Грб на Гренада
| Грб на Гренада | |
|---|---|
| Подробно | |
| Грбоносец | Гренада |
| Усвоен | 1974 |
| Штит | штитот е поделен на четири дела, два со златни лава и два со полумесечина и лилјан. |
| Држачи | оклопник, гулаб, пченка и банана |
| Мото | „Ever conscious of God we aspire, build and advance as one people.“ |
Грбот на Гренада е усвоен заедно со независноста во 1974 година. Грбот прикажува штит поделен на четири делови во златен крст. Во средина се наоѓа Колумбовиот брод Санта Марија, а во четвртините се наоѓаат британски лавови и златни полумесечини од кои растат лалиња. На врвот од штитот се наоѓа златна круна. На врвот на грбот се наоѓаат седум ружи кои ги претставуваат седумте комуни на Гренада. Штитот е придржуван од оклопник и гулаб.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||