Прејди на содржината

Општина Сопиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Сопиште
Општина
Седиштето на Општина Сопиште
Седиштето на Општина Сопиште
Знаме на Општина СопиштеГрб на Општина Сопиште
Карта
ДржаваМакедонија
РегионСкопски
Година кога е основана со закон1945 (под називот месен народен одбор)
Година кога е укината со закон1947
Година кога е основана со закон1996
СедиштеСопиште
Населени места
Управа
  ГрадоначалникЈане Мицевски (ВМРО-ДПМНЕ)
Површина
  Вкупна25,47 км2 (9,83 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно6.713
  Густина260/км2 (680/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоopstinasopiste.gov.mk

Општина Сопиштерурална општина во Македонија во Скопскиот Регион. Админстративно седиште на општината е истоименото село.

Општината била по вторпат основана во 1996 година, откако дел од скопската општина Кисела Вода се отцепил. Во 2004 година, мал дел од Сопиште повторно преминал во територијата на Кисела Вода.

Сопиште зафаќа површина од 222,1 км2. Се граничи со општините Македонски Брод, Студеничани, Желино и со најголемата административна единица Град Скопје. Поделена на 13 населени места, кои сите се села. Релјефот кој влегува во територијата на општината е претежно планински, и ридски. Сопиште се наоѓа на јужната страна на планината Водно. Географски, територијата на општината е карактеризирана претежно со шуми, ливади, полиња, пасишта, карпи и мал број на пештери.[2]

Во Сопиште живеат околу 6 илјади жители, а густината на населението зафаќа околу 25 жители/1 км2. Мнозинството од населението се Македонци и Албанци, кои зафаќаат околу 90% од населението. Останатиот дел се Турци, Срби и Власи. Службените јазици на општината се македонскиот и албанскиот.[3]

Градоначалник на општината е Јане Мицевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој стапил на должноста по локалните избори од 2025 година.[4] Општинскиот совет е составен од 11 члена.[5]

Голем број на населени места во општината, како што е селото Долно Соње, постоеле од XIX век, во времето на Отоманската Империја.[6] Во селото Говрлево се наоѓаат и археолошки наоѓалишта.[7]

Карта на Општина Сопиште со селските атари.
Демографска карта на Општина Сопиште со селските атари.

Историја

[уреди | уреди извор]

Месниот народен одбор Сопиште бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Сопиште.[8] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор бил укинат и неговата територија припаднала под Месен народен одбор Ракотинци.[9]

1996-до денес

[уреди | уреди извор]

Општина Сопиште била одново создадена во 1996 година, на сметка на намалената Општина Кисела Вода . Во 2004 година, мал дел од територијата на општината, се мисли на Припор, бил припоен повторно кон Општина Кисела Вода.

Географија

[уреди | уреди извор]
Поглед кон областа Каршијак која претежно се поклопува со општината.

Општина Сопиште се наоѓа на јужната страна на планината Водно, на координати 42` и 20`. Прекрасен амбиент се граничи со општините Кисела Вода, Центар, Студеничани и Сарај. Патно е поврзана со пат кој доаѓа од Скопје преку скопската населба Припор и продолжува кон Батинци и Македонски Брод.

Демографија

[уреди | уреди извор]

На пописот од 2002 година, Општина Сопиште има 5.656 жители (1.510 домаќинства, 3.398 станови), кои живеат во 13 населени места од збиен тип, со отсуство на класичен урбан центар.[10]

Во општината постојат следните населени места: Сопиште (1.365 жители), Ракотинци (394), Добри Дол (431), Долно Соње (707), Горно Соње (240), Барово (24), Говрлево (31), Чифлик (664), Света Петка (718), Јаболци (44), Нова Брезница (89), Држилово (365) и Патишка Река (584).[10]

Во минатото, поради политиката на отселување од селата, имало големо движење од селата кон градот. Денес евидентно е враќањето на населението во селата делумно предизвикано од ослабената економска состојба, но и од наметнатиот нов тренд на живеење значајна е и преселбата град-село кое население останува како постојано жителство во рамките на нашата општина со што се создаваат населби од урбан карактер.[10]

Бројот на населението во Општина Сопиште е релативно стабилен, со тежнеење на бавен природен прираст, за разлика од високиот природен прираст од минатото, којшто денес е во постапка на опаѓање и стационарно зголемената старосна структура се должи на две одлики на населението на општината.[10]

- висок природен прираст во четири населби од муслиманска вероисповед.
- демографската стабилност на населението во некои од населбите во приградската зона на Скопје каде степенот на регресија на населението е правопропорционално со оддалеченоста од Скопската агломерација и отсуството на функционално-привлечни фактори.

Статистика

[уреди | уреди извор]

Вкупно население на општината по поделбата од 2004 година изнесувало 5.656, од кои:

Народност Број Удел
Македонци 3.404 60,18%
Албанци 1.942 34,33%
Турци 243 4,30%
Срби 32 0,57%
Власи 4 0,07%
останати 31 0,55%

Сепак, според Законот за Град Скопје[11], каде биле утврдени границите на скопските општини, дел од селото Сопиште, односно местото Припор) потпаднало под Општина Кисела Вода и населението на селото било намалено од 5.325 жители.[12] на 1365[10]. Тоа влијаело врз вкупното население на Општина Сопиште, и така од вкупното првично општинско население од 9.522 жители, паднало на 5.656 жители.

Народ Врој Удел
Македонци 7.216 75,7%
Албанци 1.942 20,3%
Турци 244 2,5%
Срби 58 0,60%
Власи 15 0,15%
останати 47 0,49%
Вероисповед Вкупно
православни 6.829
муслимани 2.310
католици 6
протестанти 2
останати 375
Јазик Вкупно
македонски 7.478
албански 1.944
турски 6
ромски 0
влашки 10
српски 49
бошњачки 0
останати 35

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Општината е неразвиена, како општествени институции се застапени:

  • Општинска зграда
  • Пошта
  • Амбуланти
  • Полициска станица
  • Основно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Сопиште е Јане Мицевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[13]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена.[14] Според последните локални избори од 2025 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2025-2029 се:

  ВМРО-ДПМНЕ: 7 места
  ВРЕДИ: 3 места
  СДСМ: 1 место
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. miokon. „Географска Положба и Одлики | ОПШТИНА СОПИШТЕ“. Посетено на 2020-09-26.
  3. miokon. „Демографија | ОПШТИНА СОПИШТЕ“. Посетено на 2020-09-26.
  4. Николовски, Никола (2025-10-21). „Најголема победа во првиот круг има Јане Мицевски во Сопиште со освоени 80,2% од гласовите“. Радио Лидер. Посетено на 2026-02-21.
  5. „Совет на Општина Сопиште | ОПШТИНА СОПИШТЕ“. Посетено на 2020-09-26.
  6. „Долно Соње“. Википедија. 2020-07-17.
  7. miokon. „Култура | ОПШТИНА СОПИШТЕ“. Посетено на 2020-09-26.
  8. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 155. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 20 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  9. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 30. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 20 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  10. 1 2 3 4 5 Општина Сопиште: население[мртва врска]
  11. Службен весник 55/2004
  12. Попис на населението, 2002
  13. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  14. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]