11 октомври
Од Википедија — слободната енциклопедија
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
11 октомври е 284-иот ден во годината според григоријанскиот календар (285-и во престапна година). Останува уште 81 ден до крајот на годината.
Настани:
| 1941 | Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Овој напад се смета за почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата. |
| 1954 | Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев. |
| 1963 | Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија, документарниот филм „Востанати“ работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание. |
| 1964 | Виет Мин ја презема контролата над Северен Виетнам. |
| 1994 | Во Анталија, Турција, на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка, на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакнала заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО. |
Родени:
| 1483 | Мартин Лутер — германски реформатор |
| 1885 | Франсоа Шарл Моријак — француски писател и публицист, добитник на Нобеловата награда за литература. |
| 1910 | Љубен Лапе — редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
| 1941 | Кирил Псалтиров — македонски актер. |
| 1963 | Жорди Вилјакампа — шпански кошаркар. |
| 1975 | Лабина Митевска — македонска актерка. |
Починале:
| 1670 | Луј Ле Во — истакнат француски барокен архитект. |
Празници:
| Ден на народното востание на Македонскиот народ |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |