Димче Мирчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Dimče Mirčev.jpg
Роден 13 ноември 1913
Велес
Починал 6 април 1944
Кавадарци

Димче Ѓошев Мирчев (Велес, 13 ноември 1913Кавадарци, 6 април 1944) бил македонски комунист, учесник во НОВ и организатор на НОВ во Велес. Прогласен е за народен херој на Југославија на 2 август 1949 година.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Димче Мирчев бил роден во Велес, на 13 ноември 1913 година. По завршување на основното училиште, бил пратен да учи занает.[2] Станал член на СКОЈ од 1933 и на КПЈ од 1935 година. Во периодот 1936-1941 година организирал повеќе штрајкови во Македонија и во Србија. Во 1940 година, бил приморан да се врати од Белград во Велес, каде веднаш бил избран во Месниот комитет на КП.[3] Повеќепати бил затворан.

Учество во НОВ[уреди | уреди извор]

Во 1941 година активно се вклучил во подготовките за вооруженото востание. Бил член на Воениот комитет при МК на КПЈ за Велес, организатор за формирањето на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ во април 1942, и заменик-командант на Одредот од септември истата година. По разбивањето на Одредот во 1943 година, преминал во илегалност, а од февруари 1944 година заминал на работа во Кавадарци, како секретар на Обласниот комитет на КПМ за Кавадарци. Во Кавадарци заедно со Киро Атанасовски подготвувале поголема група да замине во партизани. При една блокада во градот, двајцата борци наишле на бугарска полиција. Започнало пукање, а двајцата борци се нашле опколени во една куќа, на периферијата на градот. Поради тоа што одлучиле да не се предадат, пружале отпор на непријателите 7 часа додека имале муниција, а потоа извршиле самоубиство.[4][5]

За народен херој бил прогласен на 2 август 1949 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 239
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 236
  3. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 237
  4. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 239
  5. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 961 стр.