Хабсбуршка Монархија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хабсбуршка Монархија[1]
Habsburgermonarchie
Дел од Свето Римско Царство
1526–1804
Flag Грб
Гесло
Fiat iustitia, et pereat mundus
"Let justice be done, though the world perish"
Химна
Gott erhalte Franz den Kaiser
„Господ да го чува царот“
The Habsburg Monarchy in 1789.
Главен град Виена
(1526–1583)
Прага
(1583–1611)
Виена
(1611–1804)
Јазици официјални јазици:
латински, германскиb
Останати јазици:
унгарски, чешки, хрватски, романски, словенечки, словачки, дански, италијански, полски, босански, српски, француски
Вероисповед Официјална религија:
Римокатоличка црква
Останати:
Калвинизам, Лутеранство, Православие, Јудаизамa
Уредување Феудална монархија
Монарх
 -  1526–1564 Фердинанд I (прв)
 -  1792–1804 Франц II (последен)
Државен канцелар
 -  1753–1793 Венцел Антон
Историски период Ран нов век/Наполеонски војни
 -  Мохачка битка 29 август 1526
 -  Битка кај Виена 14 јули 1683
 -  Војна за наследство 1740–1748
 -  Австро-турска војна 1787–1791
 -  Договор од Свиштов 4 август1791
 -  Австриско Царство 11 август 1804
Минати
Следни
Надвојводство Австрија
Кралство Унгарија
Кралство Бохемија
CoA of the Kingdom of Croatia.svg Кралство Хрватска
Кнежество Трансилванија
Австриско Царство
Денес во  Австрија
 Белгија
Шаблон:Country data Bosnia-Herzegovina
 Хрватска
 Чешка
 Франција
 Германија
 Унгарија
 Италија
 Лихтенштајн
 Луксембург
 Холандија
 Полска
 Романија
 Србија
 Словачка
 Словенија
 Швајцарија
 Украина
  Main Czech Church, in the Kingdom of Bohemia recognized until 1627 when it was forbidden.
  German replaced Latin as the official language of the Empire in 1784.[2]

Хабзбуршка Монархија или Хабсбуршко Царство (германски: Habsburgermonarchie) — неофицијално име на државите и провинциите кои биле управувани од страна на австриската Хабсбуршка династија до 1780 година, а подоцна и од страна на нејзината наследничка Хабсбург-Лотаринги до 1918 година. Монархијата претставувала сложена држава составена од териториите во и надвор од Светото Римско Царство и обединета единствено пред монархот. Династичкиот главен град бил Виена, освен во периодот од 1583 до 1611 година[3], кога бил префрлен во Прага. Од 1804 до 1867 година, Хабзбуршката Монархија била официјално обединета како Австриско Царство додека во периодот од 1867 до 1918 година опстојувала како Австро-Унгарија[4][5].

Главата на австриската гранка на Хабсбуршката династија често бил избран како цар на Светото Римско Царство до распаѓањето на царството во 1806 година. Од 1415 година до распаѓањето на Светото Римско Царство единствено Карло VII од Баварија не бил член на Хабсбуршката династија како владетел на Австрија[6][7]. Самата монархија опфаќала и делови надвор од Светото Римско Царство, и поголемиот дел од монархијата била управувана од страна на други династии. Хабзбуршката Монархија обично не ги вклучувала сите територии под власта на Хабсбуршката династија. Од друга страна и Хабсбуршката династија често била поделувана на подгранки. Најголем пример било поделбата на териториите на управување во времето на Карло V, кога била основана т.н. Хабсбуршка Шпанија.

Потекло[уреди | уреди извор]

Хабсбуршката династија потекнува денешна Швајцарија и била наречена според истоимениот замок. По 1279 година фамилијата започнала да владее со Австрија. Својата сила династијата ја зголемила преку склучување на династички бракови и водење на успешни војни од страна на царот Максимилијан I по Првиот Виенски конгрес во 1515 година. По смртта на Лајош II во Мохачката битка[3], Хабсбурговците ја зеле круната на Унгарија и Бохемија во 1526 година, а како прв крал бил избран Надвојводата Фердинанд, кој бил помал брат на Карло V[8].

Терминологија[уреди | уреди извор]

Следува список на територии кои подоцна биле приклучени кон Австро-Унгарија и кои биле поистоветувани со Хабсбуршката Монархија:

  • Хабсбуршка Монархија или Австриска Монархија (1526-1867). Овој термин бил неофицијален но многу често се употребувал.
  • Австриско Царство (1804-1867). Овој термин бил официјално име на царството.
  • Австро-Унгарија (1867-1918). Овој термин бил официјално име на царството, додека неофицијално се користел терминот Дунавска Монархија или Двојна Монархија, кое значело две држави на чие чело се наоѓа еден цар.
  • Царски Земји (1849-1918). Овој термин често се однесувал на сите поединечни делови на Австриското Царство (1849-1867), а потоа и на Австро-Унгарија од 1867 година. Териториите на Кралство Унгарија не се сметале за царски земји по создавањето на Австро-Унгарија.

Унгарските делови од царството биле нарекувани „Територии на светата унгарска круна на Свети Стефан“. Чешките делови од царството биле нарекувани „Територии на светата бохемиска круна на Свети Вацлав“.

Територии[уреди | уреди извор]

Други територии:

  • Големо Војводство Тоскана
  • Војводство Парма
  • Војводство Модена
  • Австриска Холандија
  • Миланско Војводство
  • Венето
  • Сардинско кралство
  • Сицилијанско кралство
  • Олтенија
  • Галиција и Лодомерија
  • Полска

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The monarchy had no official name. Various names included:
    • Хабсбуршка Монархија (Habsburgermonarchie)
    • Хабсбуршко Царство (Habsburgerreich)
    • Хабсбуршки територии (Habsburgische/Österreichische Erblande)
    • Австриска Монархија (Österreichische Monarchie)
  2. "Smoldering Embers: Czech-German Cultural Competition, 1848–1948" by C. Brandon Hone. Utah State University.
  3. 3,0 3,1 "Czech Republic - Historic Centre of Prague (1992)" Heindorffhus, August 2007, HeindorffHus-Czech.
  4. Vienna website; http://www.wien-vienna.com/austrohungary.php
  5. Encyclopedia Britannica online article Austria-Hungary; http://www.britannica.com/EBchecked/topic/44386/Austria-Hungary
  6. Metropolitan Museum of Art; http://www.metmuseum.org/toah/hd/habs/hd_habs.htm
  7. University of Wisconsin; http://faculty.history.wisc.edu/sommerville/351/holy%20roman%20empire.htm
  8. „Ferdinand I“. Encyclopedia Britannica. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/204416/Ferdinand-I. 
  9. Овие делови на Хабсбуршката монархија биле надвор Светото Римско Царство.