Христијан Тодоровски-Карпош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христијан Тодоровски-Карпош
Hristijan Todorovski.jpg
Роден 3 септември 1921
Куманово, Кралство СХС
(денес Македонија)
Починал 7 февруари 1944(1944-02-07) (возр. 22)
Билјача, Прешевско

Христијан Тодоровски-Карпош (Куманово, 3 септември 19217 февруари 1944, Билјача, Прешевско) — македонски комунист и истакнат македонски партизан од НОВ.[1] Бил прогласен за Народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година,[2] како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Мирче Ацев и Кузман Јосифовски - Питу).

Животопис[уреди | уреди извор]

Како ученик станал член на СКОЈ уште од 1939 година. Поради неговите прогресивни идеи, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.

Учество во НОБ[уреди | уреди извор]

Во 1941 година учествува во прибирање на оружје, растурање на памфлети и дистрибуција на билтенот „Дедо Иван“, кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.

Се истакнал како организатор на Народноослободителната антифашистичка војска на Македонија (НОАВМ). Бил член на Козјачкиот партизански одред од 12 октомври 1941 година и член на партизанскиот штаб од Куманово. Откако одредот бил разбиен, преминувал во Вториот јужноморавски одред и Кукавичкиот одред, наизменично (1942-43). На 26 јуни 1943 година станал командант на Кумановскиот партизански одред, коj постепeно нараснувал и на 1 декември 1943 година бил официјално преименуван во Прв кумановски баталјон „Јордан Николов – Орце“.[3]

Бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 г. за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско.

Во негова чест се испеани неколку партизански песни: „Битка се бие кумановско поле“, „Давај ме, мила мамо, давај ме“, „Горо ле, горо зелена“ и „Марш на Трета македонска бригада“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Биста на народниот херој Христијан Тодоровски - Карпош пред истоименото училиште во селото Драгоманце

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, Скопје, 2009, книга II, стр. 1490.
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 379
  3. Македонска енциклопедија, Скопје, 2009, книга II, стр 1490.

Литература[уреди | уреди извор]