Свети Николе
Свети Николе | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Центарот на Свети Николе | |||
| |||
Местоположба на Свети Николе во Македонија | |||
Координати: 41°52′N 21°57′E / 41.867° N; 21.950° EКоординати: 41°52′N 21°57′E / 41.867° N; 21.950° E | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Источен Регион | ||
Општина | Општина Свети Николе | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Сашо Велковски (СДСМ) | ||
Надм. вис. | 305 м | ||
Население (2002) | |||
• Вкупно | 13,746 | ||
Часовен појас | UTC+1 | ||
• Лете (ЛСВ) | UTC+2 (UTC) | ||
Повик. бр. | +389 032 | ||
Рег. таб. | SN | ||
Патрон | Свети Никола | ||
Мреж. место | www.svetinikole.gov.mk |
Свети Николе — град во источниот дел на Република Македонија, во котлината Овче Поле и центар на Општина Свети Николе.
Географија[уреди | уреди извор]
Свети Николе се наоѓа во средишниот дел на областа Овче Поле и лежи на 305 метри надморска височина. Градот е оддалечен 28 километри северозападно од Штип, 34 километри североисточно од Велес и 40 километри јужно од Куманово. Низ Свети Николе поминува новоизградениот автопат Штип - Скопје пуштен во употреба во 2019 година.
Легенда за потеклото на името Свети Николе[уреди | уреди извор]

Според некои постои една легенда поврзана за ова место: во Свети Николе постоеле околу 40 цркви. За време на турското владеење сите цркви биле уништени само најубава и единствена која останала е црквата Св.Никола затоа и името на овој град е Свети Николе. Според објавената книга „Свети Николе - главната населба во Овчеполската Котлина“, името на населбата е поврзано не само со животот и делото на Чудотворецот Свети Никола, туку и пренесувањето на неговите мошти.
Историја[уреди | уреди извор]
Историјатa на Свети Николе континуирано е населена од праисторијата до денес. Најстарите траги на живот во котлината се од периодот на неолитот, што е потврдено и со археолошки истражувања. Постојат индиции дека во Овче Поле бил центарот на Пеонската држава, чиј најголем град, воедно и седиште на пеонските кралеви, Билазора се наоѓал во Овче Поле, во месноста Градиште (с. Кнежје).
Најстари жители на овие краишта биле Пајонците, кои го населувале просторот меѓу реките Аксиј (Вардар) и Стримон (Струма).
Свети Николе, како централно место на поголемиот дел од Овче Поле, како населба датира уште од античкиот период. Првобитно населбата била сместена североисточно од денешната црква Свети Стефан. Поради мочурливото земјиште и нездравите услови за живот во крајот на 3 век п.н.е. населбата била диссместена на десната страна на Светиниколска Река, во месностите: Рудина, Свети Спас и денешно Рецко маало во градот. Најверојатно античкото име на населбата било Пробатон. Во 7 век таа го променила името во Овче Поле.
Средновековна историја[уреди | уреди извор]
Во средновековните пишани извори, првпат, Овче Поле како населба (тврдина), и пошироко, Овчеполието како област, се споменува во 13 век. Во 1246 г. никејската војска, покрај другите места во Македонија, го зазела и Овче Поле.
Во 1292 г. во населбата, која се уште го носи името Овче Поле, била изградена црквата посветена на чудотворецот Свети Никола. За црквата е поврзана легендата за чудотворното излекување на Стефан Дечански,,... И на Овчем Полѣ свети Никола очи ѣму дарова въ црьквi ...".
Свети Николе се споменува и во даровницата на браќата Дејановци од 1378 г., со која се потврдуваат даровите на манастирот свети Пантелејмон во Света Гора.
Во пописните тапу дефтери на Ќустендилскиот санџак од 1570 г., Свети Николе е именувано со И-с-в-и Н-и-к-о-л-а. Во пописниот лист се регистрирани две маала – бузук, големо и кучук, мало маало, како и посебно село Свети Никола. Трите населби
броеле 317 семејства со околу 1.600 жители. Во шеесеттите години на 17 век, турскиот патописец Евлија Челебија на двапати престојувал во Свети Николе и во својот патопис зборува за две населби – Овче Поле и Килисали (населба покрај црква, црквино). За време на турското владеење населбата била со две имиња, Свети Никола за македонското христијанско население и Килисали за Турците.[1]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, Свети Николе (Клисели) било село со 1.900 жители, од кои 1.100 Македонци и 800 Турци.[2]
Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Светиниколскиот срез имало 29.634 жители, од кои 3.468 во градот Свети Николе, а 26.166 во селата во Овче Поле. Од етнички аспект, населението го сочинувале 22.834 (77 %) Македонци, 5.798 (19,5 %) Турци, 605 (2,04 %) Власи, 192 Роми, 112 Срби и 93 останати.[3]
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 13.746 жители и спаѓал во групата на средни градови.[4] Етнички гледано, населението е составено од:[5]
народ | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Македонци | 13.367 | 97,24 |
Турци | 80 | 0,58 |
Роми | 72 | 0,52 |
Власи | 149 | 1,08 |
Срби | 52 | 0,38 |
Бошњаци | 1 | 0,01 |
други | 25 | 0,18 |
- Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици[5]:
јазик | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
македонски | 13.396 | 97,45 |
турски | 80 | 0,58 |
ромски | 70 | 0,51 |
влашки | 118 | 0,86 |
српски | 62 | 0,45 |
бошњачки | 1 | 0,01 |
други | 19 | 0,14 |
- Вероисповед
Во Свети Николе се застапени следните религиски групи[5]:
религија | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Православни | 13.463 | 97,94 |
Муслимани | 158 | 1,15 |
Католици | 6 | 0,04 |
други | 119 | 0,87 |
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Свети Николе:
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 3.468 |
1953 | 3.458 | 30 | 95 | 12 | 1 | 12 | — | 13 | 3.621 |
1961 | 4.227 | 0 | 63 | — | — | 53 | — | 77 | 4.420 |
1971 | 7.185 | 0 | 104 | 23 | — | 56 | — | 72 | 7.440 |
1981 | 10.499 | 1 | 67 | 87 | 44 | 85 | — | 46 | 10.829 |
1991 | 12.642 | 0 | 33 | 84 | 65 | 68 | — | 83 | 12.975 |
1994 | 12.987 | 0 | 68 | 43 | 113 | 57 | — | 24 | 13.292 |
2002 | 13.367 | 0 | 80 | 72 | 149 | 52 | 1 | 25 | 13.746 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Стопанство[уреди | уреди извор]

До седумдесетите години на 19 век, кога патот за Солун минувал преку Свети Николе, тоа било едно од значајните економски места од левата страна на реката Вардар. Пуштањето во сообраќај на вардарската железница во 1873 година неповолно се одразило на Свети Николе, а оваа промена уште повеќе се почуствувала во 1888 година кога вардарската железница е споена со моравската.
Денес населението претежно се занимава со земјоделство, а од индустријата застапени се:
Од прехранбената индустрија застапени се:
- месната индустрија (МИК Свети Николе),
- индустријата за конзервирање на зеленчук и овошје,
- пекарската,
- млечната индустрија,
- индустријата за дехидриран зеленчук,
- индустрија за ферментација на тутун и
- индустрија за сточна храна,
со што процесот на земјоделско производство целосно е заокружен.
Од земјоделските култури најзастапени се:
- житните култури,
- индустриските,
- раноградинарските култури и
- виновата лоза,
а од сточниот фонд:
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени
- Кире Лазаров[6] (р.1980), македонски ракометар, најдобар стрелец на светското првенство во Хрватска, 2009 и европското првенство во Србија, 2012
- Лазар Колишевски (1914 - 2000), политичар
- Роберт Петров (р.1978), македонски фудбалер
- Свето Манев (р.1945), сликар
- Гордана Нацева (р.1977), ракометарка, голман на РК Кометал Ѓорче Петров и женската Македонска ракометна репрезентација
- Александар Серафимов (1980 – 2001) — македонски бранител
Знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[7]
- Црква „Св. Никола“ - главната градска и парохиска црква;
- Црква „Св. Стефан“ - гробјанска црква;
- Црква „Св. Лидија“ - црква во изградба. Темели удрени на 15 јуни 2014 година[8] и се наоѓа во населбата Бел Камен;[9]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ http://svetinikole.gov.mk/informatsii/profil-na-opshtinata/istorijat/
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.232.
- ↑ http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
- ↑ Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (изд. II доп..). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 јули 2016.
- ↑ Кире Лазаров со аплаузи дочекан во родното Свети Николе
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ ЛИТУРГИЈА, РАКОПОЛАГАЊЕ ВО ЃАКОН И КАМЕН- ТЕМЕЛНИК ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА ЦРКВА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ
- ↑ Иницијатива за изградба на црква во Свети Николе посветена на св. Лидија Македонка
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Свети Николе“ на Ризницата ? |
|
|