Фердинанд II (Свето Римско Царство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фердинанд II
Kaiser Ferdinand II. 1614.jpg
Цар на Светото Римско Царство
Крал на Германија
На престол 28 август 1619[1]15 февруари 1637
Крунисување 9 септември 1619, Франкфурт
Претходник Матеја
Наследник Фердинанд III
Надвојвода од Австрија
На престол 20 март 1619 – 15 февруари 1637
Претходник Матеја
Наследник Фердинанд III
Крал на Унгарија и Хрватска
На престол 1 јули 1618 – 15 февруари 1637
Крунисување 1 јули 1618, Братислава
Претходник Матеја
Наследник Фердинанд III
Крал на Бохемија
На престол 5 јуни 1617 – 15 февруари 1637
Крунисување 29 јуни 1617, Прага
Претходник Матеја
Наследник Фердинанд III
Сопружник Марија Ана Баварска
Елеонора Гонзага
Деца
Фердинанд III
Марија Ана Австриска
Сесилија Рената Австриска
Леополд Вилхелм фон Хабсбург
Династија Хабсбуршка династија
Татко Карло II
Мајка Марија Ана Баварска
Роден(а) 9 јули 1578
Грац, Австрија
Починал(а) 15 февруари 1637 (58 години)
Виена, Австрија
Почивалиште Мавзолеј во Грац, Австрија (телото)
Августинска црква, Виена (срцето)
Вероисповед Римокатоличка црква

Фердинанд II (германски: Ferdinand II, роден на 9 јули 1578 во Грац - починал на 15 февруари 1637 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство во периодот од 1620 до 1637 година, крал на Унгарија (1618-1625), крал на Бохемија (1619-1637), крал на Хрватска (1619-1637), надвојвода од Австрија (1590-1637) и надвојвода од Штаерска.

Фердинанд II бил голем приврзаник на католизмот, па неговото признавање како крал на Бохемија довело до започнување на Триесетгодишната војна против протестантите.

Рани години[уреди | уреди извор]

Фердинанд бил роден во грац во 1578 година како син на Карло II и Марија Ана Баварска. Своето образование го завршил во Инголштат. По крајот на школувањето во 1595 година започнал да управува со своите наследни територии кои тогаш биле управувани од страна на неговиот роднина, Максимилијан III. По преземањето на должноста започнал големо протерување на некатоличкото население.

Крал на Бохемија[уреди | уреди извор]

Чешкиот парламент во 1617 година го избрал за крал на Бохемија. Царот Матеја немал машки наследници па Фердинанд побарал подршка од Хабсбуршка Шпанија за да го назначи за негов наследник. За подршката, тој ги понудил Алзас и териториите во Италија.

Неговата верска политика довела до нарушување на верските слободи на оние кои не биле католици. Тој не ги почитувал верските слободи кој ги потпишал Рудолф II , според кој договор била гарантирана слободата на вероисповед во кралството. Новиот цар бил голем застапник на католицизот. Главно поради ова се довело до нарушување на верските слободи и права за оние кои не ја прифаќале католичката вера. Освен тоа, новиот цар бил и голем апсолутист и често пати ги нарушувал секуларните права на своите поданици. Бидејќи помеѓу кралскиот двор имало и такви кои го прифаќале протестантството, новиот крал многу бргу станал непопуларен помеѓу населението, проследено преку избувнување на побуна против него.

Чешките протестанти на 22 мај 1618 година заробиле најпрвин двајца царски службеници и еден писар и при тоа ги исфрлиле преку прозорецот на Прашката палата, без да ги ранат посебно. Овој настан е поснат како Прашка дефенестрација или втора прашка дефенестрација. И покрај тоа што царските службеници не биле тешко повредени, сепак таа акција претставувала повреда на достоинството на Фердинанд. По оваа акција започнала побуна која довела до започнување на Триесегодишната војна.

Цар и Триесетгодишна војна[уреди | уреди извор]

Царот Царот Матеја починал во Виена во март 1619 година, а Фердинанд станал негов наследник според претходниот договор. Горна и Долна Австрија потпишале сојуз со Бохемија на 22 август 1620 година, според кој Фердинанд II формално бил симнат од власт, а на негово место застанал Фридрих V Палатински.

Против протестантското востание, Фердинанд добил подршка од католичкиот сојуз кој ги вклучувал Полска, Шпанија и Баварија. Фердинанд II во битката кај Била Гора, на 8 ноември 1620 година го победил Фридрих V Палатински, кој бил лидер кај протестантите, а по битката побегнал во Холандија. Водачот на католичкиот сојуз, баварскиот војвода Максимилијан I ги конфискувал териториите на Фридрих, додека Фердинанд II повторно станал крал на Бохемија, а протестантското население или било прогонето или му било наложено да ја прифати католичката вера. Чешка со овој чин станала католичка земја, а под власта на Хабсбуршката династија земјата останала во следните 300 години.

Фердинанд добил парична помош од папата и од Хабсбуршка Шпанија, но кога ги потрошил сите пари, сакал да пронајде начин како да создаде своја војска, па одлучил да го постави Албрехт Валенштајн на чело на својата армија со задача да регрутира нови војници и да ја предводи царската војска. Албрехт од своја страна сакал да поседува воен фонд, кој ќе биде единствено негов и сакал слободно да располага со воениот плен и парите кои би ги добивал. Така, воениот плен станал најзначаен начин на финанситање на војската. Албрехт Валенштајн најпрвин регрутирал 30,000 војниви, а подоцна оваа бројка пораснала на 100,000 војници. Царската војска со помош на католичкиот сојуз ги победил протестантите во Шлезија, Саксонија-Анхалт и Данска.

По големите победи, Фердинанд го издал т.н. Реституциски едикт во 1629 година, според кој католичката црква морала да врати голем дел од црковните територии кои биле одземени од протестантите во 1552 година. Овој настан го налутил на шведскиот крал Густав Адолф, кој започнал војна против Фердинанд. Албрехт Валенштајн имал голема моќ во тоа време, голема армија, имот и финансии. Станал многу влијателен па често пати католичките сојузници го советувале императорот да го отргне додека не стане доцна. Ова се случило во 1630 година.

Католичкиот сојуз на чело со Јохан Церклас Тили, не успевал да ги разбие шведските сили, кои нашредувале а самата Бохемија повторно била под протестантска контрола. Кога Тили бил убиен во 1632 година, Фердинанд повторно помош побарал од Албрехт Валенштајн. Тој го прифатил позивот и со голема армија започнал постепено да ги напаѓа позициите на шведските позиции. Густав Адолф знаел дека католиците се припремаат за нова војна. Така таа се одвила на 16 ноември 1632 година во битката кај Лицен. Во таа битка како победници излегле Швеѓаните но царот Густав бил убиен. Без водич, протестантските позиции биле поразени во битката кај Нердлинген. Императорот Фердинанд започнал да се сомнева во Валенштајн, главно поради неговите обиди за соработка со протестантите. Валенштајн бил лут најмногу поради фактот што Фердинанд не сакал да го повлече едиктот кој го издал неколку години претходно. Во 1634 година Валенштајн бил убиен во битка.

Франција во војната застанала на страната на протестантите. Кардиналот Арман Жан ди Плеси де Ришелје бил прв министер на Луј XIII. Тој сметал дека Хабсбуршката династија сѐ уште е премногу опасна за Франција бидејќи во нејзини раце биле голем број на територии меѓу кои и источната граница со Франција и големото влијание кон Холандија. французите не биле задоволни од условите на Прашкиот договор од 1635 година.

Фердинанд II починал во 1367 година, но војната продолжила.

Семејство[уреди | уреди извор]

На 23 април 1600 година во Грац, Фердинанд се оженил со Марија Ана Баварска (1574 - 1616), ќерка на војводата Вилхелм V, и имале седум деца:

  1. Фердинанд III (1608 - 1657)
  2. Марија Ана Австриска (1610 - 1665)
  3. Сесилија Рената Австриска (1637 - 1644).
  4. Леополд Вилхелм фон Хабсбург

На 2 февруари 1622 година во Инсбрук, Фердинанд се оженил со Елеонора Гонзага. Од овој брак не се родиле деца.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Setton, Kenneth Meyer (1991). Venice, Austria, and the Turks in the seventeenth century. American Philosophical Society. стр. 33. ISBN 978-0-87169-192-7. https://books.google.com/books?id=XN51y209fR8C&pg=PA33. конс. 27 август 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Фердинанд II (Свето Римско Царство)
Роден(а): 9 јули 1578 Починал(а): 15 февруари 1637
Владејачки титули
Претходник
Албрехт VII
Надвојвода од Австрија
1619–1623
Наследник
Леополд V
Надвојвода од Австрија
1619–1637
Наследник
Фердинанд III
Претходник
Карло II
Надвојвода од Австрија
1590–1637
Претходник
Матеја
Крал на Германија
Крал на Унгарија и Хрватска

1618–1637
Цар на Светото Римско Царство
1619–1637
Крал на Бохемија
1617–1619
Наследник
Фридрих
Претходник
Фридрих
Крал на Бохемија
1620–1637
Наследник
Фердинанд III