Прејди на содржината

Карло VII (Свето Римско Царство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карло VII
Цар на Светото Римско Царство
На престол24 јануари 1742 –
20 јануари 1745
Крунисување12 февруари 1742, Франкфурт
ПретходникКарло VI
НаследникФранц I
Крал на Бохемија
На престол19 декември 1741 –
12 мај 1743
Крунисување19 декември 1741, Прага
ПретходникМарија Терезија
НаследникМарија Терезија
Изборен кнез на Баварија
На престол26 февруари 1726 –
20 јануари 1745
ПретходникМаксимилијан II Емануел
НаследникМаксимилијан III Јосиф
Роден(а)6 август 1697(1697-08-06)
Брисел
Починал(а)20 јануари 1745(1745-01-20) (возр. 47)
Минхен
Почивалиште
СопружникМарија Амалија Хабсбург-Австриска
Деца
ДинастијаВителсбаховци
ТаткоМаксимилијан II Емануел
МајкаТереза ​​Кунегунда Собиеска
ВероисповедРимокатоличка црква

Карло VII (германски: Karl VII, роден на 6 август 1697 во Брисел - починал на 20 јануари 1745 во Минхен) — владетел од династијата на Вителсбаховците како цар на Светото Римско Царство (1742-1745), крал на Бохемија (1741-1743) и Изборен кнез на Баварија (1726–1745).

Рани години

[уреди | уреди извор]

Карло VII Албрехт бил син на Максимилијан II Емануел (1662-1726) и неговата втора сопруга принцезата Тереза ​​Кунегунда Собиеска од Полска (1676-1730), ќерка на полскиот крал Јан III Собески. Во 1715 година неговото семејство се вратило од Брисел назад во Минхен[1].

Во 1717 и 1718 година тој учествувал со баварска војска во војна против Османлиите.

На 5 октомври 1722 година се оженил во Виена за војвотката Марија Амалија Хабсбург-Австриска (1701-1756), ќерка на царот Јосиф I и неговата сопруга Вилхелмина Амалија фон Брауншвајг-Линебург. Празнувањата при нивното враќање во Минхен на 17 октомври траеле до 4 ноември 1722 година и истите ги чинеле 4 милиони гилдери.

Тој го изградил од 1734 до 1739 година за сопругата дворецот Амалиенбург во паркот Нимфенбург. На љубовницата Јосифа Топор Моравитцки тој и ја подарил палатата Порција. Тој самоволно си ја додал титулата надвојвода на Австрија.

Во 1736 година Карло VII повторно учествувал со војска од 8.000 луѓе во војна против Османлиите.

Управување

[уреди | уреди извор]

Со договорот од Нимфенбург од 28 мај 1741 година Баварија влегла во Војната за австриското наследство во сојуз со Франција, Шпанија, Савоја и Прусија. На Карло Албрехт му била ветена царската круна. Тој со своите сили напредувал кон Виена. Франција ги поттикнала на баварците да ја нападнат Бохемија, која била многу понезаштитена за разлика од Виена. Баварија ја зазела Прага на 26 ноември 1741 година и на 12 февруари 1742 година Карло бил крунисан за цар на Светото Римско Царство под името Карло VII. Крунисувањето било извршено во црквата „Св. Вартоломеј“ (Bartholomäuskirche) во Франкфурт на Мајна од неговиот брат Клеменс Август Баварски, кој бил архиепископ на Келн.

Во меѓувреме, на 19 декември 1741 година Карло бил крунисан во Прага за крал на Бохемија.

Два дена по неговото крунисување, војниците на Марија Терезија, ќерка и наследничка на Карло VI, навлегле во Минхен. Царот Карло VII морал да се откаже од териториите на Хабсбурговците и ја изгубил и својата земја. Така тој живеел во егзил во Франкфурт. Марија Терезија му ја понудил Ница и Сицилија во замена за царската титула и Баварија, но Англија ставила вето и Баварија останала во рацете на Вителсбаховците.

На 23 ноември 1744 година Карло VII се вратил во Минхен и починал на 20 јануари 1745 година. Причината за неговата смрт била гихт. Тој бил погребан во Театинската црква во Минхен.

Семејство

[уреди | уреди извор]

Карло VII и Марија Амалија Хабсбург-Австриска имале седум деца:

  1. Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 71–75. ISBN 9789543204236.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Карло VII (Свето Римско Царство)
Роден(а): 6 август 1697 Починал(а): 20 јануари 1745
Владејачки титули
Претходник
Максимилијан II Емануел
Изборен кнез на Баварија
26 февруари 1726 – 20 јануари 1745
Наследник
Максимилијан III Јосиф
Претходник
Марија Терезија
Крал на Бохемија
19 декември 1741 – 12 мај 1743
Наследник
Марија Терезија
Претходник
Карло VI
Цар на Светото Римско Царство
Крал на Германија

24 јануари 1742 – 20 јануари 1745
Наследник
Франц I