Кнез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Титулата кнез запишана во текст од 12 век со глаголица, најден на островот Крк, Хрватска.

Кнез или књаз (старосл: кънѧзь;[1] ж. кнегиња) е аристократска титула која во разни историски периоди и во разни краишта имала различно значење.

Среден век[уреди | уреди извор]

На почеток овој израз означувал племенски или селски поглавар меѓу Словените, а подоцна со развојот на феудалното општество, означувал и монарх. Меѓу Источните Словени оваа титула означувала и крал (rex), додека кај Јужните Словени означувала владетел кој бил потчинет на некој крал. Во латинските записи ваквите кнезови обично ја имале титулата dux, што одговара на титулата војвода. Понекогаш им била додавана и титулата princeps, која означава крал.

Кај Источните Словени се развиле кнежевства како независни држави, како што била Киевска Русија, која на почеток била кнежевство, а потоа и Големо кнежество. Со распад на големото кнежевство во 13 век, повторно се појавиле повеќе кнежевства.

Подоцнежна употреба[уреди | уреди извор]

Во Царство Русија титулата Велики кнез била доделувана на синовите и внуците на царот во 18 век, поради што значењето е исто што и принц, а подоцна царот почнал да им ја доделува оваа титула како наследна на заслужните лица. Истата титула ја користеле две кнежевски семејства кои се претопиле со Царството Русија, некои аристократи од Грузија како и некои татарски припадници на аристикратијата.

Во 19 век оваа титула ја користеле полузависните владетели на Кнежевство Србија, Кнежевство Црна Гора и Кнежевство Бугарија, кои откако добиле целосна независност, ја презеле титулата крал.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]