Кушкулија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кушкулија
Кушкулија is located in Македонија
Кушкулија
Местоположба на Кушкулија во Македонија
Координати 41°36′28″N 22°37′56″E / 41.60778° N; 22.63222° E / 41.60778; 22.63222Координати: 41°36′28″N 22°37′56″E / 41.60778° N; 22.63222° E / 41.60778; 22.63222
Регион Logo of Southeastern Region, Macedonia.svg Југоисточен
Општина Coat of arms of Vasilevo Municipality.svg Василево
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Повик. бр. 073
Шифра на КО 27038
Надм. вис. 885 м
Кушкулија на општинската карта
Кушкулија во Општина Василево.svg

Атарот на Кушкулија во рамките на општината
Commons-logo.svg Кушкулија на Ризницата


Кушкулија — село во Општина Василево, Струмичко. Денес нема жители.[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на крајниот северен дел од Струмичкото Поле и северно од Василево.[2] Лежи помеѓу Нивичино на југоисток и Подареш на запад.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето околу Кушкулија е населено барем уште од средниот век, за што сведочи некрополата на наоѓалиштето Готен околу 5 км североисточно од селото.[3]

Во XIX и XX век Кушкулија било чисто турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кушкули имало 75 жители Турци.[4]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Кушкуља живееле 99 Турци.[5]

На 5 јуни 1944 г., за време на Мајската (Пролетна) офанзива во судир со бугарската војска во Кушкулија загинал македонскиот комунист и композитор Панче Пешев.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во периодот од почетокот до средината на XX век селото доживеало голем пораст. Ова траело сè до 1950-тите кога речиси целото население се иселило во Турција. Во 1961 г. во него останале само 4 лица, а во текот на следните години Кушкулија е наполно напуштена. Според пописот од 2002 година, Кушкулија немала ниеден жител.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 75 226 251 4 0 0 0 0 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Готен — некропола од средниот век


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јануари 2021.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 171. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 409. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]