Јосиф Јосифовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Josif Josifovski.jpg
Роден 2 август 1915
Гевгелија
Починал 6 октомври 1943(1943-10-06) (воз. 28 г.)
Кленоец, Кичевско
Споменик на Свештарот во Струмица

Јосиф Јосифовски - Свештарот (Гевгелија, 2 август 1915 - с. Кленоец, Кичевско, 6 октомври 1943) бил македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој.

Биографија[уреди | уреди извор]

Јосиф Јосифовски бил роден во Гевгелија на 2 август 1915 година, во сиромашно семејство. Како стипендист се школувал во Крагуевац, Шумадија,[1] а потоа студиите ги продолжил на правниот факултет во Белград. Учествувал во сите демонстрации, протести и акции во Белград што ги организирале студентите, поради што бил апсен.[2] Станал член на КПЈ во 1938 година.

По завршување на студиите, неможејќи да најде работа во родниот град, Јосиф Јосифовски заминал во Струмица во 1940 година, каде се вработил како адвокатски приправник.

Учество во НОБ[уреди | уреди извор]

Неколку месеци по окупацијата, во септември 1941 година бил испратен во Ресенската околија како инструктор на ПК на КПЈ за Македонија. Негова задача била да помогне во кревањето на вооружено востание во тој регион, каде бил уапсен од страна на италијанската полиција.

На 6 јули 1942 година на планината Бигла бил формиран партизанскиот одред „Даме Груев“, а Јосифовски бил поставен за политички комесар. Потоа бил наименуван за политички комесар на баталјонот „Мирче Ацев“, а во септември 1943 година, политички комесар на Втората оперативна зона во Македонија.[3]

Загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките банди и германските сили, штитејќи ја слободната територија во Западна Македонија. Заедно со него во оваа борба загинaле повеќе од 70 партизани.

За народен херој бил прогласен на 11 октомври 1951 година.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 151
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 152
  3. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 153
  4. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 155