Александар Поповски (писател)

Од Википедија — слободната енциклопедија
За луѓе со истото име и презиме видете тука
Александар Поповски
Роден 1932
Ново Косово, Приштина,  Косово
Починал 28 декември 2023
Скопје

Александар Поповски — македонски поет, романописец и автор за деца.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Поповски е роден 1932 година во Ново Косово, Приштина, денес Косово. Основно образование и гимназија завршил во Кавадарци и во Скопје. Студирал книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје и светска книжевност на Универзитетот во Љубљана. Работел како новинар во Радио Скопје, „Трудбеник“ и „Вечер“, како и во „Детска радост“, како главен и одговорен уредник на „Развигор“. Потоа бил главен и одговорен уредник на издавачката дејност „Александар и Александар“ во Скопје.

Член на ДПМ од 1962 година. Автор е на дваесетина дела за деца и возрасни, како и на три антологии. Добитник е на две награди на РТВ Скопје 4 и на признанието „Младо поколение“. За 2016 година бил награден со книжевната награда за деца и млади Ванчо Николески.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 210 - 211.
  2. Наградата „Ванчо Николевски“ за Александар Поповски[мртва врска]