Десау-Рослау
| Десау-Рослау | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија-Анхалт |
| Округ | Урбан округ |
| Градоначалник | Клеменс Кошиг |
| Основни податоци | |
| Површина | 245 км2 |
| Надм. височина | 61 м |
| Население | 79.655 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 325 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | DE |
| Пошт. бр. | 06811-06849 06861 06862 |
| Повик. бр. | 0340 (Десау) 034901(Рослау) |
| Портал | www.dessau.de |
| Координати | 51°50′N 12°15′E / 51.833°N 12.250°E |
Десау-Рослау — независен град (kreisfreie Stadt) и урбан округ во германската покраина Саксонија-Анхалт. Се наоѓа на вливот на реките Елба и Мулде. Градот бил основан со спојување на независниот град Десау со градот Рослау во рамките на реформата на окрузите во Саксонија-Анхалт на 1 јули 2007. Десау-Рослау е третиот најголем град во Саксонија-Анхалт по население, по Магдебург и Хале.
Десау
[уреди | уреди извор]Десау е најголемото населено место во рамките на Десау-Рослау, со приближно 77.000 жители (2006). Поголемиот дел од градот се наоѓа на левиот брег на реката Мулде, јужно од нејзиниот влив со Елба. Десау бил првпат споменат во 1213 година и станал главен град на малата држава Анхалт-Десау во 14-от век. Помеѓу 1863 и 1918 година, бил главен град на Анхалт. Од втората половина на 19-от век Десау е индустриски град. Со познатата уметничка и архитектонска школа Баухаус, која се наоѓа во Десау помеѓу 1925 и 1932 година, и со градинарското кралство Десау-Верлиц, градот е присутен на две УНЕСКО листи на светско културно и природно наследство.
Рослау
[уреди | уреди извор]Рослау има околу 13.000 жители (2006). Се наоѓа на десниот брег на реката Елба, во близина на вливањето со реката Мулде, околу 7 километри северно од центарот на Десау. Рослау бил првпат споменат во 1215 година. Пред ова бил споен со Десау, како дел од округот Анхалт-Цербст.
Политика
[уреди | уреди извор]Местата во градскиот совет (Stadtrat) од изборите во 2007 се:
- Демохристијански сојуз (ДХС): 13
- Левица: 10
- Социјалдемократска партија на Германија (СПД): 8
- Про Десау-Рослау (независна): 5
- Слободна демократска партија (СлДП): 4
- Граѓанска листа (независна): 3
- Нов Форум: 3
- Сојуз 90/Зелени: 2
- Слободни гласачи: 1
- Германски народен сојуз (DVU): 1
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Десау-Рослау е збратимен со:
Аржантеј, Франција, од 1959
Клагенфурт, Австрија, од 1971
Лудвигсхафен, Германија, од 1988
Ибенбирен, Германија, од 1990
Гливице, Полска, од 1992
Неменчин, Литванија, од 1995
Руднице на Лаба, Чешка, од 2004
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Десау-Рослау“ на Ризницата ? |
- Службена страница Архивирано на 6 јуни 2009 г.
| Оваа статија за Саксонија-Анхалт статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||
| ||||||||||||||
|
