Светиниколска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За други значења видете на Азмак (појаснување)
Светиниколска Река
Азмак
Земја Македонија
Слив
Главен извор Манговица, Македонија Македонија
610 m (извор), 203 m (устие)
Устие Брегалница, Македонија Македонија
Гол. на сливот 658,7 km²
Физички особености
Должина 35 km

Светиниколска Река или Азмак е македонска река, десна притока на реката Брегалница[1] и најголемиот воден тек во Овче Поле[2].

Настанува од три помали водотеци (краци):

кои се соединуваат кај градот Свети Николе, по што го добива името Светиниколска Река, а пред сливот во реката Брегалница е позната под името Азмак.

  • Караташ се формира во близина на селото Павлешенци, на надморска височина од 389 метри.
  • Бериш извира во атарите на Малино и Алакинце, на надморска височина од 380 метри.
  • Мавровица извира од планината Манговица, на височина од 610 m.

Светиниколска Река во Овчеполската Котлина прима неколку притоки. Нејзини леви притоки се Буриловска Река со Немашница, додека десни притоки се Горобинска Река (Поток), Кнежевска Река и Ѓуземелска Река, сите со пороен карактер. Овие овчеполски рекички во летните месеци наполно пресушуваат.

На реката Мавровица, во местото Алин Дол, изградена е акумулација во должина? од 7 km2, со зафатнина од 2.700.000 кубни метри. Оваа акумулација се користи за водоснабдување на Свети Николе[2].

Светиниколска Река се слива во Брегалница на височина од 203 m. Долга е 35 km, има вкупен пад од 407 m и просечен пад од 11,6 ‰. Површината на сливот изнесува 658,7 km². Во најголемиот дел од сливот има пороен карактер.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002
  2. 2,0 2,1 Природни ресурси: податоци за 2009 г.од Министерство за земјодел.,шумарство и водост.ПЕ Св.Николе
  3. Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979