Гулаб

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гулаб
Гулаб (Columba livia domestica) во лет
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Columbiformes
Фамилија: Columbidae

Од сите диви гулаби (Columba livia) потекнуваат домашните видови на гулабите.

Изглед[уреди]

Должината му изнесува 32-34 cm, распонот на крилјата околу 63 cm, должината на опашката 10 cm, а тежи околу 330 г. Женката е нешто помала од мажјакот. Во својата основна форма е со сива боја и зелени и виолетови одблесоци на главата и вратот, но градските форми се појавуваат во најразлични бои. На крилјата се наоѓаат две црни траки и еден обоен црн прстен околу вратот. На долниот дел од грбот се наоѓаат посветли пердуви. Женката е со нешто посветла боја и има значително помал сјај на градите и вратот. Со помош на зашилените крилја лета вешто и брзо.

Домашни гулаби се хранат со пченица

Исхрана[уреди]

Гулабот се храни со зрна од житарици, коров, репки, моркови, грашок и лен. Иако за време на сеидба јадат жито или друг житни растенија, тие јадат многу повеќе семки од различни видови на коров, на кои што им придаваат предност дури и кога имаат избор, затоа гулабите се покорисни од она што се мисли.

Размножување[уреди]

Додека дивите варијанти на гулаби гнездата ги градат на стрмни карпи, градските гулаби за таа цел користат мостови, издадености над прозорци и слични градби. Женката до три пати годишно снесува во гнездото по две јајца. Двата родители седат на јајцата и се грижат за младите птички. Исто така остро го бранат подрачјето на гнездење и ги бркаат сите натрапници клукајќи со клунот. Откако ќе се спарат, мажјаците и женките остануваат заедно до крајот на животот.

Распространетост[уреди]

Јужна Европа, Југозападна Азија и Северна Африка