Буриловци
Буриловци — село во Општина Свети Николе, во околината на градот Свети Николе.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Овче Поле. Одалечено е 20 километри источно од Свети Николе. Соседни села на Буриловци се: Арбасанци и Стануловци од исток. Мустафино и Ерџелија од југ. Мечкуевци, Немањици и Ранченци од север.
Во селото има Горно и Долно маало. Постаро е Горно маало.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век припаѓало на Штипската каза, нахија Овче Пол, во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 14 жители, сите Македонци.[2]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[5]
Година | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 226 | 247 | 210 | 124 | 41 | 12 | 13 | 14 |
Родови[уреди | уреди извор]
Буриловци е македонско село.
Според истражувањата од 1957/58 година родови во селото се:
- Родови доселени во турско време: Ташковци (4 к.), Кочевци (2 к.), Митевци (1 к.) и Марганци (6 к.). Ташковци се доселени од селото Ерџелија, подалечно потекло непознато. Останатите родови се доселени со непознато потекло.
- Родови доселени од 1936 година: Стајевци (2 к.) доселени се од селото Лесница кај Трговиште, Србија; Стојановци (2 к.), Тошевци (2 к.), Јаќимовци (2 к.), Божиловци (1 к.) и Баба-Ѓурчинци (2 к.). Доселени се од селото Долни Стајевац кај Трговиште, Србија; Сурличанци (3 к.) доселени се од селото Сурлица кај Трговиште, Србија; Китановци (2 к.) и Петрушевци (1 к.) доселени се од селото Трница кај Трговиште, Србија; Петковци (1 к.) доселени се од селото Метежево, Кривопаланечко; Дичевци (1 к.) доселени се од селото Мечкуевци, и таму биле доселени однекаде; Смилевци (1 к.) доселени се од селото Преод, таму биле староседелци; Стојчевци (1 к.) и Арсевци (1 к.) доселени се од селото Арбасанци, таму биле доселени од раселеното село Тоља; Спировци (1 к.) доселени се од Кичевско.[1]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1698 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Мустафино.[3]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 347 гласачи.[4]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |