Прејди на содржината

Општина Куманово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Куманово
Општина
Зградата на општината во 2022 година
Зградата на општината во 2022 година
Знаме на Општина КумановоГрб на Општина Куманово
Карта
ДржаваМакедонија
РегионСевероисточен
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија)
СедиштеКуманово
Населени места
Управа
  ГрадоначалникМаксим Димитриевски (ЗНАМ)
Површина
  Вкупна509,48 км2 (196,71 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно98.104
  Густина190/км2 (500/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+031
Регистарски табличкиKU
Мреж. местоkumanovo.gov.mk

Општина Кумановоопштина во североисточниот дел на Република Македонија. Административно средиште е градот Куманово. Проширена е општината со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога кон општината се припоиле општините Орашац и Клечевце.

Географија

[уреди | уреди извор]

Оваа општина се наоѓа во Североисточниот Регион во состав на Република Македонија, источно од главниот град Скопје, западно од Крива Паланка, и се простира до границата со Србија.

Населени места

[уреди | уреди извор]
Карта на Општина Куманово со атарите/катастарските општини.

Општина Куманово содржи вкупно 49 населени места[2] од кои градот Куманово и 48 села: Агино Село, Бедиње, Бељаковце, Биљановце, Брзак, Вак'в, Винце, Воиновиќ, Габреш, Горно Коњаре, Градиште, Д’лга, Доброшане, Довезенце, Долно Коњаре, Живиње, Зубовце, Јачинце, Карабичане, Клечевце, Кокошиње, Колицко, Косматац, Костурник, Кутлибег, Кучкарево, К’шање, Лопате, Љубодраг, Мургаш, Ново Село, Новосељане, Орашац, Пезово, Пчиња, Режановце, Речица, Романовце, Скачковце, Сопот, Студена Бара, Сушево, Табановце, Тромеѓа, Умин Дол, Черкези, Четирце и Шупљи Камен. Историско село што постоело на денешната територија на Општина Куманово е Нов Чифлик.

Историја

[уреди | уреди извор]

Градоначалници

[уреди | уреди извор]

Демографија

[уреди | уреди извор]
Демографска карта на Општина Куманово со атарите/катастарските општини, според пописот од 2002 година.
Вероисповед Вкупно
православни 72.270
муслимани 31.759
католици 108
протестанти 13
останати 1.916

Податоци од пописот извршен 2002 година[3]

Населено местоВкупноМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациДруги
ОПШТИНА КУМАНОВО10320561495272902924256147903520670
Агино село965949----13-3
Бедиње23271451547-156-164-9
Бељаковце6464-------
Биљановце12311195----32-4
Брзак10488----16--
Вакав108108-------
Винце9090-------
Габреш7170----1--
Градиште192189----3--
Живиње4646-------
Зубовце5757-------
Горно Коњаре1136565255---314-2
Д’лга---------
Доброшане16551571--24391713
Довезенце123123-------
Долно Коњаре128666991-2-516-8
Јачинце106106-------
Карабичане435----37-1
Клечевце573555----17--
Кокошиње4544----1--
Колицко8683----3--
Косматац4141-------
Кутлибег1313-------
Кучкарево105105-------
К’шање4848-------
Куманово7627247744182782564056108523014586
Лопате24484781886---80-4
Љубодраг686440----243-3
Мургаш6362----1--
Новосељане4646-------
Ново Село27470----204--
Орашац387387-------
Пезово5353-------
Проевце23112218--18-73-2
Пчиња793789----4--
Режановце70566111--42--
Речица557110----445-1
Романовце2794716202835--6-9
Скачковце160159----1--
Сопот3182306---613
Студена Бара344343----1--
Сушево3431---30--
Табановце910205177---516-12
Тромеѓа1298692----604-2
Умин Дол442214----226-2
Черкези374123719----416
Четирце24934----215--
Шупли Камен8180----1--

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Тековен градоначалник

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на Општина Куманово е Максим Димитриевски од редовите на ЗНАМ. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[4]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 31 член.[5]

Седиште на Општина Куманово

[уреди | уреди извор]

Поранешното седиште на општината била во зграда во т.н. Касапски круг.[6]

Денешното седиште на Општина Куманово се наоѓа во средиштето на Куманово, на улица „11 Октомври“ б.б.[7]

На крајот од 2019 година, 218 лица биле вработени во општинската администрација на Општина Куманово. Во 2019 година, вкупните буџетски расходи на општината изнесувале 1,654 милијарди денари. Во вкупните буџетски расходи, 55,15% биле тековни расходи, 26,13% биле трошоци за стоки и услуги, 12,66% биле капитални расходи и 5,91% други расходи. Од вкупните буџетски приходи на општината, дури 70,33% отпаѓале на трансферите од централната власт, учеството на даночните приходи изнесувало 11,59%, 15,31% отпаѓало на неданочните приходи, 1,66% биле приходи од продажба на земјиште и 0,87% приходи од донации. Поради наталожените неплатени обврски, од 2013 година, општината работела со блокирана сметка во подолг временски период, а нејзината сметка била деблокирана дури во март 2020 година.[8]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Во околината на Куманово се наоѓа познатата неолитска опсерваторија Кокино, која од НАСА е рангирана помеѓу најстарите четири во светот.

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Во Куманово постојат спортски клубови кои можат да се пофалат со своите спортски достигнувања.Најпознат клуб во куманово сега за сега,2013 година,е Кошаркарскиот клуб.Клубот се натпреварува во првата Супер лига на Македонија и во Балканската БИБЛ лига.За големите успеси се заслужни и неколку навивачки групи од кои најпозната е КУМАНИ која е оформена во 1990 година.Секогаш е како играч плус во сите спортови во градот.

Ракометниот клуб-мажи, исто така се натпреварува во првата Македонска лига,кој со млади играчи се наоѓа во транзиција

Боксерскиот клуб на Куманово е клуб со најмногу трофеи во градот.Моментално клубот не постои,но ветрините ги красат неколку пехари од освоениот златен гонг на Македонија.Од освоени трофеи може да се пофалиме и со бронзената медаља од олимпијадата во Монтреа на нашиот најзаслужен спортист по кој се распознава градот,а тоа е Аце Русевски.Исто така и Реџеповски кој го освои второто место на Европското првенство и бронза на олимпијада.Витрините се закитени и со трофеи од сите турнири во бивша Југославија.

Фудбалскиот клуб Куманово не постои но и Куманово има Приватен Фудбалски клуб Башкими кој се натпреварува во првата Македонска лига со една титула Првак на Македонија и една куп на Македонија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. Максим Димитриевски, „Децентрализацијата е клучот за развој на државата“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 39.
  3. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  4. „Дополнување на Заклучок за конечност на резултати од гласањето во втор круг за Локалните Избори 2025 година одржани на 02.11.2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 6 ноември 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  5. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.
  6. „Пожар во старата зграда на Општина Куманово, една од најстарите и најубави згради во центарот“. sdk.mk. 10 октомври 2017. Архивирано од изворникот 2022-12-09. Посетено на 9 декември 2022.
  7. „Почетна“. Општина Куманово. Архивирано од изворникот 2022-10-06. Посетено на 9 декември 2022.
  8. „Буџетот на Општина Куманово: Движења, трендови, показатели“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 45-47.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]