниот дел на бродот. Во горниот дел на сликата се наоѓаат седум бели петокраки ѕвезди.

Симболика[уреди | уреди извор]

Двата бродови и водните површини на кои се наоѓаат ги симболизираат Карипското Море и Тихиот Океан, на кои Костарика излегува. Бродовите исто така ја симболизираат долгата поморска историја на земјата. Трите планини ги претставуваат трите главни планиниски венеци во Костарика. Седумте ѕвезди ги симболизираат седумте покраини. Раната верзија на грбот имала пет ѕвезди, кои потсетувале на времето на Соединетите Централноамерикански Држави. На тоа потсетува и сината трака над штитот.

Поврзано[уреди | уреди извор]