Доброшинци

Координати: 41°28′57″N 22°37′36″E / 41.48250° СГШ; 22.62667° ИГД / 41.48250; 22.62667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Доброшинци

Поглед на дел од селото Доброшинци со дел од селото Нова Маала во позадината

Доброшинци во рамките на Македонија
Доброшинци
Местоположба на Доброшинци во Македонија
Доброшинци на карта

Карта

Координати 41°28′57″N 22°37′36″E / 41.48250° СГШ; 22.62667° ИГД / 41.48250; 22.62667
Општина Општина Василево
Население 678 жители жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2416
Шифра на КО 27023, 27523
Доброшинци на општинската карта

Атарот на Доброшинци во рамките на општината
Доброшинци на Ризницата

Доброшинци — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

ОУ „Атанас Нивичански“
Поранешното училиште во Доброшинци
Црква „Св. Троица“
Остатоци од Старата џамија
Пошта

Доброшинци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Општина Василево, во Струмичката Котлина, на левата страна од реката Струмица и во подножјето на планината Огражден. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 13 километри.

Надморската височина во селото е 217 метри додека селото зафаќа површина од 24,2 км2. Од нив 913,1 хектари се обработливо земјиште, 775,2 хектари се пасишта и 643,8 се шуми[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Во околината на денешното село се наоѓаат археолошки остатоци од т.н. Блок на ЗИК, Крсла и Тумба. Според овие остатоци се смета дека селото постоело уште во античкиот период. Самото име се претпоставува дека е добиено од етимолошката врска и историската поврзаност помеѓу античкиот град Добер и денешното село[3].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Името на селото пред доаѓањето на Османлиите најверојатно било Добрево[3]. Во текот на XIX век, селото било мешано. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 50 семејства со 147 жители Македонци и 40 Турци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 320 жители, од кои 60 Македонци и 260 Турци[4][6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 40 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 12 Роми[4][7].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Доброшинци било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Население[уреди | уреди извор]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Турци и 150 Македонци.[8]

На пописот од 2002 година, селото имало 936 жители. Следува табела на националната структура на населението[9]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 756
1953 197 1 607 1 1 2 809
1961 491 251 13 1 756
1971 602 73 7 682
1981 784 106 1 6 897
1991 806 151 6 3 957
1994 758 107 20 885
2002 753 182 1 936

Во 1953 година, 75 % од населението биле Турци, но со нивното иселување во Турција, бројот на Турците повеќе од двојно се намалил, додека бројот на Македонците истовремено се зголемувал.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Доброшинци има 678 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 433
Албанци 1
Турци 130
Роми 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 113

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1806 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 789 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр. 90.
  3. 3,0 3,1 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]