Шумадија
Шумадија Шумадија | |
---|---|
област во Србија | |
Шумадија означена на карта на Србија | |
Поважни населени места во Шумадија | |
Земја | Србија |
Најголем град | Крагуевац |
Население | |
• Вкупно | 1,407,143 |
Шумадија (српски: Шумадија) — географска област во Србија. Го добила името по шумите, кои некогаш го прекривале најголемиот дел од нејзината територија. Најважен град во областа е Крагуевац, кој воедно е административен центар на Шумадискиот округ.
Граници
[уреди | уреди извор]Областа се наоѓа меѓу реките Сава и Дунав од север, Велика Морава од исток, Западна Морава од југ и реките Колубара, Љиг и Дичина од запад.[1] Според некои толкувања (на пр. географот Јован Цвииќ и етнологот Јован Ерделјановиќ[2]), северната граница на Шумадија се протега меѓу планините Авала и Космај. Според тоа гледање, Белград не припаѓа на Шумадија.
Историја
[уреди | уреди извор]Среден век
[уреди | уреди извор]Во раниот XI век, Шумадија била територија на словенските племиња Мерехани (Моравци). Во 844 г. Баварскиот Географ ги споменува како соседи на јужните Франки.[3] Живееле во долините на Велика Морава и сè уште не биле потчинети од бугарската држава сè до 845 г. кога почнува приклучувањето на словенско население кон бугарското општество.[3][4] Шумадија е сместена веднаш севевероисточно од Рашка, која била јадрената територија на Српското кнежевство. Тогашните српски кнезови како Часлав Клонимировиќ (в. 927–960) и Константин Бодин (в. 1081–1101) придодавале делови од Шумадија кон својата територија, за на крај целата област да потпадне под власта на големиот жупан Стефан Немања и династијата Немањиќи (1166–1371).
Османлиски период
[уреди | уреди извор]Во XVIII век, шумите и ридовите на Шумадија биле прибежижте за ајдучките дружини кои се бореле против Османлиите. Во 1718 г. делови од Смедеревскиот санџак (цела Шумадија) биле ослободени од австриската војска, со што е основано вазалното Кралство Србија. По Руско-австриско-турската војна (1735–39) санџакот е возобновен. Во 1788 г. Слободниот корпус (Фрајкорите) под австриска команда ја ослободиле Шумадија и овозможиле понатамошно освојување на целиот санџак од страна на австриските сили, што довело до хабсбуршката окупација од 1788 до 1792 г. Во 1804 г. избило Првото српско востание и со тоа областа била ослободена и ставена под самостојна востаничка власт под водство на Караѓорѓе Петровиќ. Со Второто српско востание (1815) под водство на Милош Обреновиќ, османлиските војски се успешно одвратени, а во 1830 г. Србија стекнува целосна автономија и подоцна, независност на централна Србија.
Понова историја
[уреди | уреди извор]Од 1922 до 1929 г. Шумадиската област била административна единица на Кралството Југославија со приближно исти граници како денешниот Шумадиски округ и со административен центар во Крагуевац.
Поважни населени места
[уреди | уреди извор]Поголеми населени места во Шумадија се:
- Крагуевац
- Чачак
- Аранѓеловац
- Горни Милановац
- Јагодина
- Смедерево
- Смедеревска Паланка
- Младеновац
- Лазаревац
- Велика Плана
Помали населени места:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Миодраг Милошевић, Географија за 8. разред основне школе, Београд, 1994.
- ↑ Ivić, Beleske o biogračićkom govoru, Srpski dijalektoloski zbornik, 24/1978, 125
- ↑ 3,0 3,1 Коматина 2010, стр. 21
- ↑ Коматина 2010, стр. 22
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Шумадија на Ризницата ?
- Девиќ, Н. „Шумадија“. Српски академски круг. Архивирано од изворникот на 2015-03-17. Посетено на 2015-04-03. (српски)