Витенберг (округ)
Витенберг Landkreis Wittenberg | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Саксонија-Анхалт | ||
Седиште | Витенберг | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1,929,89 км2 (745,13 ми2) | ||
Население (31 декември 2020)[1] | |||
• Вкупно | 124.185 | ||
• Густина | 64/км2 (170/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | WB, GHC, JE | ||
Мреж. место | landkreis-wittenberg.de |
Витенберг (германски: Wittenberg) — округ во источниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од запад надесно) Анхалт-Битерфелд, слободниот округ Десау-Рослау, окрузите Потсдам-Мителмарк, Телтов-Флеминг и Елба-Елстер во Бранденбург и округот Северна Саксонија во Саксонија.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1994, округот бил создаден со спојување на округот Јесен и мал дел од округот Грефенхајнихен. Во 2007, 27 општини од поранешниот округ Анхалт-Цербст биле додадени на округот Витенберг.
Географија
[уреди | уреди извор]Главните реки во округот се Елба и нејзината притока, Шварце Елстер.
Грб
[уреди | уреди извор]Грбот прикажува два меча, кои се симбол на фелдмаршалот во Светото Римско Царство. Оваа титула била подарен на грофовите од Саксонија, кои потоа го додале симболот на нивниот грб. Центарот на кнежевството Саксонија се наоѓал во сегашната област на округот.
Градови и општини
[уреди | уреди извор]Округот Витенберг се состои од следниве градови:
- Анабург
- Бад Шмидеберг
- Косвиг
- Грефенхајнихен
- Јесен (Елстер)
- Кемберг
- Ораниенбаум-Верлиц
- Витенберг
- Цана-Елстер
По резолуцијата на 6 октомври 2005, како дел од општинската реформа, тогашните 27 градови и општини на поранешната заедница на општини Косвиг и Верлицер Винкел, порано во округот Анхалт-Цербст, биле додадени на округот Витенберг на 1 јули 2007.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Витенберг (округ)“ на Ризницата ? |
- Службена страница (германски)
|
51°48′N 12°41′E / 51.800° СГШ; 12.683° ИГД
|