Јован Стрезовски
Јован Стрезовски — македонски поет, раскажувач и романописец, роден во 1931 година во с.Подгорци, Струшко. Бил долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата.[1]
Автор е на книгите поезија Свет во свет“, „Орфеј на бескрајот“ и „Блик“; на книгите поезија за деца „Светулки“, „Шарени песни“, „Шарено огледало“, „Од Северен до Јужен пол„ и други; на романите „Вода“, „Свето проклето“, „Зарек“, „Злодобро“, „Еретик“, „Животраг“, „Последно прибежиште“ и на романите за деца „Патот до зората“, „Братско стебло“, „Синови“, „Саатот кукавица“, а ги објавил и книгите раскази за деца „Последниот фишек“, „Зелени очила“, како и повеќе книги раскази за возрасни.
Награди[уреди | уреди извор]
- Награда „11 Октомври“ Државна награда за култура и уметност
- Награда „Стале Попов“
- Наградата на МТВ Скопје [2]
- 2009 Ацо Шопов (награда) за Слоеви[3]
- 2016 - наградата Державин за стихозбирката „Времено и трајно“;[4]
Значење и влијание[уреди | уреди извор]
Својата песна „Волкот“ македонскиот поет Анте Поповски му ја посветил на Јован Стрезовски.[5]
Надворешна врска[уреди | уреди извор]
Интервју со Јован Стрезовски по повод доделувањено на наградата "Ацо Шопов"
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 250 - 251.
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 9, стр. 95
- ↑ Wurth, Kiene Brillenburg (2009-03-02). Musically Sublime. Fordham University Press. стр. 72–103. ISBN 9780823230631. http://dx.doi.org/10.5422/fso/9780823230631.003.0004.
- ↑ Прв добитник на наградата „Державин“ е поетот Јован Стрезовски
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 41.