Блажо Тодоровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Blazo Todorovski.jpg
Роден 13 април 1902
село Ресава
Починал 8 јуни 1943(1943-06-08) (воз. 41 г.)
село Никодин
Познат партизан

Блажо Тодоровски - Чичето (с. Ресава, Кавадаречко, 13 април 1902 - с. Никодим, 7 јуни 1943) — македонски комунист, учесник во НОБ. Прогласен посмртно за народен херој на 11 октомври 1953 година.

Потекнува од сиромашно селско семејство. Се приклучил на комунистичкото движење и зел активно учество на изборите во 1938 година, агитирајќи за опозицијата. Веднаш по окупацијата на Југославија се поврзува со партијната организација во Кавадаречко и во летото на 1941 година става член на КПЈ. Во декември 1942 година ги прима партизаните од разбиениот Велешки одред, а во април 1943 самиот им се приклучил на партизанските групи кај Полошкиот манастир, од кои е формиран Тиквешкиот одред „Добри Даскалов“. Избран е за негов заменик-командант. Се истакнал во борбите кај селата Ресава, Гарниково, Бојанчиште и Драдња. На 7 јуни 1943 ударна група начело со Чичето извршува напад на стационираните бугарски сили во село Никодим, нанесувајќи му тешки загуби на бугарскиот окупатор. Во жестоките престрелки Блажо Тодоровски е тешко ранет па останува отсечен, но и во таква состојба продолжува да дава жесток отпор. Кога муницијата му привршува, извршува самоубиство, не дозволувајќи да биде фатен жив.