Ран нов век

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Картата на Валдземилер собрана целосно, 1507 година

Во историјата, раниот нов век од поновата историја следува по Доцниот среден век. Иако хронолошките граници на овој период се предмет на дебата, временската рамка се протега низ Доцниот среден век (околу 1500 година) до почетокот на Ерата на револуции (околу 1800 година). Од глобална гледна точка, најважната карактеристика на раниот нов век е глобализирачкот карактер – го проследил истражувањето и колонизацијата на Америка и зголемувањето на одржливииот контакт помеѓу претходно изолираните делови од светот. Историските сили се повеќе се вклучувале во глобалната трговија. Оваа светска трговија на добра, растенија, животни и земјоделски култури ја карактеризираше трговијата помеѓу Стариот свет и Новиот свет. Колумбовската размена имала големо влијание на секое општество во светот.

Во светот, капиталистичките економии и институции станале се пософистицирани и глобално артикулирани. Процесот започнал со средновековните северни италијански град-држави, особено Џенова, Венеција и Милано. Во раниот нов век исто така почнал растот и почетокот на доминирањето на економската теорија на меркантилизмот. Исто така почнала и европската колонизација меѓу 15 и 19 век која резултираше со проширување на христијанството низ целиот свет.

Рано-модерните трендови во различни региони од светот претставувале оддалечување средновековниот начин на организација, некогаш политички, а некогаш економски. Периодот во Европа бил сведок на опаѓањето на христијанската теократија, феудализам и кметство и ги вклучува Реформацијата, катастрофалната Триесетгодишна војна, Комерцијалната револуција, Европската колонизација на Америка и Златниот век на пиратството. Во почетокот на раниот нов век, на власт во Кина, династијата Минг била една од ”најважните периоди на уредно владеење и социјална стабилност но историјата на човештвото”.[1] До 16 век економијата на династијата Минг била стимулирана преку тргување со Португалците, Шпанците и Холанѓаните. Периодот Азучи-Момојама во Јапонија го забележа Нанбанскиот трговски период по пристигнувањето на првите Европјани, Португалците.

Други значајни трендови во Нов век се развојот на експерименталната наука, намалувањето на релативната оддалеченост преку подобрувања во транспортот и комуникацијата, забрзан технолошки напредок, секуларизирана граѓанска политика и раните авторитативни национални држави во разни региони од светот.

Содржина

Хронологија на раниот нов век[уреди | уреди извор]

Бразилско царствоОбединето Кралство на Бразил, Португалија и АлгарваКолонија БразилИсторија на МексикоВицекралство Нова ШпанијаОсвојување на АцтекитеИсторија на САДКанада под британска властБританска АмерикаНова ФранцијаМисисипска култураВладеење на КомпаниитеМогулско ЦарствоИсламски држави во ИндијаДинастија ЧосонЕдо период (Токугава)Азучи-Момојама периодСенгоку периодМуромачи периодЌинг (династија)Минг (династија)Златна ОрдаРуска империјаЅунгарски ханатЧагатај ХанатОсманска СиријаЕгипетски ејалетМамлучки султанатад на Отоманската ИмперијаСтагнација на Отоманската империјаТериторијално проширување на Отоманската ИмперијаОсманско царствоОбединување на ИталијаАпенините под туѓа контролаИталијански војниИталијанска ренесансаГерманска конфедерацијаРајнска КонфедерацијаРасцепкана ГерманијаТриесетгодишна војнаРеформацијаГерманска ренесансаСвето римско царствоРуска империјаЦарство РусијаВелико московско кнежевствоФранција во 19 векФранцуска револуцијаФранција во Средниот векКралство ФранцијаФранцуска ренесансаСтар редОбединето кралство на Велика Британија и ИрскаИндустриска револуцијаКралство Велика БританијаКралство АнглијаБританија во раниот нов векMid-19th-century SpainРеконквистаПросветителство во ШпанијаШпанска ренесансаШпанско колонијално царствоШведско-норвешка унијаДанскаИсторија на ШведскаДанско-норвешка унијаУнија од КалмарНов векДоцен среден век
Датумите се точни, повеќе објаснето во други статии
         Ран нов век      Пред/Потоа

Европа и Западот[уреди | уреди извор]

Овој период во Западна Европа се нарекува ран нов век и ги сочинува Протестантската Реформација, Европските верски војни, Големите географски откритија и почетокот на европскиот колонијализам, појавата на силни централизирани влади, почетоците на препознатливите национални држави кои се директни претходници на денешните држави, Просветителството и преку научниот напредок, првата фаза од Индустриската Револуција. Појавата на културна и политичка доминантност во Западниот свет во овој период е Големото Разидување (Големото Чудо).

Раниот нов век завршува со Француската револуција, Наполеонските војни и распаѓањето на Светото Римско царство на Виенскиот конгрес. При крајот на раниот нов век, Британското и Руското царство излегле како светски сили од мултиполарниот натпревар на колонијалните империи, додека трите најголеми азиски царства во раниот нов век, Отоманското царство, Могулското Царство и династијата Ќинг навлегле во период на опаѓање.

Ренесансата и 'Раниот нов'[уреди | уреди извор]

Изразот ”ран нов век” некогаш се користи неточно како замена за зборот Ренесанса. Сепак ”Ренесанса”, точно се користи во врска со различните културни движења што се случиле во текот на неколку стотина години на различни места во Европа – особено во централна и северна Италија – и се протега од преминот од доцната средновековна цивилизација до почетокот на раниот нов век. Во визуелната уметност и архитектурата, терминот ”ран нов век” не е често користена ознака бидејќи Ренесансата е период различен од подоцнежниот. Само во проучувањето на литературата раниот нов век е стандардна ознака. Европската музика во овој период главно е проделена на Ренесанса и Барок. Слично на тоа, филозофијата е поделена на Ренесансна филозофија и Просветителство. Во другите полиња како војување и наука има поголем континуитет низ периодот.

Европски настани и датуми

Почетокот на раниот нов век се знае точно, но е општо прифатено дека започнал во доцниот 15 или раниот 16 век. Важните датуми во оваа преодна фаза од средновековна Европа до Европа во раниот нов век можат да се забележат:

Европските кралства и движења[уреди | уреди извор]

Во раниот нов век, Светото Римско царство било унија од територии во Средна Европа под власта на светиот римски цар. Првиот Цар на Светото Римско царство бил Отон I. Последниот бил Франц II, кој абдицирал и го растурил Царството во 1806 за време на Наполеонските војни. И покрај името, во поголемиот дел од неговата историја, Царството не го имало Рим во своите територии.

Ренесансата[2] била културно движење кое траело од 14 до 17 век, започнувајќи во Италија во Доцниот среден век и потоа се проширило во останатиот дел на Европа. Терминот исто така се користи послободно означување на историската ера, но бидејќи промените на Ренесансата не биле исти ширум Европа, ова е општа употреба на терминот. Како културно движење, вклучувало бунт на учењето базирано на класични извори, развојот на линеарна перспектива во учењето и постепена но опширна образовна реформа.

Важни личности[уреди | уреди извор]

Гутенберг го разгледува доказот за печатење (гравура во боја направена најверојатно во 19 век)

На Јохан Гутенберг му се припишува употребата на првото печатење со подвижни делови, околу 1439 и измислувањето на механичката машина за печатење. Никола Коперник формулирал разбирлива хелиоцентрична космологија, што ја тргнало Земјата од центарот на универзумот.[3] Неговата книга, De revolutionibus orbium coelestium (За револуциите на небесните сфери) ја започнала модерната астрономија и била епифанијата (појавата) што ја започнала Научната револуција. Друга важна личност бил Николо Макијавели, италијански филозоф и политичар. Тој се смета за основач на модерната политичка наука. Макијавели е познат по кратката политичка студија, Владетелот, дело од реалистичката политичка теорија.

Помеѓу поважните владетели од тоа време Шарл Дрскиот, како што му бил познат на непријателите,[4] бил последниот војвода на Бургундија од династијата Валоа и неговата прерана смрт била важен, недоволно признат момент од европската историја. Шарл се сметал за последниот претставник на феудалниот дух – човек кој немал друга доблест освен слепата храброст. По неговата смрт, Шарл ја оставил неговата немажена 19-годишна ќерка, Марија од Бургундија, како негов наследник; нејзиниот брак ќе има сериозни последици на политичката рамнотежа на Европа. Хабсбуршкиот цар ќе ја обезбеди нејзината рака за неговиот син, идниот свет римски цар Максимилијан I, со помош на маќеата на Марија, Маргарета. Во 1477 година, териториите на Војводството Бургундија биле припоени од Франција. Во истата година Марија се омажила со Максимилијан, надвојводата на Австрија, со што на Хабсбурзите им дало контрола врз остатокот од бургундското наследство.

Клод од Лорена, била војвода на Гиз од 1528 година па се до неговата смрт и се истакнал во битката кај Марињано (1515) и долго се опоравувал од дваестет и двете рани што ги здобил во битката. Во 1521 година, се борел кај Фуентерабија и Луиза Савојска му го препишала нему заземањето на местото. Во 1523 станал гувернер на Шампања и Бургундија, откако ги победил царските војници кои биле испратени да ги заземат тие региони кај Нефшато. Во 1525 година, ја уништил анабаптистичката селанска војска, којашто ја имало во голем број во Лорена, кај Лупстен, во близина на Саверн. Откако Франсоа I се вратил од заробеништво во 1528 година, Клод бил прогласен за војвода на Гиз во француското перство, иако дотогаш само принцевите од кралското семејство ја имале титулата војвода и француски пер. Династијата од Гиз, биле кадети во благородничкото семејство на Лорена и наследници на Анжујската династија, барале предност пред бурбонските принцеви од Конде и Конти.

Третиот војвода од Алба бил благородник важен за раниот нов век, наречен ”Железниот војвода” од протестантите од Ниските земји поради строгото владеење и суровост. Приказни за злосторствата направени за време на неговите походи во Фландрија станале дел од холандскиот и англискиот фолклор, формирајќи го централниот дел од Црната Легенда.

Во Англија, Хенри VIII бил крал на Англија и важна фигура во историјата на англиската монархија. Иако во поголемиот дел од своето владеење тој брутално ја потиснувал Протестантската реформација во Англија,[5] движење со корени од 14 век за времето на Џон Виклиф, попопуларен е по неговите политички судири со Рим. Овие судири на крајот довеле до одвојувањто на Англиската црква од папската власт, распуштањето на манастирите и се назначил себеси за Поглавар на Црквата на Англија. Тој се вели дека на својата смртна постела станал протестант, а целиот живот тој барал католички церемонии и доктрини. Кралска поддршка за Англиската реформација започнала со неговите наследници, побожниот Едвард VI и познатата Елизабета I, а додека неговата друга ќерка Мери I привремено ја вратила папската власт над Англија. Хенри исто така ја надгледувал унијата меѓу Англија и Велс со Законите во велшките акти 1535-1542 година. Тој исто така е познат по тоа што имал шест жени, од кои две биле обезглавени.

Христијаните и христијанството[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на христијанството.

Христијанството на почетокот на новиот век го гледало падот на Константинопол во 1453 година, крајот на Стогодишната војна, откривањето на Новиот свет во 1492 година и потоа и различни движења за реформи во Црквата (Лутеранци, Цвинглисти, Калвинисти и др.), по кои следувала Против-Реформацијата.

Крајот на крстоносните војни и обединетост[уреди | уреди извор]

Во Хуситските војни имало воени дејствија против и помеѓу следбениците на Јан Хус во Чешка што на крајот завршиле со битката кај Гротники. Исто така што е познато во Хуситските војни е дека тие биле првите европски војни во кој рачните огнени оружја како мускетите направиле голема разлика. Таборитската фракција од Хуситските војници биле пешадија и нивните порази над поголеми војски со тешко оклопени витези помогнале во ефектот на пешадиската револуција. Се на се, Хуситските војни немале јасен победник.

Последната крстоносна војна, крстоносната војна од 1456 година, се организирала против се поголемото Османско Царство и да се прекине опсадата на Белград предводена од Јанош Хуњади и Џовани да Капистрано. Опсадата избувнала во голема битка, во која Хуњади го предводел ненадејниот контранапад кој го зазел турскиот камп, со што самиот султан Мехмед II бил ранет и морал да ја подигне опсадата и да се повлече. Опсадата на Белград се карактеризира како решавачка за судбината на Христијанството. Ѕвонењето на пладневното ѕвоно било започнато по наредба на папата Каликст III, е посветено на оваа победа низ целиот христијански свет до ден денес.

По речиси сто години, мирот од Аугсбург ставил крај на идејата дека сите христијани можат да бидат обединети под една црква. Принципот на cuius regio, eius religio (чиј што е регионот, ќе си има таква вера) ги основал верските, политичките и географските поделби во hристијанството, и ова се прогласило за меѓународен закон со Договорот од Вестфалија во 1648 година, која законски го завршила концептот на единствена христијанска хегемонија т.е. ”Една, Света, Католичка и Апостолска црква” од Никејскиот собор. Секоја власт си ја одредувала верата на својата држава. Христијаните кои живееле во региони каде нивната деноминација не била одредената Црква им се гарантирало правото да ја практикуваат својата вера во јавност во одредени часови и приватно по нивен избор. Со Договорот од Вестфалија, Верските војни завршиле, а од Договорот од Утрехт од 1713 година се родил концептот за суверена национална држава. Оттогаш постоел Corpus Christianum кој бил со модерната идеја за толерантно и разновидно општество сочинето од повеќе заедници.

Инквизициите и реформациите[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Шпанска инкнизиција“, „Реформација“, и „Инквизиција.

Модерната инквизиција се однесува на која било од неколкуте институции кои ги суделе и осудувале еретиците (или други прекршители на канонското право) во Католичката црква. Во Новиот век, првата манифестација била шпанската инквизиција од 1478 до 1834.[6] Инквизицијата ги прогонувала индивидуалците обвинети за разни кривични дела поврзани со ерес, магија,[7] богохулење, јудаизација и вештерство како и за цензура на печатена литература. Поради нивната цел – борба против ереста – инквизицијата имала право само над крштеваните членови на Црквата (кое го вклучувало поголемот дел од населението во католичките земји). Секуларните судови сеуште можеле да им судат на нехристијаните за богохулење. (поголемиот дел од судењата на вештерките биле преку секуларни судови.)

Реформацијата и засилувањето на модерноста во раниот 16 век го подразбираше почетокот на серија промени во Corpus Christianum. Мартин Лутер ја предизвикал Католичката црква за да ја започне Реформацијата. Протестантската реформација била христијанско реформаторско движење во Европа кое се смета дека почнало со деведесет и петте тези на Мартин Лутер иако голем број претходници како Јан Хус дејствувале пред овој настан. Протестантското движење во 16 век било под закрилата на изборните кнезови на Саксонија. Изборното кнежевство Саксонија било независно, наследно кнежевство во рамките на Светото Римско царство. Изборниот кнез Фридрих III го основал универзитетот во Витенберг во 1502, каде августинскиот монах Мартин Лутер бил професор по филозофија во 1508 година; во исто време станал еден од проповедниците во црквата во замокот во Витенберг. На 31 октомври 1517 година, тој ги закачил деведесет и петте тези против продавањето индулгенции на вратата на Црквата на Сите Светци, која служела како огласна табла за известувањата од универзитетот.[8] Овие биле точки за дебата кои ги критикувале Црквата и папата. Најконтроверзните точки се центрирани на практиката на продавање индулгенции и политиката на Црквата за чистилиштето. Реформистичкото движење набрзо се поделило на одредени доктрински патеки. Духовните несогласувања помеѓу различните водечки фигури довеле до произлегувањето на на спротивставени протестантски цркви. Најважните деноминации произлегле директно од Реформацијата биле Лутеранците и Реформистите/Калвинистите/Презбитеријанците. Процесот на реформи имал одлучувачко различни каузи и ефекти во другите земји. Во Англија, каде што се појавил Англиканизмот, овој период е познат како Англиска реформација. Следните протестантски деноминации своето потекло го имаат од почетните реформаторски движења.

Од подоцнежните инквизиции цо новиот век, постоеле две манифестации:[6]

  1. Португалската инквизиција (1536-1821)
  2. Римската инквизиција (1542-околу 1860)

Португалската инквизиција била локален аналог на попознатата шпанска инквизиција. Римската инквизиција била на поголемиот дел од Апенинскиот Полуостров како и Малта и исто така постоеле делови на папска власт во други делови од Европа, вклучувајќи го и Авињон.

Католичката реформација започнала во 1545 на Соборот во Тренто се побарало реакција против ”Протестантскиот бунт”. Идеата била да се реформира состојбата на световност и неред во која западнало дел од свештенството во Црквата, реафирмирајќи го духовниот авторитет и позиција на Католичката црква како единствена Црква на Христа на Земјата, како и да се спречи поголема штета на Црквата и нејзините верници од страна на новоформираните протестантски деноминации.

Руско царство[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Царство Русија.

Во развојот на идеите за Трет Рим, Великиот кнез Иван IV Грозни[9], официјално бил крунисан за првиот цар (”Цезар”) на Русија во 1547 година. Царот прогласил нов кодекс на закони (Судебник од 1550 година), го основал првото руско феудално претставничко тело (Земскиот Собор) и вовел локална самоуправа во руралните региони.[10][11] За време на неговото долго владеење, Иван IV речиси ја удвоил веќе големата руска територија со припојувањето на трите татарски ханати (делови од распаднатата Златна Орда): Казан и Астрахан по текот на реката Волга и Сибирскиот ханат во југозападен Сибир. Со тоа до крајот на 16 век Русија се претворила во мултиетничка, мултиконфесионална и трансконтинентална држава.

Откритија и трговија[уреди | уреди извор]

Картата на светот на Кантино (1502 година), најстарата португалска поморска карта, покажувајќи ги резултатите од истражувањата на Васко де Гама во Индија, Колумбо во Средна Америка, Гаспар Кортереал во Њуфаундленд и Педро Алвареш Кабрал во Бразил. Меридијанот од Тордесиљас, кој го дели светот на португалска и шпанска половина е исто така прикажан

Времето на Големите географски откритија било период од раниот 15 и продолжил се до 17 век, кога европските бродови пловеле ширум светот во потрага по нови трговски линии и партнери кои ќе го хранат зголемениот капитализам во Европа. Исто така барале нови трговски добра како злато, сребро и зачини. Во тој процес, Европјаните сретнале луѓе и ги ставиле на карта земјите за кои претходно не знаеле. Овој фактор во европскиот ран нов век бил од глобализаторски карактер; ’откривањето’ на Америка и појавата на одржлив контакт помеѓу претходно изолираните делови од светот бил важен историски настан.

Потрагата по нови трговски линии се базирала на фактот дека Патот на свилата бил под контрола на Османското Царство, кое било пречка за европските комерцијални интереси, а другите источни трговски линии не им биле достапни на Европјаните поради муслиманска контрола. Способноста да ги заобиколат северноафриканските муслимански држави било клучно за преживувањето на Европа. Во исто време Иберијците научиле многу од нивните арапски соседи. Северозападниот дел од Евроазија имал многу долг брег и претрпел најмногу влијание од својата поморска историја од кој било друг континент. Европа е убаво сместена помеѓу неколку мориња на кои се плови и на кои имало и многу пловни реки со што се олеснило влијанието морскиот сообраќај и трговија. Во поморската историја на Европа, караките и каравелите го имале латинското едро со што бродовите подобро маневрирале. Преку преводот на арапските верзии на старогрчките географски дела на латински, европските морепловци се здобиле со подобро знаење за изгледот на Африка и Азија.

Трговски капитализам[уреди | уреди извор]

Меркантилизмот бил доминантната школа за економска мисла низ раниот нов век (од 16 до 18 век). Ова довело до првите случаи на значителна владина интервенција и контрола над економијата и во овој период поголемиот дел од модерниот капиталистички систем бил основан. Во светот, меркантилизмот ги поттикнал европските војни во периодот и го засилил европскиот империјализам. Вербата во меркантилизмот започнала да исчезнува во доцниот 18 век, бидејќи аргументите на Адам Смит и други класични економисти победил.

Комерцијалната револуција била период на економско проширување, колонијализам и меркантилизам кој траел од 16 до раниот 18 век. Започнувајќи со Крстоносните војни, Европјаните повторно ги откриле зачините, свилата и други стоки кои биле ретки во Европа. Овој развој на настани довел до желба за трговија и трговијата се проширила во втората половина на Средниот век. Европските држави, преку Големите географски откритија, барале нови трговски линии во 15 и 16 век, што им овозможило на европските сили да изградат големи, нови меѓународни трговски мрежи. Државите исто така барале нови извори на богатство. За да се справат со ова новопронајдено богатство, се создале нови економски теории и практики. Поради натпреварувачкиот национален интерес, државите сакале поголема светска моќ преку нивните колонијални империи. Комерцијалната револуција е означена со зголемување на трговијата и порастот на непроизводствените работи, како банкарство, осигурување и инвестиции.

Трговијата и економијата на Новиот свет[уреди | уреди извор]

Во Стариот свет, најпосакуваните трговски добра биле злато, сребро и зачини. Западните Европјани го користеле компасот, нови технологии за морепловство, нови мапи и напредокот во астрономијата при барањето на пат до трговските линии со Азија за вредните зачини кои би биле неспорни за медитеранските сили.

Барани трговски добра

Во врска со напредокот во бродоградбата, најважни биле создавањето на дизајните за караката и каравелата во Португалија. Овие бродови еволуирале од средновековните европски дизајни од Северното море и од христијанскиот и муслиманскиот Медитеран. Тие биле првите бродови кои ги напуштиле релативно мирните води на Средоземното, Балтичкото и Северното море и испловиле безбедно на отворениот Атлантски Океан.

Кога караката и каравелата биле развиени во Иберија, мислите на Европјаните се вратиле на легендарниот Исток. Овие истражувања биле од повеќе причини. Монетаристите веруваат дека главната причина за Големите географски отркитија била поради недостатокот на скапоцени метали во Европа. Европската економија зависела на златните и сребрени валути, но ниските домашни залихи ја турнале Европа во рецесија. Друг фактор бил повеќевековниот конфликт помеѓу Иберијците и муслиманите на југот.

Златниот век на пиратството[уреди | уреди извор]

Златниот век на пиратството е ознака која им била ставена на едно или повеќе испади на пиратството во раниот нов век. Во најшироко прифатената дефиниција, Векот на пиратството се протегал од средината на 17 до средината на 18 век. Периодот на пиратите е само во доцниот 17 век. Овој период е окарактеризиран со нападите на Англо-француските морнари со бази на Јамајка и Тортуга врз шпанските колонии и трговски линии на Карибите и источниот Пацифик. Во 18 век започнал Пиратскиот круг. Тие се занимавале со долги патувања од Бермуда и Америка за ограбување на нивните муслимански цели и оние на Источно Индиската Компанија во Индискиот Океан и Црвеното Море. Периодот по Војните за шпанското наследство кој се протегал од раниот 18 век, кога Англо-американските морнари и гусари останале невработени од крајот на Војните за шпанското наследство се свртиле кон пиратство во Карибите, американското источно крајбрежје, западниот африкански брег и Индискиот Океан.

Европските држави и политика[уреди | уреди извор]

Периодот од 15 до18 век е означен со првите европски колонии, појавата на силна централизирана власт, почетокот на препознатливите европски држави кои се директни претходници на денешните држави. Иако во Ренесансата имало многу револуции на повеќе интелектуални нивоа, како и социјален и политички пресврт, сепак е најпозната по европските уметнички настани и придонесите на полимати (многу учени луѓе) како Леонардо да Винчи и Микеланџело, кои биле инспирација за терминот ”Ренесансен човек”.[12][13]

Во Барокот, Триесетгодишната војна се одвивала во Средна Европа, која го намалила населението за 20%. Договорите од 1648 година прекинале неколку војни во Европа и го започнале создавањето на суверените држави. Мирот од Вестфалија се однесува на два мировни договори од Оснабрик и Минстер, потпишани на 15 мај и 24 октомври 1648 година и биле напишани на француски јазик и ги завршиле Триесетгодишната војна во Светото Римско царство (денес најголем дел од Германија) и Осумдесетгодишната војна меѓу Шпанија и Холандската Република. Договорите ги вклучувале Светиот Римски цар Фердинанд III (Хабсбуршка династија), кралствата Шпанија, Франција и Шведска, Холандската Република и нивните сојузници помеѓу принцевите и слободните царски градови во Светото Римско царство.

Мирот од Вестфалија бил резултат на првиот модерен дипломатски конгрес. До 1806 година, регулативите станале дел уставните закони на Светото Римско Царство. Пиринејскиот договор, потпишан во 1659 година, ја завршил војната меѓу Франција и Шпанија и често се смета за дел од вкупниот договор.

Апсолутизам[уреди | уреди извор]

Ерата на Апсолутизмот ја опишува моќта на владетелот како непопречена од останатите институции, како црквите, законодавството или социјалните елити на Европските владетели при транзицијата од феудализам на капитализам. Владетелите опишани како апсолутен можат да се најдат од 17 па се до 19 век. Апсолутизмот се карактеризира како со крајот на феудалното делење, консолидација на моќта на владетелот, произлегувањето на политичката моќ, обединувањето на државните закони и намалувањето на влијанието на благородништвото.

Француската моќ[уреди | уреди извор]

За време на поголемиот дел од владеењето на Луј XIV, кој бил познат и како ”кралот-сонце” (француски: le Roi Soleil), Франција била водечката сила во Европа и се борела во три војниФранцуско-холандската, Деветгодишната војна (Војните на Лигата од Аугсбург) и војната за шпанското наследство – и два мали конфликти – Деволуционата војна и Војната за повторно обединување. Луј верувал во Божјото право на кралевите да владеат, теорија според која кралот бил крунисан од Бог и Му одговарал само Нему. Како последица на тоа, тој се смета за архетип на апсолутен владетел. Луј XIV ја продолжил работата на неговиот претходник за да создаде централизирана држава со која се владеело од главниот град за да се збришат остатоците од феудализмот кој постоел во делови од Франција. Тој успеал да ја скрши моќта на провинцијалното благородништво, повеќето од кое се кренало на бунт за време на неговото малцинство наречено Фронда (Fronde) и ги принудил водечките благородници да живеат со него во раскошната Версајска палата.

Личности кои зеле активно учество во политичкиот и воениот живот во Франција во овој период се кардиналот Жил Мазарен, Жан-Батист Колбер, Анри де Турен, Себастиен де Вобан. Француската култура исто така цветала во овој период, каде излегле голем број познати личности, вклучувајќи ги Жан-Батист Поклен – Молиер, Жан Расин, Никола Боало, Жан де Лафонтен, Жан-Батист Лули, Шарл Лебрен, Ијасент Риго, Луј Ле Во, Жил Ардуен Мансар, Клод Перо и Андре Ле Нотр.

Раноанглиските револуции[уреди | уреди извор]

Пред Ерата на Револуции, Англиската граѓанска војна била серија на вооружени конфликти и политички сплетки помеѓу Парламентарците и Ројалистите. Во првата и втората граѓанска војна спротивставени страни биле поддржувачите на Чарлс I против поддржувачите на Долгиот Парламент, а во третата војна имало борби помеѓу поддржувачите на Чарлс II и оние на Задниот Парламент. Граѓанската војна завршила со победа на Парламентарците во битката кај Вустер. Монополот на Англиската црква за христијанство во Англија завршила консолидирањето на постоечкиот протестантска доминација во Ирска. Во војните со тоа произлегол Уставот, според кој англискиот владетел не можел да владее без согласноста на Парламентот. Англиската Реставрација, или само Реставрацијата, започнала во 1660 година кога англиската, шкотската и ирската монархија се вратиле под власта на Чарлс II по крајот на Комонвелтот што следувал по Англиската граѓанска војна. Славната Револуција од 1688 година била основа за парламентарната демократија во Англија.

Меѓународната рамнотежа на моќта[уреди | уреди извор]

Војната за шпанското наследство се водела од 1701 до 1714, кога неколку европски сили се бореле да го запрат можното обединување на кралствата Шпанија и Франција под власта на еден бурбонски владетел, со што би ја нарушило рамнотежата на моќ во Европа. Се водела главно во Европа, но ја вклучувало и Војната на кралицата Ен во Северна Америка. Оваа војна била позната по одличните генерали Клод Луј Ектор де Вилар, јакобитскиот војвода од Берик, војвода од Марлборо и принцот Евгениј Савојски.

Мирот од Утрехт поставил неколку самостојни мировни договори кои биле потпишани во холандскиот град Утрехт склопени помеѓу различни европски држави кои помогнале за крајот на Војната за шпанското наследство. Претставниците кои се сретнале биле Луј XIV од Франција и Филип V од Шпанија од една страна и кралицата Ен од Велика Британија, Савојскиот војвода и Холандската Република на другата. Договорот го потврдил поразот на француските амбиции изразени во војните од страна на Луј XIV и го зачувале европскиот систем кој се базирал на рамнотежа на моќта.[14] Договорот од Утрехт ја означил промената во морската надмоќ: од Шпанија на Британија.

Колонијална експанзија и поседи[уреди | уреди извор]

- Колонизацијата на светот во 1492 (светот во раниот нов век), 1550, 1660 (Просветителството), 1754 (Ерата на Револуции), 1822 (Индустриската Револуција), 1885 (европската хегемонија), 1914 (Првата светска војна), 1938 (Втората светска војна), 1959 (Студената војна), 1974 (блиската историја), 2008 (светот денеска).

Историскиот феномен на колонизација во новиот век се центрира на Британската империја, иако терминот колонијализам се користи како референца за неповрзаните прекуморски империи отколку поврзаните империи создадени преку копнено освојување, дали тоа биле европски или не. Европската колонизација од 15 до 19 век резултирала со ширење на Христијанството во Супсахарска Африка, цела Америка, Австралија и Филипините.

Освојување и истражување на Америка[уреди | уреди извор]

Кристофер Колумбо ја открил Америка во 1492 година. Како последица на тоа, поголемите поморски сили и испратиле експедиции до Новиот свет за да изградат трговски мрежи и колонии и да го покрстат локалното население. Папата Александар VI ги поделил новооткриените земји надвор од Европа меѓу Шпанија и Португалија по меридијан 370 лиги (околу 1776 километри) западно од Зеленортските острови (од брегот на Африка). Оваа поделба никогаш не била прифатена од владетелите на Англија и Франција. (види ја статијата Договорот од Тордесиљас, кој следувал по папскиот декрет.)

Колонијална Северна Америка[уреди | уреди извор]

Велика Британија имала неколку колонии во Северна Америка и Западна Индија. Колониите во Северна Америка биле основани помеѓу 1603 (Вирџинија) и 1733 (Џорџија) година. Британските колонии во Северна Америка се побуниле против британската власт во 1775 година, поради наметнатиот данок врз колониите од Велика Британија. Тринаесетте Колонии биле дел од Британска Америка и ова име се користело од Велика Британија кога со Парискиот мировен договор се признала независноста на оригиналните тринаесет Соединети Американски Држави во 1783. Привремена влада се формирала за да ја прогласи независноста, која денес се слави за датумот 4 јули 1776 година и потоа станале изворните тринаесет соединети држави.

Колонијална Латинска Америка[уреди | уреди извор]

Шпанија се концентрирала на градење империја во централните и јужните делови на Америка кои и биле доделени нејзе со Договорот од Тордесиљас, поради присуството на домородни држави чии човечки и материјални ресурси можела да ги користи, и големото количество на злато и сребро. Португалците ја изградиле империјата во Бразил, кој паднал во нивната сфера на влијание со Договорот од Тордесиљас, преку развивање на земјата за производство на шеќер поради тоа што таму немало големи, сложени општества или минерални ресурси.

Африка и Блискиот Исток[уреди | уреди извор]

Османско царство[уреди | уреди извор]

Во овој период, периодот на територијално проширување на Османското царство следувал по подемот на Османското царство во кој Османското царство стигнало до Pax Ottomana (Отоманскиот мир). Ова време се смета за Златното доба на Османското царство.

Северна и Источна Африка[уреди | уреди извор]

Во овој период, Османлиите се прошириле на југозапад кон Северна Африка и се бореле со повторното појавување на персиското шиитско Сефевидско Царство на истокот.

Османското царство (1481-1683)

Во сараценската сфера на моќ, Османското царство, кое го освоило Константинопол во 1453, и го завзело Египет во 1517 година, основало регенти во Алжир, Тунис и Триполи (помеѓу 1519 и 1551), Мароко останало единствената независна, арабизирана берберска држава под контрола на Саадитската (Шарифската) династија, кој била основана кон крајот на 13 век.

Во Источна Африка, Соломоновата династија дошла на власт во 13 век и тврдело дека потекнува од кралската фамилија на Аксумското царство. Соломонците продолжиле да владеат со оваа област во источна Африка со кратки прекини се до модерната историја. Во 16 век, Шоа и останатиот дел од Абисинија биле освоени од силите на Ахмед Грањ од Адал,и Шоа потпаднала под муслиманска власт; регионот потоа бил под притисок од народот Оромо, кои во првите децении од следиот век успеале да се населат околу Шоа.

Сефевиди[уреди | уреди извор]

Сефевидското Царство било големо, шиитско, персиско царство по исламското освојување на Персија и утврдувањето на исламот, озачувајќи важни точки од историјата на исламот на истокот. Сефевидската династија била основана околу 1501 година. Од нивната база во Ардабил, Сефевидите успеале да ја освојат цела Персија и го наметнале иранскиот идентите во регионот, со што станале првата домашна династија после Сасанидите што успеала да основа обединета иранска држава. Проблем за Сефевидите било моќното Османско царство. Османлиите, сунитска династија, се бореле во неколку кампањи со Сефевидите.

Тоа што го засилило подемот на сефевидската економија било локацијата помеѓу големиот број европски цивилизации на запад и муслиманската средна Азија на исток и север. Патот на свилата, којшто поминувал од северните накај источните земји повторно заживеал во 16 век. Владетелите исто така ја поддржувале директната трговија со Европа, особено со Англија и Холандија на кои им биле потребни персиски килими, свила и текстил. Други извозни добра биле коњи, влакна од кози, бисери и хадем-талка (горчлив бадем што не се јаде), кој се користел како зачин во Индија. Главни увезувани добра биле зачин, текстил (волна од Европа, памук од Гуџарат), метали, кафе и шеќер. И покрај нивната пропаст во 1722 година, Сефевидите го оставиле свој белег се до денешен ден со основањето и ширењето на шиитската верзија на исламот во големи делови од Кавказот и средна Азија.

Узбеци и авгански Паштуни[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Узбеци.

Во 16, па се до раниот 18 век, областите на север биле под контрола на Узбеците, а најоддалечените источни делови биле под власт на локалните Паштуни. Помеѓу 15 и 16 век, различни номадски племиња пристигнале од степите, вклучувајќи ги Кипчаките, Најманите, Канглите, Унгиратите, Мангитите и други и овие племиња биле предводени од Мухамед Шејбани кој бил хан на Узбеците.

Авганските Паштуни потекнуваат од династијата Хотаки.[15] По арапските и туркиските освојувања, паштунските газии (воини за верата) ја нападнале и осволе северна Индија за време на династиите Лоди и Сури. Паштунските сили исто така ќе ја нападнат Персија и ги поразиле противничките сили во битката кај Гулнабад. Паштуните ќе го основаат Дураниското царство.

Супсахарска Африка[уреди | уреди извор]

Сонгајското царство ја презело транс-сахарската трговија во почетокот на новиот век. Го освоило Тимбукту во 1468 и 1473 година, со што се изградил режим на трговски приход и соработката со муслиманските трговци. Царството на крајот го прогласило исламот како официјална религија, градело џамии и довело учени луѓе во Гао.[16]

Околу почетокот на новиот век, Царството Бенин било независна трговска сила во западна Африка, со што ги блокирало другите континентални држави со контролирањето на пристаништата. Бенин, кој имал 100000 жители кога го достигнал својот врв, се проширил на 25 километри квадратни и бил обиколен со три концентрични кругови од земјени насипи. Во доцниот 15 век, дошол до контакт со Португалија. За време на својот врв во 16 и 17 век, Бенин ги контролирал деловите од југоисточен Јорубаленд и западниот Игбо народ.

Индиски царства и Југоисточна Азија[уреди | уреди извор]

Могулско Царство[уреди | уреди извор]

Историска карта на Могулското Царство.

На индискиот потконтинент, династијата Лоди владеела со Делхискиот султанат во неговата последна фаза. Династијата основана од Балул Лоди владеела од 1451 до 1526 година. Последниот владетел од оваа династија Ибрахим Лоди бил поразел и убиен Бабур во првата битка кај Панипат. Виџајанагарското царство се основало на висорамнината Декан, но неговата моќ била смалена од тешкиот пораз во 1565 година од страна на деканските султанати. Царството го добило името по својот главен град Виџајанагара.

Издигнувањето на големото Могулско Царство се смета дека започнало во 1526 година, кон крајот на Средниот век. Могулското Царство било муслиманско-персиска сила[17] која се појавила во 1526 година и владеела со областа под името Хиндустан до доцниот 17 и раниот 18 век. Могулската култура покажала значително уредно владеење, опширен економски просперитет и верска толеранција, а исто така имало големи достугнувања во уметностите како архитектура, минијатурно сликање и литература. Царството доминирало во јужна и југоисточна Азија, со што му било ривал на други царства во историјата по бројот на население и по контролирана територија.

Царствата низ архипелагот[уреди | уреди извор]

Во почетокот на новиот век, Патот на зачинот помеѓу Индија и Кина поминувал низ Царството Маџапахит.[18] Ова било царство низ архипелагот со центар на островот Јава. Царството Маџапахит било последното хиндуистичко царство на Малајскиот архипелаг и важи за едно од најголемите во историјата на Индонезија.[18] Неговото влијание достигнувало до државите на Суматра, Малајскиот полустров, Борнео и источна Индонезија, иако ефективноста на влијанието е предмет на дебата.[19] Царството не можело да ја контролира се поголемата моќ на Султанатот Малака. Султанатот Малака се протегал од муслиманските малајски населби Букит (Фукет), Сетол (Сатун), Пантаи ни (Пантани) и се граничело со Кралството Сиам (Тајланд) на север и Суматра на југозапад. Португалците го нападнале главиот град во 1511 година и во 1528 година Султанатот Џохор бил основан од принц од Малака како негова држава-наследник.

Источноазиски династии и политики[уреди | уреди извор]

Кинески династии[уреди | уреди извор]

Пагодата на храмот Цишоу, изградена во 1576; Кинезите верувале дека градењето пагоди на одредени места според фенг шуи би донело пријатни настани; финансирањето на трговците за такви проекти било потребно кон крајот на владеењето на династијата Минг.

Во историјата на Кина во 16 век, за време на династијата Минг, економијата била стимулирана од трговија со Португалците, Шпанците и Холанѓаните. Кина се вклучила во новата глобална трговија на добра, растенија, животни и земјоделски култури. Трговијата со Европа од тоа време и со Јапонците донела огромни количини на сребро, кое ги заменило бакарните и хартиените банкноти како средство за размена во Кина.

За време на последните децении на династијата Минг приливот на сребро значително се намалил, со што ги смалил државните приходи и целата економија на династијата Минг. Штетата врз економијата се зголемила со претстојното Мало ледено доба што му наштетило на земјоделството, како и природните катастрофи, слабите приноси и ненадејните епидемии. Потоа следувало распад на власта и начинот на живот на луѓето бил причина за бунтовниците како Ли Цичен да го предизвикаат авторитетот на династијата Минг.

Во 1644 година, династијата Минг била заменета од династијата Ќинг која била последната династија која владеела со Кина, од 1644-1912 (со кратко враќање во 1917 година). За време на нивното владеење, династијата Ќинг силно се интегрирала во кинеската култура.

Јапонски шогунати[уреди | уреди извор]

По контактот со Португалците на островот Танегашима во 1543 година, Јапонците присвоиле дел од технологиите и културните практики на нивните посетители, дали тоа било во областа на војувањето (аркебузата, европскиот оклоп , европските бродови), религијата (христијанството), декоративна уметност, јазик (интеграција на јапонскиот јазик на западен вокабулар) и кулинарство: Португалците ги донеле темпурата и пред се вредниот рафиниран шеќер.

Во периодот Азучи-Момојама започнало политичкото обединување кое му претходело на Шогунатот Токугава. Иако за почетен датум често се дава 1573 година, во пошироки рамки, периодот започнува со влегувањето на Ода Нобунага во Кјото во 1568 година, кога тој ја предводел својата војска до царскиот главен град за да го постави Ашикага Јошиаки за 15 и последен шогун на Шогунатот Ашикага и владеел до доаѓањето на власт на Токугава Иејасу по неговата победа во битката над приврзаниците на кланот Тојотоми во битката кај Секигахара во 1600 година.[20]

Едо периодот од 1600 до 1868 година ја карактеризирал Јапонија во раниот нов век. Шогунатот Токугава бил феудален режим кој бил основан во Јапонија од Токугава Иејасу и со него владееле шогуните од фамилијата Токугава. Овој период своето име го добил од главниот град, Едо, кој сега се нарекувал Токио. Шогунатот Токугава владеел од замокот Едо од 1603 до 1868 година, кога бил укинат со Меиџи реставрацијата некаде околу крајот на Едо периодот (често нарекуван доцен Шогунат Токугава).

Корејска династија[уреди | уреди извор]

Во 1392 година, генералот Ји Сонг-гје ја основал династијата Чосон (1392-1910) речиси без крвопролевање. Династијата Чосон доживеала напредок во науката и културата. Кралот Сеџонг Велики (1418-1450) го прогласил хангул, корејското писмо. Во овој период исто така имало различен културен и тахнолошки напредок, како и доминација на неоконфучијанството на целата територија на Кореја.

Во доцниот 16 и раниот 17 век, јапонските и кинеските инвазии речиси го преплавиле Корејскиот Полуостров.

По инвазиите од Манџурија, династијата Чосон имала речиси 200 мир. Сепак, каква и да била моќта на кралството за време на изолацијата уште повеќе ослабнала кон крајот на 18 век и кралството се соочило внатрешна неслога, борби за превласт, меѓународен притисок и домашни бунтови и поради тоа династијата Чосон брзо пропаѓала кон крајот на 19 век.

Верски трендови и филозофија[уреди | уреди извор]

Источни филозофии[уреди | уреди извор]

Што се однесува до развојот на источните филозофии, поголемиот дел од источните филозофии бил во напредна состојба на развој од проучувањата во претходните векови. Во различните филозофии спаѓаат индиската филозофија,[21] кинеската филозофија, иранската филозофија, јапонската филозофија и корејската филозофија.

Муслиманскиот свет[уреди | уреди извор]

Златниот век на исламот го достигнал својот врв во Развиениот среден век и бил ненадејно прекинат со монголските инвазии во 13 век. Повторното основање на три поголеми муслимански царства до 16 век, горенаведените Османско, Сефевидско и Могулско Царство, го овозможил културното оживување на исламот. Сефевидите го основале дванаесетничкиот шиитизам во исламот како официјална религија на Иран, со што Иран добил различен идентитет од своите сунитски соседи.

Протестантската реформација[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Протестантство.

Раниот нов век започнал со Протестантската реформација и распадот на единството во средновековната Западна црква. Теологијата на калвинизмот се смета за клучна за подемот на капитализмот (Протестантската етика и духот на капитализмот).

Против-реформацијата и Исусовците (Језуити)[уреди | уреди извор]

Против-реформацијата или ”Католичката реформација” бил период на католичко оживување како одговор на Протестантската реформација во средината на 16 и средината на 17 век. Против-реформацијата бил разбирлив напор, што вклучувал црковни и структурни реформи како и политичка димензија и духовни движења.

Такви реформи биле започнувањето на семинари за правилна обука на свештениците во духовниот живот и теолошките традиции на Црквата, реформа на верскиот живот со враќањето на заповедите на нивните духовни основи и нови духовни движења кои се фокусирале на посветениот живот и личната поврзаност со Христос, вклучувајќи ги шпанските мистици и Француската школа за духовност. Исто така вклучувала политички активности како Римската инквизиција.

Новите верски редови биле основен дел од овој тренд. Редови како Капучините, Урсулинките, Театинците, Босоногите Кармелити, Варнавитите и Исусовците ги зајакнале руралните парохии, ја подобриле побожноста на народот, помогнале да се победи корупцијата во Црквата и поставиле примери кои ќе бидат силен поттик за католичкото обновување.

Хуманизам[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Хуманизам.

Со почетокот на масовното печатење по 1500 година, италијанските Хуманизам и ренесанса се прошириле на север кон Франција, Германија, Холандија и Англија, каде биле поврзани со Протестантската реформација. Во Франција, еден од поважните хуманисти Гијом Буде (1467-1540) ги искористил филолошките методи на италијанскиот Хуманизам за проучувањето на стари монети и правната историја, со што составил детален коментар за Јустинијановиот Законик. Иако бил кралски апсолутист (а не републиканец како раноиталијанските umanisti), Буде активно учествувал во граѓанскиот живот, служејќи како амбасадор на Франсоа I и помагал во основањето на Колеџот за кралски лектори (подоцна Collège de France). Во меѓувреме, Маргарита од Навара, сестрата на Франсоа I, која и самата била поет, романописец и верски мистик,[22] собрала околу себе и круг на народни поети и писатели, како Клемент Маро, Пјер де Ронсар и Франсоа Рабле, под своја закрила.

Филозофијата од 17 век[уреди | уреди извор]

Европската филозофија од 17 век го означувала напуштањето на средновековната схоластика и често окултистичкиот пристап на ренесансната филозофија. Периодот е означен во Европа големите создавачи на системи – филозофи кои биле преставници на обединетите системи на епистемологијата, метафизиката, логиката и етиката, а често и политиката и физичките науки. Имануел Кант ги класификувал своите претходници во две школи: рационалисти и емпиристи. Тројцата најважни рационалисти секако се Рене Декарт, Барух Спиноза и Готфрид Лајбниц. Во средината на 17 век го имало првиот напредок кон модерната наука, главно теоријата на гравитацијата од Исак Њутн (1643-1727). Њутн, заедно со Барух Спиноза (1632-1677), Џон Лок (1632-1704) и Пјер Бел (1647-1706) бил еден од филозофите кој го поттикнал Просветителството во следниот век.

Ерата на разумот и Научната револуција[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Просветителство.

Големата дивергенција била олицетворена со Просветителството или ”Ерата на разумот”. Просветителството (кое започнува во 1750те) цветало се до 1790-1800, кога нагласувањето на разумот почнало да се заменува Романтизмот и нагласувањето на чувствата како сила против Просветителството.

Центар на Просветителството била Франција, каде било основано во салоните и го достигнало врвот во големата Енциклопедија (1751-72) изменета од Дени Дидро (1713-1784), со придонес од водечките филозофи (интелектуалци) како Волтер (1694-1778) и Монтескје (1689-1755). Француското Просветителство било примено во Германија и негувано од Фридрих II Велики, кралот на Прусија и со тоа зацветала германската филозофија, чиј најважен претставник секако е Имануел Кант. Францускиот и германскиот развој исто така влијаел во шкотската, руската, шпанската и полската филозофија.

Крајот на раниот нов век[уреди | уреди извор]

Во модерната историја, крајот на раниот нов век се паѓа некаде во крајот на 18 век, со почетокот на ерата на револуции, почнувајќи со оние во Северна Америка и Франција. Важните политички промени што се случиле во Европа како последица, како и пресвртот во Наполеонслоте војни, прекројувањето на картата на Европа преку вториот Париски мировен договор, појавата на нови концепти за национализам и реорганизација на воените сили. Крајот на раниот нов век често се поврзува со Индустриската револуција, која започнала во Британија во средината на 18 век.

Дополнително читање[уреди | уреди извор]

Општи концепти
Ренесанса, Раносовремен англиски јазик, Периодизација, Глобализација
Политички сили
Хабсбуршка Шпанија, Холандска Република, Полско-литванска унија, Османско царство

Референци[уреди | уреди извор]

Општи информации Книги

Веб-локации

Footnotes
  1. Edwin Oldfather Reischauer, John King Fairbank, Albert M. Craig (1960) A history of East Asian civilization, Volume 1. East Asia: The Great Tradition, George Allen & Unwin Ltd.
  2. Renaissance, Online Etymology Dictionary
  3. A Greek mathematician, Aristarchus of Samos, had already discussed heliocentric hypotheses as early as the third century BCE. However, there is little evidence that he ever developed his ideas beyond a very basic outline (Dreyer, 1953, pp.135–48; Linton, 2004, p. 39).
  4. The title was derived from his savage behavior against his enemies, and particularly from a war with France in late 1471: frustrated by the refusal of the French to engage in open battle, and angered by French attacks on his unprotected borders in Hainault and Flanders, Charles marched his army back from the Ile-de-France to Burgundian territory, burning over two thousand towns, villages and castles on his way—Taylor, Aline S. Isabel of Burgundy. Lanham, Md: Madison Books, c2001, pp. 212–213
  5. See "Martyrdom of William Tyndale".
  6. 6,0 6,1 Medieval Sourcebook: Inquisition – Introduction
  7. this also includes black magic (Maleficium).
  8. Simon, Edith (1966). Great Ages of Man: The Reformation. Time-Life Books. стр. 120–121. ISBN 0662278208. 
  9. Frank D. McConnell. Storytelling and Mythmaking: Images from Film and Literature. Oxford University Press, 1979. ISBN 0195025725; Quote from page 78: "But Ivan IV, Ivan the Terrible, or as the Russian has it, Ivan Groznyi, "Ivan the Magnificent" or "Ivan the Awesome," is precisely a man who has become a legend"
  10. Solovyov, S. (2001). History of Russia from the Earliest Times. 6. AST. стр. 562–604. ISBN 5170021429. 
  11. Skrynnikov, R. (1981). Ivan the Terrible. Academic Intl Pr. стр. 219. ISBN 0875690394. 
  12. BBC Science & Nature, Leonardo da Vinci (Retrieved on May 12, 2007)
  13. BBC History, Michelangelo (Retrieved on May 12, 2007)
  14. R.R. Palmer, A History of the Modern World 2nd ed. 1961, p. 234.
  15. Afghanistan: History, U.S. Department of State (retrieved 10 October 2006).
  16. Ira M. Lapidus, A History of Islamic Societies, Cambridge 1988
  17. L. Canfield, Robert; Jonathan Haas (2002). Turko-Persia in Historical Perspective. Cambridge University Press. ISBN 0521522919, 9780521522915. ; p. 20;
  18. 18,0 18,1 M.C. Ricklefs, A History of Modern Indonesia Since c. 1300, 2nd ed. Stanford: Stanford University Press, 1991. page 19
  19. Prapantja, Rakawi, trans. by Theodore Gauthier Pigeaud, Java in the 14th Century, A Study in Cultural History: The Negara-Kertagama by Pakawi Parakanca of Majapahit, 1365 AD (The Hague, Martinus Nijhoff, 1962), vol. 4, p. 29. 34; G.J. Resink, Indonesia's History Between the Myths: Essays in Legal History and Historical Theory (The Hague: W. van Hoeve, 1968), p. 21.
  20. Kodansha Encyclopedia of Japan (First edition, 1983), section "Azuchi-Momoyama History (1568-1600)" by George Elison, in the entry for "history of Japan."
  21. Of note in modern Indian philosophy are the philosophers which gave contemporary meaning to traditional philosophy, such as Swami Vivekananda.
  22. She was the author of Miroir de l'ame pecheresse (The Mirror of a Sinful Soul), published after her death, among other devotional poetry. See also "Marguerite de Navarre: Religious Reformist" in Jonathan A. Reid, King's sister--queen of dissent: Marguerite of Navarre (1492-1549) and her evangelical network (Studies in medieval and Reformation traditions, 1573-4188; v. 139). Leiden; Boston: Brill, 2009. (2 v.: (xxii, 795 p.) ISBN 9789004177604 (v. 1), 9789004177611 (v. 2)

Надворешни линкови[уреди | уреди извор]