Пролетна офанзива

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пролетната офанзива е офанзива која ја презеле германските и бугарските окупациски сили во пролетта 1944 година во Македонија и Поморавјето. Офанзивата траела од 25 април до 19 јуни 1944 година, при што се воделе жестоки борби на партизаните со германските и бугарските војски, како и со балистичките формации во неколку реони на долината на Вардар, во Западна Македонија и во Јужна Србија. Овие борби, предводени од генералот Михајло Апостолски во македонската историографија се познати под името Пролетна офанзива.

По завршувањето на оваа офанзива, со последната битка на Петрова Гора[1], целата територија на Македонија, со исклучок на поважните комуникации и градовите, практично била ослободена, а Првата македонско-косовска бригада ја повратила загубената територија во Западна Македонија. На слободната територија се развивал целокупниот живот, насочен во прв ред кон стабилизирање на народната власт и политичките организации. Сите овие услови овозможиле непречено свикување на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Отец Прохор Пчински“ во близина на Куманово.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Прво заседание на АСНОМ“. Архивирано од изворникот на 2010-03-09. Посетено на 2009-11-29.