Хабсбуршка Монархија
Хабсбуршка Монархија[1] Habsburgermonarchie
| |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1526–1804 | |||||||||||||||||
Motto: Fiat iustitia, et pereat mundus "Let justice be done, though the world perish" | |||||||||||||||||
Химна: Gott erhalte Franz den Kaiser „Господ да го чува царот“ | |||||||||||||||||
Статус | Дел од Свето Римско Царство | ||||||||||||||||
Главен град | Виена (1526–1583) Прага (1583–1611) Виена (1611–1804) | ||||||||||||||||
Говорени јазици | службени јазици: латински, германскиb Останати јазици: унгарски, чешки, хрватски, романски, словенечки, словачки, дански, италијански, полски, босански, српски, француски | ||||||||||||||||
Вероисповед | Официјална религија: Римокатоличка црква Останати: Калвинизам, Лутеранство, Православие, Јудаизамa | ||||||||||||||||
Уредување | Феудална монархија | ||||||||||||||||
Монарх | |||||||||||||||||
• 1526–1564 | Фердинанд I (прв) | ||||||||||||||||
• 1792–1804 | Франц II (последен) | ||||||||||||||||
Државен канцелар | |||||||||||||||||
• 1753–1793 | Венцел Антон | ||||||||||||||||
Историски период | Ран нов век/Наполеонови војни | ||||||||||||||||
29 август 1526 | |||||||||||||||||
14 јули 1683 | |||||||||||||||||
1740–1748 | |||||||||||||||||
1787–1791 | |||||||||||||||||
4 август1791 | |||||||||||||||||
11 август 1804 | |||||||||||||||||
| |||||||||||||||||
Денес дел од | Австрија Белгија Предлошка:Country data Bosnia-Herzegovina Хрватска Чешка Франција Германија Унгарија Италија Лихтенштајн Луксембург Холандија Полска Романија Србија Словачка Словенија Швајцарија Украина | ||||||||||||||||
Хабсбуршка Монархија или Хабсбуршко Царство (германски: Habsburgermonarchie) — неофицијално име на државите и провинциите кои биле управувани од страна на австриската Хабсбуршка династија до 1780 година, а подоцна и од страна на нејзината наследничка Хабсбург-Лотаринги до 1918 година. Монархијата претставувала сложена држава составена од териториите во и надвор од Светото Римско Царство и обединета единствено пред монархот. Династичкиот главен град бил Виена, освен во периодот од 1583 до 1611 година[3], кога бил префрлен во Прага. Од 1804 до 1867 година, Хабсбуршката Монархија била официјално обединета како Австриско Царство додека во периодот од 1867 до 1918 година опстојувала како Австроунгарија[4][5].
Главата на австриската гранка на Хабсбуршката династија често бил избран како цар на Светото Римско Царство до распаѓањето на царството во 1806 година. Од 1415 година до распаѓањето на Светото Римско Царство единствено Карло VII од Баварија не бил член на Хабсбуршката династија како владетел на Австрија[6][7]. Самата монархија опфаќала и делови надвор од Светото Римско Царство, и поголемиот дел од монархијата била управувана од страна на други династии. Хабсбуршката Монархија обично не ги вклучувала сите територии под власта на Хабсбуршката династија. Од друга страна и Хабсбуршката династија често била поделувана на подгранки. Најголем пример било поделбата на териториите на управување во времето на Карло V, кога била основана т.н. Хабсбуршка Шпанија.
Потекло
[уреди | уреди извор]Хабсбуршката династија потекнува денешна Швајцарија и била наречена според истоимениот замок. По 1279 година фамилијата започнала да владее со Австрија. Својата сила династијата ја зголемила преку склучување на династички бракови и водење на успешни војни од страна на царот Максимилијан I по Првиот Виенски конгрес во 1515 година. По смртта на Лајош II во Мохачката битка[3], Хабсбурговците ја зеле круната на Унгарија и Бохемија во 1526 година, а како прв крал бил избран Надвојводата Фердинанд, кој бил помал брат на Карло V[8].
Терминологија
[уреди | уреди извор]Следува список на територии кои подоцна биле приклучени кон Австроунгарија и кои биле поистоветувани со Хабсбуршката Монархија:
- Хабсбуршка Монархија или Австриска Монархија (1526-1867). Овој термин бил неофицијален но многу често се употребувал.
- Австриско Царство (1804-1867). Овој термин бил официјално име на царството.
- Австроунгарија (1867-1918). Овој термин бил официјално име на царството, додека неофицијално се користел терминот Дунавска Монархија или Двојна Монархија, кое значело две држави на чие чело се наоѓа еден цар.
- Царски Земји (1849-1918). Овој термин често се однесувал на сите поединечни делови на Австриското Царство (1849-1867), а потоа и на Австроунгарија од 1867 година. Териториите на Кралство Унгарија не се сметале за царски земји по создавањето на Австроунгарија.
Унгарските делови од царството биле нарекувани „Територии на светата унгарска круна на Свети Стефан“. Чешките делови од царството биле нарекувани „Територии на светата бохемиска круна на Свети Вацлав“.
Територии
[уреди | уреди извор]- Австрија
- Војводство и Надвојводство Австрија
- Војводство Штаерска
- Војводство Корушка
- Војводство Крањска
- Трст
- Истра (иако голем дел од Истра беше венециска територија до 1797 година)
- Горица и Градишка
- Грофовија Тирол
- Изборно Кнежевство Салцбург
- Предарлска
- Бохемија
- Унгарија
- Словачка
- Романија
- Србија
- Хрватска
- Словенија [9]
Други територии:
- Големо Војводство Тоскана
- Војводство Парма
- Војводство Модена
- Австриска Холандија
- Миланско Војводство
- Венето
- Сардинско кралство
- Кралство Сицилија
- Олтенија
- Галиција и Лодомерија
- Полска
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The monarchy had no official name. Various names included:
- Хабсбуршка Монархија (Habsburgermonarchie)
- Хабсбуршко Царство (Habsburgerreich)
- Хабсбуршки територии (Habsburgische/Österreichische Erblande)
- Австриска Монархија (Österreichische Monarchie)
- ↑ "Smoldering Embers: Czech-German Cultural Competition, 1848–1948" by C. Brandon Hone. Utah State University.
- ↑ 3,0 3,1 "Czech Republic - Historic Centre of Prague (1992)" Heindorffhus, August 2007, HeindorffHus-Czech Архивирано на 20 март 2007 г..
- ↑ Vienna website; http://www.wien-vienna.com/austrohungary.php Архивирано на 23 ноември 2011 г.
- ↑ Encyclopedia Britannica online article Austria-Hungary; http://www.britannica.com/EBchecked/topic/44386/Austria-Hungary
- ↑ Metropolitan Museum of Art; http://www.metmuseum.org/toah/hd/habs/hd_habs.htm
- ↑ University of Wisconsin; http://faculty.history.wisc.edu/sommerville/351/holy%20roman%20empire.htm Архивирано на 12 мај 2016 г.
- ↑ „Ferdinand I“. Encyclopedia Britannica.
- ↑ Овие делови на Хабсбуршката монархија биле надвор Светото Римско Царство.