Руско-турска војна (1735-1739)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руско-турска војна (1735-1739)
Австриско-турска војна (1737-1739)
Датум 1735 – 1 септември 1739
Место Балкан и Источна Европа
Исход Договор од Ниш
Договор од Белград
Завојувани страни
* Руско Царство  Османлиско Царство
Команданти и водачи
влашки водач - Константин Маврокордат

молдавски водач- Григориј

Вклучени единици
Српска милиција

Руско-турската војна (17351739) се одвила помеѓу Руската Империја и Османлиското Царство. Како една од најголемите причини за започнувањето на оваа војна е постојаните напади на кримските Татари во Украина во 1735 година и воениот поход на Кримското ханство во Кавказ, како и противречностите околу војната за полското наследство во 1733-1735 година.

Руска дипломатија пред војната[уреди | уреди извор]

Пред започнувањето на војната, Русија усоеала да склучи мировен договор со Персија со кое и ја вратила целата територија која била зазедена по Руско-персиската војна. Освен тоа Русија обезбедила поддршка за полскиот престолонаследник Август III кој во 1734 година седнал на престолот наспроти францискиот кандидат кој бил со османлиска поддршка. Претходно во 1726 година Русија и Австрија стапиле во сојуз.

Текот на војната[уреди | уреди извор]

Формалниот повод за објава на војната била постојаните напади на Кримските Татари во Украина кон крајот на 1735 година и воениот поход на кримскиот кан во Кавказ во 1736 година. Претходно, русите потпишале договор со Персија, со кој им биле вратени териториите на Персија кои Русија ги зазела по Руско-персиската војна (1722-1723)[1]. Русите по ова започнале акција за заземање на Крим и Азов. На 20 мај 1736 година руските сили кои броеле околу 60.000 војници завладеале со Перекоп[2]. Во исто време во регионот избила епидемија која ги принудила на Русите да се повлечат.

Од друга страна пак, руската војска со помош на 28.000 војници на 19 јуни го освоиле Азов во 1737 паднал и Очаков. Во 1737 година во војната влегла и Австрија, но претрпела порази од Османлиското Царство. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Bелград.

Мировен договор[уреди | уреди извор]

Во последната година од војната во 1739 година руската армија повторно го поминала Дњепар и ги поразила османлиските сили заземајќи три тврдини. Од друга страна пак Австрија доживеала пораз во Битката кај Грочка. Во следните денови бил потпишан Белградски договор по кој Австрија се повлекла од војната, а поради страв од шведска инвазија и Русија била принудена да преговара потпишувајќи го Нишкиот договор.

Според Белградскиот мировен договор, кој бил потпишан на 18 септември 1739 година, Австрија била потиснета од Балканот[3]. Така Белград и Шабац со цела Србија до Сава и Дунав, Влашка и дел од Босна биле повторно дадени на Османлиите. Австрија го задржала Банат но морала да ги сруши сите тврдини кои ги изградила во текот на владеењето на овие земји по Пожаревачкиот договор.

Според Нишкиот договор кој бил потпишан на 29 септември 1739 година, Русија се откажала од сите права над Крим и Молдавија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Treaty of Ganja (1735), Alexander Mikaberidze, Conflict and Conquest in the Islamic World: A Historical Encyclopedia, ed. Alexander Mikaberidze, (ABC-CLIO, 2011), 329.
  2. A Global Chronology of Conflict: From the Ancient World to the Modern Middle East, Vol. II, ed. Spencer C. Tucker, (ABC-CLIO, 2010), 732.
  3. Treaty of Belgrade (1739), Alexander Mikaberidze, Conflict and Conquest in the Islamic World: A Historical Encyclopedia, 210.