Державин (награда)
Державин — наградата за поетска книга која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија секоја година за нови поетски остварувања на членовите на македонската писателска асоцијација објавени во последните 12 месеци, заклучно со месец август. Наградата го носи името на големиот руски книжевник Гаврила Романович Державин и е востановена во 2016 година со парична донација на Славјанскиот универзитет од Свети Николе, по повод 70-годишнината од формирањето на ДПМ. Прв добитник на ова признание бил поетот Јован Стрезовски.[1]
Добитници
[уреди | уреди извор]- 2016 - Јован Стрезовски за стихозбирката „Времено и трајно“;[1]
- 2017 - Василе Димески за стихозбирката „Ноќва душава си ја изедов“ [2]
2016
[уреди | уреди извор]Во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола на поетот Јован Стрезовски му беше врачена наградата „Державин“, што се доделува за најдобра стихозбирка објавена во периодот од јули 2015 до јули 2016.
Високото признание Стрезовски го доби за поетската книга „Времено и трајно“.
Одлуката за наградата, што ја доделуваат Друштвото на писателите на Македонија и Меѓународниот Славјански Универзитет едногласно ја донесе комисијата во состав: Иван Чаповски (претседател), Стојан Тарапуза и Паскал Гилевски.
Жирито оценува дека најновото поетско остварување на Јован Стрезовски се одликува со високи естетски дострели кои се вградуваат во ризницата на трајните вредности на македонската книжевност.
2017
[уреди | уреди извор]Наградата „Державин“ се додели за најдобра стихозбирка објавена во периодот од јули 2016 до јули 2017. Високото признание Димески го доби за поетската книга „Ноќва душава си ја изедов“, објавена во издание на „Матица македонска“.
Одлуката за наградата, што ја доделуваат Друштвото на писателите на Македонија и Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе, едногласно ја донесе комисијата во состав: Иван Чаповски (претседател), Стојан Тарапуза и Паскал Гилевски.
Жирито оценува дека новата поетска книга на Василе Димески се одликува со кохерентност и постапност во развивањето на епската слика, со што во својата интегралност таа се прима како поема со тревожни акценти на соочувањето со драмата на постоењето и подвигот да се остане над таквата ситуација.
„Стихозбирката ’Ноќва душава си ја изедов‘ од Василе Димески освојува со својата енергија и импулсивност, со свежината на кажувањето и со својата оригиналност како поетски проект. Станува збор за книга мудра, длабока и едноставна“, стои во одлуката за доделување на наградата „Державин“.
Свеченото врачување на наградата „Державин“ на Василе Димески се одржи во Битола на 13 октомври, во 19:00 часот, во организација на ДПМ и на Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, кој е дарител на паричниот износ за ова признание.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Прв добитник на наградата „Державин“ е поетот Јован Стрезовски[мртва врска]
- ↑ „Конкурс за награда „Державин" - 2017 • Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин"“. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. 2017-07-04. Посетено на 2018-09-12.