Прејди на содржината

Општина Василево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Василево
Општина
Седиштето на Општина Василево
Седиштето на Општина Василево
Знаме на Општина ВасилевоГрб на Општина Василево
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеВасилево
Населени места
Управа
  ГрадоначалникСлаве Андонов (ВМРО-ДПМНЕ)
Површина
  Вкупна230,4 км2 (89,0 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно10.552
  Густина46/км2 (120/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+034
Регистарски табличкиSR
Мреж. местоopstinavasilevo.gov.mk
Карта на Општината.
Демографска карта на Општината.

Општина Василевоопштина во југоисточна Македонија. Центар на општината е Василево.

Географија

[уреди | уреди извор]

Историја

[уреди | уреди извор]

Општина Василево како комуна за првпат е формирана 1922 година.

Со територијалната поделба 1954-1955 година комуна Василево повторно е основана што значи дека е согледана можноста за опстојување на тој простор како Комуна. Комуна Василево ја преживува и реформата во 1962 година кога се укинати другите селски комуни во Струмичкиот регион, но во 1965 година со Стопанската реформа е укината заедно со сите комуни.

Во 1996 година со Законот за територијална поделба на Република Македонија, општина Василево повторно се основа со 18 населени места, но сега без Добрејци, Вељуса и Просениково.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Демографија

[уреди | уреди извор]
НародВкупноУдел (%)
Македонци 9.958 82,15
Албанци 0 0,0
Турци 2.095 17,28
Роми 5 0,04
Власи 1 0,01
Срби 4 0,03
Бошњаци 1 0,01
останати 58 0,48
Вероисповед Вкупно
православни 9.246
муслимани 2.196
католици 581
протестанти 1
останати 98

Општина Василево има 18 населени места во кои живеат 12.122 жители, според пописот од 2002 година. Ако оваа бројка се спреди со претходниот попис од 1994 година, се гледа дека населението во општината е во пораст и тоа за 713 жители или 6,25%.[2]

Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Василево во 2011 се зголемил за 4,4 % во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Василево е трета општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.[3]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Василево е Славе Андонов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[4]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.[5]

За потребите за функционирање на органите на локалната самоуправа во текот на 1997/98 година е изградена Општинска административна зграда, која ги задоволува условите за работа на општинската администрација и со зголемени надлежности согласно новиот Закон за локална самоуправа. Имено општинската административна зграда е со површина од 253 м2, има 7 канцеларии, кујна, санитарен јазол и простран хол.

Постојните управни и административни органи на општина Василево согласно новиот Закон за локалната самоуправа се организирани во општинска администрација со Одлука од Советот на општината. Со оваа Одлука како организациони облици на општинската администрација се образуваат специјални одделенија, и тоа:

1. Одделение за комунални дејности и заштита на животната средина;
2. Одделение за општествени дејности;
3. Одделение за финансии, даноци, такси и ЛЕР;
4. Одделение за правни работи;
5. Одделение за ревизија.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  3. „Во основните училишта за 10 години дури 46.500 ученици помалку“. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Посетено на 2013-02-08.
  4. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  5. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]