Прејди на содржината

Референдум

Од Википедија — слободната енциклопедија

Референдумот претставува облик на непосредно одлучување на граѓаните за одреден правен акт или за донесување на одредена одлука од посебно значење за државата или локалната заeдница. Референдумот претставува најзначајна и најраспространета институција на непосредната демократија во светот.

Плебисцит е организирано изјаснување на народот по некое прашање. Настанал во Стариот Рим како облик на непосредна демократија. Разликите меѓу референдумот и плебисцитот се мали, при што референдумот почесто се применува кога се во прашање законите, а плебисцитот е во врска со изјаснувањето за обликот на владеење или некое друго важно прашање. Граѓаните се изјаснуваат со да или не. Во поновата историја користењето на плебисцитот прв го вовел Наполеон со поставување прашање дали народот го прифаќа за доживотен конзул, односно дали се признава наследноста на царската титула во неговата фамилија. Називот плебисцит првпат е употребен за време на владеењето на Наполеон III кој во два наврата непосредно му се обраќал на народот во 1851 и 1870 година.

За разлика од плебисцитот за внатрешните прашања, плебисцитот во врска со меѓународните прашања е еден од начините за остварување на правото за самоопределување. Со плебисцит се одлучува по прашањето за суверенитет на државата во која ќе живеат граѓанните. Во извесни ситуации, плебисцитот претставува само потврда за анексија, на пример, или за веќе однапред донесена одлука.

Референдумот во Република Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија референдумот е уставна категорија регулирана со членот 73 од Уставот на Република Македонија.[1] Референдум може да се распише по претходно гласање на мнозинството парламентарци или пак Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.

Формите на референдум се уредени со Уставот, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните од 2005 како и Законот за локална самоуправа од 2002.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]