Битерфелд (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битерфелд
Округ
Saxony anhalt btf.png
Земја  Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Укинат 2007-07-01
Адм. цент. Битерфелд
Површина
 • Вкупна 505 км2
Население (2001)
 • Вкупно 109,300
 • Густина 220/km2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. таб. BTF
Мреж. место landkreis-bitterfeld.mda.de

Битерфелд бил округ во Саксонија-Анхалт, Германија. Се граничел со (од север надесно) градот Десау, округот Витенберг, Делич (Саксонија) и окрузите Залкрајс и Кетен.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот бил мочуришно и ненаселена област во раниот среден век. Во 12-от век фламанските доселеници помогнале да се исушат мочуриштата. Во тоа време, Битерфелд бил познат како „фламански град“ во областа. Денешниот округ е скоро ист со старото грофство Брена, кое владеело со областа од 10-от до 13-от век. Подоцна областа станала дел од Саксонија.

Кога Прусија ги добила северните делови на Саксонија (вклучувајќи ја и земјата околу Битерфелд), округот Битерфелд бил основан. По распуштањето на Анхалт некои места на северот биле додадени кон округот.

Владата на Источна Германија се обидела да основа социјалистички индустриски центар во Битерфелд. Градот Битерфелд и целиот округ се озогласени по лошиот и загаден воздух, загадените реки и уништената околина. По германското реобединување се спровеле мерки за промена на овие услови. Денес, индустриските капацитети работат со современи филтри, а регулацијата на отпадните води ги подобрија условите на водата.

Географија[уреди | уреди извор]

Реката Мулде поминува низ округот од југ кон север.

Грб[уреди | уреди извор]

грб Грбот прикажува:
  • горе лево и долу десно: грбот на средновековното грофство Брена
  • горе десно: хералдичкиот лав на Саксонија
  • долу лево: грбот на грофството Ландсберг

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Заедница на општини Слободни општини
  1. Цербих
  1. Битерфелд (вкл. ги градовите Битерфелд и Брена)
  2. Мулдештаузе-Шмерцбах
  3. Рагун (вкл. ги градовите Јесниц и Рагун)
  4. Волфен (вкл. го градот Волфен)
  1. Зандерсдорф

Надворешни врски[уреди | уреди извор]