Нејски мировен договор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нејски договор
{{{image_alt}}}
Бугарија по Нејскиот договор
Потпишан 27 ноември 1919
Место Неј на Сена, Франција
Услов Ратификација од Бугарија и четирите најголеми Сојузнички сили.
Потписници Бугарија Бугарија
Франција Франција
 Грција
 Италија
 Јапонија
Романија Романија
 Кралство Србија
 Обединето Кралство
 САД
Чувар Влада на Франција
Јазици француски (примарен), англиски, италијански

Нејскиот мировен договор е потишан на 27 ноември 1919 год. во Нејл-сир-Сен во близина на Париз, помеѓу земјите победнички и Бугарија како претставник на поразените. Договорот стапува во сила на 9 септември 1920 год. „Доброволнa“ размена на населенијата и принудното иселување на Македонци од Егејска Македонија во Бугарија.

Оваа конвенција наречена „Конвенција меѓу Бугарија и Грција за замена и доброволна емиграција на малцинставата“ е објавена во тогашните владини весници на Грција и Бугарија.

Целиот текст на Конвенцијата е објавен и во трудот:

Конвенцијата содржи 16 члена и е потпишана од премиерот на Грција Елефтериос Венизелос и министерот за надворешни равоти на Грција Николаос Политис, од една страна и премиерот на Бугарија и министер за надворешни работи , Александар Стамболиски од друга страна.

И покрај големите емигрирања на Македонци во Егејска Македонија Македонскиот народ се уште бил доминантен во Егејска Македонија.

Имајќи го предвид овој факт, грците со согласност на сојузниците, на Бугарија и наметнаа една посебна конвенција која се засноваше врз член 56 алеа 2 од Нејскиот мировен договор.

Конвенцијата предвидуваше „добоволнa“ размена на населенијата помеѓу Бугарија и Грција. Ова намерно наметнување имаше за цел да го озакони принудното иселување на Македонци од Егејска Македонија во Бугарија. Но и победената Бугарија во овој случај не даде отпор, бидејќи и самата сакаше на сметка на Македонци да се ослободи од грчкото население што живееше во тогашна Бугарија, посебно во Пловдив и околината, како и во црноморските градови и села.

За таа цел беше предвидена и гарантираната отштета на нивниот недвижен имот, за што уште од 20 септември 1920 година, беше именувана специјална комисија, позната како Грчко-бугарска комисија на Советот на Друштво на народите.

Во комисијата имале и двајца странци, полковникот A.C. Corfe од Нов Зеланд, претседател на комисијата и мајорот Mariel de Roover од Белгија, потпреседател на комисијата .

Во комисијата влегле и еден Грк и еден Бугарин. Самата конвенција сепак во пракса се покажа одвишна, како и формирањето на самата комисија. За период од три години од именувањето и функционирањето на комисијата се увиде дека ниту Македoнците, ниту Тракијците кои живееле во рамките на грчката држава, а ниту Грците што живееле во Бугарија , немале никаква намера доброволно да ги напуштат своите огништа.

За периодот од есента 1923 година, користејќи ги услугите на мешовитата комисија во двата правци биле иселени одвај 800 лица од кои Македонци биле помалку од една третина, односно не повеќе од 250 лица.

Меѓутоа, еден друг чинител за Македонците имаше мошне значајна последица за измените на етничкиот состав на Егејска Македонија, а тоа беше Грчко-турска војна (1919-1922) година.

Мегалоидеатските аспирации на грчката олигахиска клика кон Мала Азија, посебно кон поморските делови на Мала Азија, кои ги сметаше за свои, како „историско право“, што наводно произлегуваше од некогашната Византија, за чиј наследник се сметаше, ја доведе Грција во војна со многу посилната Турција.

Оваа војна која траела од 1919-1922 година и во која загинаа многу Македонци мобилизирани од страна на грчките војски, заврши со тотален пораз на Грција.

Турција ја искористи победата и на Грција и ја наметна Договор од Лозана (1923). Таа предвидуваше принудно иселување на сите христијани од турската држава во Грција како и на сите муслимани од Грција во Турција. Исклучок се правеше само за муслиманското население од Западна Тракија и за христијанското население во Цариград, поради посебни долгорочни планови и на двете држави.

Во пракса, уште во текот на воените операции, во 1922 година, Турците насила го гонеле грчкото население од малоазиското крајбрежје кое во текот на 1923 година и 1924 година мораше во целост да се исели во Грција со сила на оваа конвенција.

Грција се најде во крајно неповолна ситуација, зашто не само што беше воено поразена и економски ослабена, туку засекогаш да се откаже од великоидеатските планови за Мала Азија. Од друга страна пак оваа состојба ја искористи 1 230 000 лица да ги насели на територијата на Егејска Македонија.Тоа и овозможи во целост да го измени етничкиот состав на Егејска Македонија. Така во овој дел биле населени повеќе од 640 000 доселеници, додека пак по силата на Договор од Лозана (1923) од Егејска Македонија во Турција биле иселени повеќе од 300 000 Турци и други муслимани од кои голем дел од нив биле македонски муслимани.

Значи ситуацијата беше искористена и за принудно иселување на Македонци. Под изговор дека се сретнуваат со со тешкотии околу сместувањето на бегалците, во македонските домови биле сместувани по едно и повеќе бегалски семејства. Оваа појава беше најкарактеристична во пограничните реони , со цел животот на Македонците да се направи неподнослив.

Присилното сместување беше проследено со одземање на ниви, инвертар и друга покуќнина. Не изостануваше и физичкиот терор и други видови притисок. Освен тоа во цела Македонија беа формирани гонечки вооружени одреди, кои, под изговор дека гонат комити, ги малтретираа македонските семејства, вршеа масовни апсења,па дури и поеднинечни и масовни убиства. Меѓу помасовните убиства е убиството на 19 македонски селани од селата Трлис, Караќој и Ловчен, кои, врзани биле и убиени на 27 јули 1924 година, како и масовното апсење на селани и граѓани, Македонци, од Лерин и Леринско во ноември 1925 година, кога повеќето од нив биле осудени на смрт и стрелани, а другите биле осудени на долгогодишна робја.

Многубројните терористички напади врз македонскиот народ од Егејска Македонија довело до масовно иселување во Пиринска Македонија и Вардарска Македонија кои биле под nокупација на Кралството СХС и Бугарија, во реоните на Струмица, Битола и Гевгелија.

Овие Македонци беа принудени да се иселат затоа што се најдоа во многу тешки и неподносливи услови, постојано тероризирани, провоцирани од грчките власти и од вооружените групи. Беше природно единствениот излез за спас на нивните семејства да го бараат во бегство, со иселување, мислејќи дека на тој начин ќе се спасат од бесилка, од физичките и психичките малтретирања и дека ќе се ослободат од кошмарот во кои беа ставени, барајќи речативен мир во емиграцијата.