Саксонија-Анхалт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Саксонија-Анхалт
Sachsen-Anhalt
—  Сојузна покраина  —

Знаме

Грб
Координати: 51°58′16″ СГШ 11°28′12″ ИГД / 
Држава Германија
Главен град Магдебург
Управа
 • Премиер Рајнер Хазелоф (CDU)
 • Владејачки партии CDU / SPD
 • Гласови во Бундесратот 4 (од 69)
Површина
 • Вкупно 20.447.7 км2
Население (2012-12-31)[1]
 • Вкупно 2.259.393 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
ISO 3166 DE-ST
БДП € 48 млрд. (2005)
NUTS-регион DEE
Портал sachsen-anhalt.de

Саксонија-Анхалт (на германски Sachsen-Anhalt) е една од шеснаесетте сојузни покраина во Германија. Главен град на покраината е Магдебург и е опколена со германските покраини Долна Саксонија, Бранденбург, Саксонија и Тирингија.

Саксонија-Анхалт покрива површина од 20.447,4 километри квадратни.[2] Има население од 2,34 милиони (повеќе од 2,8 милиони во 1990).[3]

Саксонија-Анхалт не треба да се поврзува со Саксонија или Долна Саксонија, исто така, германски покраини.

Географија[уреди]

Поврзано: Список на места во Саксонија-Анхалт

Саксонија-Анхалт е една од 16-те покраини на Германија. Се наоѓа во западниот дел на источна Германија. По големина е осма најголема покраина во Германија, додека по население е десетта.

На север, во Саксонија-Анхалт доминираат рамнините (Северна германска низина). Во ретко населениот Алтмарк се наоѓаат старите ханзини градови како што се Залцведел, Гарделеген, Штендал или Тангерминде. Транзицијата од регионот Алтмарк во регионот Елба-Берде-Хит со неговата плодност, ретко пошумениот Магдебург Берде се остварува од страна на Колбиц-Лецлинген Хит и Дремлинг во близина на Волфсбург. Познати градови во Магдебург Берде се Халденслебен, Ошерслебен (Боде), Ванцлебен, Шенебек (Елба), Ашерслебен и Магдебург, од кој го добил и името.

На југозападот, се наоѓаат планините Харц, се состојат од националниот парк Харц, подножјето на Харц и Мансфелд Ланд. Највисоката планина во Харц е Брокен, со висина од 1.141 метар, која во исто време е и највисоката висина во Северна Германија. Во оваа област, можат да се најдат следниве градови Халберштат, Вернигероде, Тале, Ајслебен и Кведлинбург.

Лоцирана на реките Зале и Унштрут на југот на покраината, го формира делот на Средна Германија, таму е винската област Зале-Унштрут и градовите Цајц, Наумбург (Зале), Вајсенфелс и Фрајбург (Унштрут).

Метрополитенската област Хале (Зале) формира агломерација со Лајпциг во Саксонија. Оваа област е позната по нејзината високо развиена хемиска индустрија (Chemiedreieck - хемиски триаголник), со главни производствени погони во Лојна, Шкопау (Buna-Werke) и Битерфелд. На крај, на истокот, се наоѓа Десау-Рослау на реката Елба (како и главниот град Магдебург) среде регионот Анхалт-Витенберг.

Административна поделба[уреди]

Главен град на Саксонија-Анхалт е Магдебург. Исто така, е и најголем град во покраината, во трка со Хале.

Саксонија-Анхалт е поделана на 11 рурални окрузи и три урбани окрузи. Моменталната состојба била создадена по двете окружни реформи. Со првата од 1994, 37-те окрузи биле реформирани на нови 21 округ. Последната реформа се случи на 1 јануари 2004, кога 21 округ биле реорганизирани во сегашните 11 окрузи.[4]

Од 1994 до 2003, Саксонија-Анхалт била поделна на 21 рурален округ („Landkreise“). Над овој степен, се наоѓале трите административни окрузи (Regierungsbezirke): Десау, Хале и Магдебург. На 1 јануари 2004 овие три административни окрузи биле укинати.

Карта на Саксонија-Анхалт, која ги покажува моменталните окружни граници.

Рурални окрузи се:

и три урбани окрузи:

Историја[уреди]

Грбот на Саксонија-Анхалт помеѓу 1946 и 1952.

Во април 1945 американската армија го ослободила поголемиот дел од западниот и северниот дел од идната Саксонија-Анхалт. Американски совет за контрола, Германија (скратеница од ОМГУС) го назначил првиот ненацистички функционер на водечко место во областа. Така Ерхард Хибенер, отфрлен од нацистите, бил повторно назначен за саксонски Landeshauptmann (гувернер). До почетокот на јули, американската армија се повлекла, со цел да ѝ се дозволи на црвената армија да ја заземе пруска Саксонија, како дел од советската окупациска зона, како што било договорено со Лондонскиот протокол во 1944.

На 9 јули советската воена администрација во Германија (СВАГ) наредила да се припојат Слободна држава Анхалт, Хале-Мерзебург, гувернат Магдебург (во тогашните граници), Алштет (пред Тирингија) и некои брауншвајшки источни енклави (Калферде и источниот дел од поранешниот округ Бланкенбург[5]) во пруската Провинција Саксонија.[6] Во меѓувреме, првично саксонскиот гувернат Ерфурт станал дел од Тирингија.

За поранешната историја, видете ги соодветните статии на овие ентитети пред 1945. На Анхалт името му потекнува од замокот Анхалт во близина на Харцгероде; потеклото на името на замокот останува непознато.

СВАГ го назначила Хибенер како претседател на провинциската саксонска администрација, новосоздадена функција. Администрација била со седиште во Хале на Зале, со што станал главен град, исто така и на подоцнежната Саксонија-Анхалт, сè до 1952. На 3 септември 1945, новата администрација инспирирана од Советите, донела одлука за масовна експропријација, најмногу погодувајќи ги носителите на голем недвижен имот, најмногу благородниците.

По повод првите, како и единствените избори во Советската зона, дозволувајќи им на партиите навистина да се натпреваруваат за местата во провинцискиот и покраинските парламенти, на 20 октомври 1946, Провинцијата Саксонија била преименувана во Провинција Саксонија-Анхалт (Provinz Sachsen-Anhalt), сметајќи го првичното спојување.[6] На 3 декември 1946, членовите на новиот провинциски парламент го избрале Хибенер како прв министер-претседател на Саксонија-Анхалт со гласовите на ЦДУ и Либерално-демократската партија на Германија (ЛДПД). Така, станал единствениот гувернер во Советската зона, кој не бил член на комунистичката партија за социјалистичкото единство на Германија (СЕД). Тој бил невообичаен гувернер за советските власти.

По официјалната сојузничка одлука за распуштање на слободната држава Прусија, која останала во агонија по прускиот удар во 1932, нејзините поранешни провинции, кои сè уште постоело, добиле државност, така што провинциите се здружиле во Држава Саксонија-Анхалт на 6 октомври 1947.[6] Станала дел од Германската демократска република (Источна Германија) во 1949. Од 1952 до 1990 источногерманските покраини биле распуштени и територијата на Саксонија-Анхалт била поделена во два источногермански окрузи Хале и Магдебург. Во 1990, поради германското реобединување, окрузите бил повторно припоени како покраина.

Политика[уреди]

Список на министри-претседатели на Саксонија-Анхалт[уреди]

Покраински избори на 20 март 2011[уреди]

Поврзано: Покраински избори во Саксонија-Анхалт, 2011

Поранешниот министер-претседател Волфганг Бемер (ЦДУ) не учествуваше на изборите.

Ова се службените изборни резултати (второ гласање):[7]

Партија Освоени гласови Процент во гласовите Вкупно места Процент од местата
Христијанско-демократска унија (ЦДУ) 322.897 32,5% 41 39,0
Лева Партија (Die LINKE(ПДС/ВАСГ)) 234.917 23,7% 29 27,6
Социјалдемократска партија (СПД) 213.586 21,5% 26 24,8
Сојуз '90/Зелени 70.906 7,1% 9 8,6
Национално демократска партија на Германија (НПД) 45.697 4,6% 0 0,0%
Слободна демократска партија (ФДП) 38.172 3,8% 0 0,0%
Сите други 67.000 6,8% 0 0,0%
Вкупно 993.175 100,0% 105 100,0%


Економија[уреди]

Развој на економијата[уреди]

По германско реобединување во 1990, распадот на неконкурентните поранешни индустрии, предизвикале големи економски и социјални проблеми. Во 2000, Саксонија-Анхалт ја имала највисоката стапка на невработеност од сите германски покраини, со 20,2 проценти.[8]

Меѓутоа, процесот на економска трансформација изгледа е завршен. Масовните инвестиции во модерната инфраструктура, кои се направиле од 1990 ги направиле и постоечките и новоотворените бизниси, високо конкурентни. На пример, индустрија го зголемила за двапати своето учество во меѓународните приходи од 13 проценти во 1995, на 26 во 2008.[9] Во меѓувреме, стапката на невработеност поднала на задоволителни 11,3 проценти (до јуни 2011).[10]

Како дел од оваа обнова била да се добијат добри резултати за германската економија, па така Саксонија-Анхалт не само што го следи националниот тренд, туку и има подобри резултати од некои други германски покраини. На пример, таа е пред 3 други германски покраини по стапката на невработеност (до јуни 2011): германскиот главен град и градот-покраина Берлин (13,3 проценти), Мекленбург-Западна Померанија (11,9 проценти) и градот-покраина Бремен (11,6 проценти).[11]

Структура на економијата[уреди]

  • Покраината е место на бројни фарми на ветерници, произведувајќи електрична енергија од ветер.

Религија[уреди]

Во 2010, мнозинството граѓани на Саксонија-Анхалт не биле религиски определени и повеќе луѓе ги напуштале црквите отколку што влегувале во нив.[12]

Химна[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Население по општини на 31.12.2012“ (на германски). „Статистичка служба на Саксонија-Анхалт“. јануари 2014. http://164.133.154.247/download/stat_berichte/6A102_hj_2012_02.pdf. 
  2. http://www.stala.sachsen-anhalt.de/gk/fms/fms111.htm
  3. Страница за статистиките на населението на Саксонија-Анхалт (германски)
  4. Закон за окружната реформа 11 ноември 2005 (германски)
  5. Подоцна, меѓутоа, округот првично не бил сметан како дел од Советската зона, но бил предаден безусловно од Британците на 22 јули.
  6. 6,0 6,1 6,2 "1945–1949", на: Gedenkkultur Dessau-Roßlau. Retrieved on 16 август 2011.
  7. Официјални резултати од изборите 2011
  8. Статистички уред на покраината Саксонија-Анхалт (2010). [1]
  9. Комора за трговија и индустрија на Хале-Десау (2010), стр. 14. [2]
  10. Комора за трговија и индустрија на Берлин (2011), стр. 2. [3]
  11. Комора за трговија и индустрија на Берлин (2011), стр. 2. [4]
  12. http://www.sachsen-anhalt-wahl.de/das-land-sachsen-anhalt/religion-in-sachsen-anhalt.htm#more-15
  13. http://www.sachsen-anhalt-wahl.de/das-land-sachsen-anhalt/religion-in-sachsen-anhalt.htm#more-15
  14. EKD http://www.ekd.de/download/kirchenmitglieder_2007.pdf
  15. chiesa cattolica http://www.dbk.de/imperia/md/content/kirchlichestatistik/bev-kath-l__nd-2008.pdf
  16. http://www.sachsen-anhalt-wahl.de/das-land-sachsen-anhalt/religion-in-sachsen-anhalt.htm#more-15


Германското знаме Сојузни покраини во Германија Германскиот грб

Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн