Павлешенци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Павлешенци е село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.


Павлешенци
Павлешенци се наоѓа во Republic of Macedonia
Павлешенци
Местоположба на Павлешенци во Македонија
Регион Овче Поле
Општина Општина Свети Николе
Население 77 жит.
(поп. 2002)


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Павлешенци е село од збиен тип расположено на најсеверниот ден на Овчеполската Котлина, во подножјето на Градишки рид (789м). Околни села се : на исток с. Кокошиње, на југоисток с. Долно Ѓуѓанци, на југ с. Стањевци, на запад с. Габреш, на север с. Градиште и на североисток с. К'шање. Општинскиот центар Свети Николе се наоѓа на југ, оддалечен 15 км, а Куманово на север на околу 28 км. Селото е поврзано со асвалтен пат во 1980 година. Павлешенци се наоѓа на надморска височина од 537м. Се простира на 42 степени северна географска ширина и приближно на 21 степен и 52' источна географска должина.

Историja[уреди | уреди извор]

Извадок од "Свети Николе и Светиниколско од 1909 до 1945 година"

  • ПОЛИТИЧКИТЕ УБИСТВА И ТЕРОРОТ ВРЗ НАСЕЛЕНИЕТО

- Како покарактеристичен пример ќе го наведеме документарниот натпис од весникот "Радник-Делавец", за злоделата што ги извршувала четата на Стојан Мишев*. Во него меѓудругото се наведува : "Терор на комитите федералисти и на властите во Овче Поле". Ни пишуваат другарите од Македонија. Комитските дружини на бугарскиот војвода Стојан Мишев*, кој пред кратко време се предаде на српските власти во Штип, од 18ти август па до денес вршеше најгрозен терор над сиромашните и испатени селани од Овче Поле. Се разбира, тоа е со знаење на српските власти. Во Павлешенци се претепани жестоко 20 селани од кои Танас Јовановски е на место убиен, а за петмина се сомнева дека по претепувањето ќе останат живи. Ништо подобра не била и четата на Глигор Циклев. Крум Стефанов од Павлешенци, зборувајќи за еден таков насилнички акт на четата вели : "Беше август, вршидба. Јас и брат ми Нане отидовме во училиштето за да чистиме. Четата на Глигор Циклев од Свети Николе, дојде во школскиот двор. Го повикаа селскиот кмет и други одговорни луѓе да им донесат јадење. За тоа време луѓето од четата отидоа во месноста "Милисеви бресје" на Ранѓел и насекоа стапови. На зајдисонце протуѓерот повика : "Од секоја куќа човек на средсело, еј селани". Селаните се собраа во училишниот двор. Кметот, мислам дека беше Гиго Пашамалевски, нареди некои селани да отидат на "Милисеви Бресја". Тие појдоа низ училишниот двор низ село, пред куќата на Поп Панзо и Милан Стефанов и на Ранѓел им наредија да легнат. Почнаа со ужасно тепање. Тепањето на селаните траеше до доцна во ноќта, до 22-23 часот. Беа претепани : Гиго Пашамалевски, Мино Станков, Трајан, Младенов, Вељашков и др. Толку многу беа претепани, што нивните домашни ги однесоа завиткани во черги. Подоцна ги завиткувале во кожи од овца. По завршувањето на ужасното тепање, четата си замина". Четите пак на Стојан Мишев и Дане Црнилишки извршиле уште еден насилнички акт во Павлешенци. Четите на средсело, кај црквата "Св.Никола", како што можеле да се избројат "биле 30 души. Ноќта биле "гости" во селото. Изеле 30 кокошки, над 100 јајца, прасиња... Утредента на Ранѓел, кај "Милисеви Бресја" ги тепале до смрт селаните павлешенчани : Гиго Наков Пашамалевски, Трајан Паунов Капчевски, Трајан Божинов Ризевски, Мино Станков, Ване Гиев Неделковски, Трајан Младенов Вељашков, Стојче Јовев Обардевски. Подоцна, година-две, на овие луѓе им ставале кожи и волна од овци за да се излекуваат. Голем број од ужасно тепаните селани умреле. Четите на Ранѓел запалиле 40 крстини со рж (околу 800 снопови). Но тоа не било се. Во 1924 година во село Павлешенци, Малин Алексиев Ѓурѓијашковски бил малтретиран од српските жандари. Морал да избега три месеца во Павлешенска шума, кај Орљак и таму се криел. Од дома му носеле храна. Не смеел да се врати дома, поради тоа што емигрирал во Бугарија. Таму членувал во македонскиот комитет на македонски емигранти. Во Бугарија (Софија, Ќустендил, Перник) останал 18 години. Потрагата на четите во Светиниколската околија исто така била користена за нечовечка тортура од претставниците од српската власт врз населението. Безобзирно се влегувало по домовите на луѓето заради целосни претреси по комитите. Но тие претреси како и потерите, биле само форма за малтретирање на населението. Така при еден таков претрес учествувал и еден мајор од Штипската жупанија. Селаните ги собраа во школскиот двор и за да се утврди кој соработувал со комитите, повикале еден фатен циган за да ги препознае. Тој го препознал Тодета Крстевски и уште едно лице од селото. Тие двајца мајорот ги задржал, а другите ги пуштил, откако на сите им удрил 1-2 пендрака... Во декември 1927 година дојде Штипскиот жупан М. Михајловиќ и за да утврди кој чува комити, на секој селанец му ставил шамивче на рака и на кој му се тресе раката - тој чувал комити. Маките на селаните биле големи и тешки"

    • Стојан Мишев, 1915-1918 бил началник на бугарското началство во Куманово, каде што вршел насилства во името на Бугарите. Потоа бил припадник на пробугарската врховистичка чета, а едно време и командир на чета. Вршел тешки злодела се во интерес на бугарското царство до 1923 година. Во 1923 година се предал со четата на српската власт во Штип и оттогаш станал поборник за великосрпска кауза во Македонија. Убиен е во 1924 година во Штип .
  • ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ ВО ПАВЛЕШЕНЦИ

- При повлекувањето, турските војски ограбиле и запалиле повеќе села. Немањето на никаква конрола и власт, на разузданите турски војници им дало поголема храброст уште посурово и пожестоко да ги уништуваат селата во Светиниколско. Посебна жестокост во уништувањето и извршувањето на злодела покажале албанските војници од составот на турските воени единици. Тие по селата каде што поминувале ги палеле селата со христијанско население како и селата со мешано, односно турско и христијанско население. Особено тие ги запалувале сноповите сосено, зградите со храна, кошевите со пченка и др. Меѓутоа биле забележани и убиства на невиното цивилно население во Светиниколско. Така во Павлешенци на крајот од селото, имаше две коли натоварени со воен материјал. Крај колата уште два трупа : еден младинец, едвам да имаше седумнаесет години и еден постар човек. Младинецот е убиен со бајонет и раните му се ужасни. Две има на левата страна од градите и една под десното око. Рацете му се исто така исечени и крвави. По се изгледа дека се бранел, друг лежи на грб. Убиен е со куршум во градите, но има и неколку грозни удари по главата. Покрај лешевите стојат неколку жени и мажи. Една стара жена се свиткала како кукавица над убиениот младинец и го загледуваше од сите страни....

Ова село се смета за едно од најтероризираните и злоставуваните населени места од територијата на југоисточна Македоиија во периодот меѓу 1913—1915 година. Според белешките, на баба Лефтера Божинова, населението на Павлешанци имало крајно мизерен опстанок во првите две години по балканските војни. Во врска со тоа, баба Лефтера, позната како Итрица и крајно добронамерна и смирена старица, во спомените за тоа тешко време забележала: „Она што ќе го кажам нека се памти и да не се заборави. Во 1914—1915 г. жандардште и какви ли не други ни зедоа од селото 60мина мажи, ги одвлекоа во војска и ниту еден од нив не се врати здрав. Едни беа испотепани, друпи беа премрзнати, соблекувани голи во снегот, а трети беа разболени од лошата болест тифус, која сите ги покоси. Од таква смрт умре вашиот стар вујко Стојче Панзов. Беше здрав, убав и силен, а се врати блед со оќелавена глава и со виснати кожи на коските. Тој умре. И подобро беше што умре, одошто да се измачува. Иста смрт како брат ми ги зема и Нане Пашемалев, Томе Трипков, Темелко Банев, Русе Кралев, Гаврил Цонвв. Гаврил Мирчев, Поцко Гичев, Цане Попов и други, додека Стојче Миленков, Арсен Трајков, Стојан Кромидов, Томе Трипков, Стојче Данилов, Димитрија Манев, Коле Манев, Ване Ризов, Коне Ризов и Саве Јованчвв Баничаноки имале уште поголеми теглила. За нив ми раскажа мојот човек Арсен: „кога започна да врне снег, на сите ни беше студено. Српската војска не можвше да ги издржи ударите на АвстроУнгарците. Српската аримија западна во уште потешка состојба, кога во војната се вмеша и Бугарија, беше пригмечена од двете страни. Нашата единица во тоа време се повлекуваше преку Црна Гора во Албанија. Бидејќи бевме слабо облечени, сите се тресевме од студ. Можете ли да си замислите кога за време на виулицата, која го натрупуваше патот со снег, падна заповед: нашите од Македонија да бидат расоблечвни, а облеката да ја предадат на српски и црногорски војници. Место за било какво противење немаше. Со свои очи гледав и срцето ми пукаше од јад и болка, гледајќи тие луѓе како ги протолтуваше снегот и смртта:

1. Стојче Милвнков 2. Арсен Трајков 3. Стојан Кромидов и 4. Томе Трипков.

Од слабите тела започна да им паѓаат меса. Тоа беше ужасно да се гледа, ужасен изглед на телото, тоа беше илјадапати пострашно од смртта и од се друго што го сметаме за страшно. На Стојанче Данаишов „Димитрија Манев, Коле Манев (брат на Димитрија), Ване Ризав и на Коне Ризов им окапаа прстите на рацете и на нозете. Нивните слаби раце и нозе прво поцрнеа, а (потоа ги снема). Покрај овие во војната 1914—1918 г. од с. Павлешенци животот го загубија: Атанас Коцев Арсвн Трајкоѕ, Ладе Трајков, Цане Тодоров, Нане Наќев, Панзо Јованов, Стојче Гичев, Панзо Петрушев, Стојан Трајков, Спасо Наќев, Спиро Цанев, Дане Божинов, Илија Карапанџов, Салдир Милисев, Ваче Серафимов, Петре Иванов, Цане Попов, Мите Саздов, Коне Божинов, Стојан Витанов, Васил Стројманов, Темелко Бонев, Диме Пандилов и други за чии имиња не се сеќавам”.

Од ова населевно место во тој период од страна на српските жандарми и војниците бил убиен Ване Магдин, а учителот Наце Калеов бил осуден со казна затвор. И двајцата биле обвинети за одржување на врски со четите на ВМРО. Поради исто обвинување, селаните биле тепани со стапови во центарот на селото.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Павлешенци живееле 584 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Павлешенци имало 760 Македонци, егзархисти и 8 Македонци патријаршисти.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 77 жители, од кои 76 Македонци и 1 Србин.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 584[1] 768[2] 828 831 734 489 301 141 122 77

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

2-ри август Илинден

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во Павлешенци организиран спортски живот постои со формирањето на фудбалскиот клуб "Которец". Овој клуб е формиран на Илинден 1979 година, благодарејќи на иницијативата на неколкумина млади луѓе, а особено на Ѓоше Ѓошев, Раде Ѓошев, Гуте Стојановски, Ице Стоилев, Момчило Грозданов, Миле Ѓошев и др. Оваа иницијатива беше прифатена од страна на Месната заедница и ССМ во селото. Прв претседател на клубот беше Диле Стефанов, тогашен претседател на Советот на месната заедница, секретар Раде Ѓошев, а благајник Момчило Грозданов. Клубот постигнуваше добри резултати уште во почетокот на својата активност. Управата се состоеше од повеќе спортски активисти од селото и од иселениците во Скопје, и тоа : Петре Илиев, Стојче Јакимов, Андреја Трајанов, Јовче Трајковски, Ице Стоилев, Моме Петрушев, Маце Велковски, Боре Божинов, Миле Тренчев, Драги Даврански и други. По иницијатива на именуваните активисти, а со помош на СИЗ за физичка култура и секретарот Васил Саздов од Свети Николе, на 17.11.1979 година е предадено во употреба спортското игралиште. ФК "Которец" се натпреваруваше во Општинската лига. Учествуваше на повеќе турнири на мал фудбал во организација на весникот "Вечер" во 1980-1981 година, на турнирот во белградскиот "Спорт" во Велес. Боите на клубот ги бранеа : Миле Ѓошев, Мијалко Васев, Гуте Стојановски, Јовче Трајковски, Маце Велков, Раде Василев, Диме Брзанов, Ташко Костенцев, Аце Вељановски, Мице Мицевски, Раде Ѓошев, Љубчо Стојчевски, Зоран Петрушев, Бранко Божинов, Зоран Георгиевски, Зоран Тренчев, Борче Богатинов, Трајчо Бошков, Томе Серафимов и др. Најголемите заслуги за успесите на клубот, покрај другите ги има Ѓоше Ѓошев, како тренер и голем спортски активист.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18.