Прејди на содржината

Царство Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Царство България
Царство Бугарија
1908–1946
Flag of Бугарија
Flag
Coat of arms of Бугарија
Coat of arms
Химна: Шуми Марица

Царска химна
Химна на негово Величество Царот
Бугарија во 1914 година, после Балканските војни и пред Првата светска војна.
Бугарија во 1914 година, после Балканските војни и пред Првата светска војна.
Главен градСофија
Говорени јазициБугарски
Вероисповед
православие
УредувањеУставна монархија
Цар 
 1908-1918
Фердинанд I
 1918-1943
Борис III
 1943-1946
Симеон ІІ
Совет на министри 
 1908-1911 (прв)
Александар Малинов
 1944-1946 (последен)
Кимон Георгиев
Историски периодПрва светска војна/Период меѓу двете светски војни/Втора светска војна
 Официјално[1] прогласување на независност
5 октомври 1908
 Балкански војни
1912-1913
10 август 1913
27 ноември 1919
 Укинување на монархијата
15 септември 1946
ВалутаБугарски лев
Претходници
Наследници
Кнежевство Бугарија
Османлиско Царство
Народна Република Бугарија
Социјалистичка Република Македонија

Царство Бугарија (бугарски: Царство България) — царство во Југоисточна Европа од 1908 до 1947. Престолнината на царството била во Софија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Прогласување независност

[уреди | уреди извор]

Во јули 1908 во Османлиската држава избила Младотурската револуција, чија главна цел пред се било зачувувањето на територијалниот интегритет на државата, а не давање на поголема автономија на незадоволните народи. Првично сите етнички и религиозни заедници ја поздравиле револуцијата, надевајќи се на позитивни промени, но многу брзо до израз дошла намерата на Младотурците да создадат единствена отоманска нација. Тоа, очевидно, предизвикало реакции кои неповратно воделе кон целосен распад на државата.[2]

Манифест за независноста на Бугарија

Бугарија користејќи ги настаните во Османлиската држава тргнала по патот на независноста, за која веќе од поодамна се подготвувала. На бугарската желба за прогласување на независноста, без никакво сомнение, и одговарало однесувањето на новата влада во Цариград. Сепак пред да биде објавена независноста Бугарите, надевајќи се на поддршка на некои од големите сили за нивната цел, успеале да постигнат договор со Австро-Унгарија, независноста на земјата да биде прогласена пред објавата на анексијата на Босна и Херцеговина, прифаќајќи ја одговорноста за нарушувањето на Берлинскиот договор, според кој Бугарија била „автономно трибутарно кнежевство“. Тоа било договорено при посетата на бугарскиот кнез Фердинанд на Австро-Унгарија. На состанокот на бугарскиот суверен со Ерентал, одржан во Будимпешта на 23 септември 1908 г., последниов му рекол на својот гостин дека Бугарија не треба да се двоуми да ги оствари своите легитимни желби.[3] Кога е во прашање нарушувањето на статус-квото во регионот од страна на Бугарија не било нешто ново, ако се има предвид ситуацијата со Источна Румелија во 1885 г. По постигнувањето на овој договор бил преземен чекорот за формално прогласување на независноста. Симболично чинот на прогласувањето на независноста и крунисувањето на Фердинанд за бугарски Цар било направено во средновековната бугарска престолнина Трново. Потегот на Бугарија предизвикал остри реакции во Цариград. Тоа всушност и не било неочекувано ако се има предвид и една од главните причини за Јулскиот преврат во Цариград. Сепак, реално гледано новите власти на Босфорот не биле во состојба да ги диктираат условите за прашањето на признавањето на бугарската независност. Многу брзо се согласиле со руските предлози за решавање на финансиското побарување на отоманската влада од Бугарија за признавање на нејзината независност. Веќе на 9 јануари 1909 г. Цариград официјално ја признал независноста на бугарската држава.[3]

Балкански војни

[уреди | уреди извор]

На 13 март 1912 година Бугарија склучи таен одбранбено-офанзивен договор со Кралството Србија, а подоцна и со Грција (мај 1912) и Црна Гора (септември 1912), со што се формира Балканскиот сојуз. Главната цел на сојузот беше заедничко војување против Османското Царство и поделба на неговите европски поседи. Бугарија влезе во војната со најголемата и најдобро обучена армија на Балканот, околу 600.000 мобилизирани (од нив 350.000–370.000 на фронтот), 9 пешадиски дивизии + 1 гардиска бригада, релативно модерна артилерија и германска воена обука. Бугарската војска се концентрираше на источниот (тракиски) фронт, сметајќи го за најважен поради стратешката цел – Цариград и Источна Тракија. Најважните битки и операции на бугарската војска беа Битка кај Бунар Хисар – Луле Бургас (28 октомври – 2 ноември 1912) – најголемата битка во Европа по француско-пруската војна; одлучувачка бугарска победа, Битка кај Чаталџа (17–19 ноември 1912) – прв неуспех пред самите бедеми на Цариград, Опсада и освојување на Одрин (декември 1912 – 26 март 1913) – најголемиот успех на бугарската војска во војната; градот паѓа по 5-месечна опсада, Битка кај Булаир (26 јануари 1913) – одбранбена победа против османскиот десант на Галиполскиот Полуостров. Според Лондонскиот мировен договор (30 мај / 12 јуни 1913) Бугарија добива целата Источна Тракија до линијата Енос – Мидија, вклучително Одрин и егејското пристаниште Дедеагач (денес Александруполи), во Македонија Бугарија добива само дел од Струмичко и дел од Пиринска Македонија, најголемиот дел од географска Македонија останува под српска и грчка окупација.

Незадоволството од поделбата на Македонија предизвика остар конфликт меѓу поранешните сојузници. Бугарија сметаше дека според тајниот договор со Србија од 1912 треба да добие поголем дел од Вардарска Македонија, додека Србија и Грција веќе потпишаа нов таен договор (1 јуни 1913) за поделба на териториите против Бугарија. На 29 јуни 1913, по наредба на цар Фердинанд и без формална воена декларација, бугарските трупи нападнаа врз српските и грчките позиции во Македонија. Војната траеше само 6 недели и заврши со катастрофален пораз за Бугарија поради напад на два фронта истовремено, влез на Романија во војната (10 јули 1913) – без борба го зазеде цел север на Бугарија, контранапад на Османското Царство – повторно заземање на целата Источна Тракија вклучително Одрин (21/22 јули 1913). Клучни битки беа Брегалничка операција (2–9 јули) – тежок пораз од Србите, Килкис–Лаханас (2–4 јули) – уништувачки пораз од Грците, Кресненска клисура (крај на јули) – последна бугарска одбранбена победа. Според Букурешкиот мировен договор (10 август 1913) Бугарија ја губи целата Источна Тракија (вкл. Одрин), го задржува само Пиринскиот дел на Македонија и Струмичко, ги губи Јужна Добруџа во корист на Романија. Цариградскиот договор (29 септември 1913) официјално ја потврдува загубата на Источна Тракија на Османлиите.

Деветосептемвриски преврат

[уреди | уреди извор]
Бугарија во времето на Втората светска војна.

После доаѓањето на власт на Отчествениот Фронт на 9 септември 1944 година се организирал референдум за промена на формата на државното управување, на којшто бугарскиот народ гласал со 92,7% за републиканска форма на управување. На 15 септември 1946, Бугарија била прогласена за Народна република. Во 1947 Големото народно собрание го примило новиот Устав на Народна Република Бугарија.

  1. Кнежевство Бугарија де факто била независна држава според нејзиниот Устав, со сопствено знаме, грб, војска.
  2. Јовановски 2011, стр. 38.
  3. 1 2 Јовановски 2011, стр. 39.
  • Јовановски, Далибор (2011). Балканот од 1826 до 1913 година. Скопје: Филозофски факултет - Скопје.